Никнува највисоката кула (облакодер) на светот. Еве како ќе изгледа (Фото)

0
254

ДУБАИ – Во дубаи наскоро би требало да започне изградбата на кулата која ќе биде повисока од Бурџ Калифа, моментално највисока зграда на светот. Изградбата на кулата-зграда ќе кошта околу една милијарда долари, а таа ќе биде “малку повисока“ од Бурџ Калифа, најавил претседателот на управниот одбор на градежната компанија “Емар“ Мохаммед Алабар, представувајќи им ги во Дубаи деталите од овој проект.

Конечната висина на зградата ќе биде објавена по завршување на изградбата, изјавил Алабар, додавајќи дека неговата компанија сака ова зграда (кула) да му ја подари на градот пред 2020 година, кога Дубаи ќе биде домаќин на светската изложба “World Expo”,пренесе агенцијата АФП. Кулата која ја дизајнирал шпанско-швајцарски архитект Сантијаго Калатрава Валс, кулата ќе има повеќе издадени простори за убави глетки, како и 18 до 20 катови на кои ќе се наоѓаат помеѓу останатите, ресторани и хотели.

Таа ќе биде тесна и ќе потсетува на минаре, на земјата ќе биде “прицврстен со помош на силни кабли, соопштила компанијата “Емар“. Облакодерот Бурџ Калифа висок е 828 метра,а неговата изградба чинела 1,5 милијарди  долари. Отворен е во јануаро 2010 година. Дубаи е познат по изградбата на десетина футуристички облакодери,  значително го изменија изгледот на овој град. Саудиската компанија “Kingdom Holding”  истовремено планира во Џедда да изгради зграда која ќе ја надмине Бурџ Калифа,а ќе биде висока повеќе од еден километар.

Колкава ќе биде новата зграда(кула) на Дубаи засега останува тајна, меѓутоа како и секогаш, Дубаи знае да изненади, па така од тука се претпоставува дека истата ќе ја надмине и новата градба во Саудиска Арабија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here