Француските пратеници дадода зелено светло на предлог законот со кој се дозволува на властите да казнуваат клиенти на проститутките.

проститутки

Според предлог законот кој Парламентот на Франција го усвои на предлог на Владата на 6.декември 2015 година, за користење на услугите на проститутките предвидени се парични казни до 3.750 евра.

Пратеничка на социјалистите и феминистката Мод Оливије смета дека усвојувањето на овој закон, како пренесува агенцијата Франс Пресс, претставува дел од мерките за борба против проституцијата.

– Тој закон е од суштинско значење за раскинување на идејата дека нормалное да се купува нечие тело. Ќе успееме да го смениме менталитетот, ама потребни се нови напори за да се подогне свеста и да се обучат припадниците на полицијата и судиите -изјавила Оливије.

Во текот на завршната расправа за предлог законот, шеесет проститутки организирале протест пред зградата на Парламентот, поралувајќи дека законот ќе влијае на животите на најмалку 30.000 проститутки во Франција.

На транспарентите пишувало: “ Немој да ме ослободуваш, сама ќе се погрижам за себе! и “ Работата во сексот е работа!“.

Предлог законот датира уште од декември 2013 година, а настанал по примерот на шведскиот закон кој на сила е од 1999 година и кој предвидува казнување на таканаречените купувања на сексуални услуги. Тој е донесен за да се избегне криниминализирањето на жртвите од трговијата со луѓе.

Сличен закон  усвоија и Норвешка, Исланд и Северна Ирска, а Европскиот парламент ја усвои резолуцијата со која се повикува таквите закони да се донесат на целиот поширок континент.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here