FOTO: ( Wikipedia)

Првават позната ’зоолошка човечка градина’ во Европа отворен е во Ватикан во 16-век. Кардиналот Hippolytus Medici составил колекција на луѓе меѓу кои имало Турци, Индијци,Маори и сл. Тој напишал дека тое е прв кој во Европа на едно местособрал дваесетина јазици. Иао од наша персепктива може да се најде оправданост на овој проект во смисла запознавање на другите култури и луѓе, чисто се сомневаме дека на “експонатите“ им подготвувале чај, ставале чиста постелнина, прашувале како им се дома или пак играле шах.

На средината на 19.век сите поголеми центри во Европа имале вакви исложби. На нив главно биле презентирани црнци, потоа албино, луѓе со низок раст, луѓе со разни синдроми и сл. Генералното движење на запознавање со егзотичните земји во Европа и денес низ учебниците и општата култура се претставува како “ширење на видикот на европскиот народ спрема останатите насоки на копмасот’. Сепак колонијалната експлоатација на ресурсите и луѓето ( луѓето, особено во Африка биле сметани за ресурси), робовладетелски однос сорема нив и нивната земја или животот на луѓето во ’етнолошките паркови’ кои тука биле доведени без своја воља по правило не се споменува.


FOTO: (globalcir)

Последната ’зоолошка човечка градина’ оснивана е во Брисел и таа постоела до 1958 година.

Во Брисел во периодот после Втората светска војна постоела ’човечка зоолошка градина’ место на кое “цивилизираните“ Европјани држеле црни деца заградени со високи огради, каде ги носеле своите деца да ја видат таа ’ниска раст’ на тие луѓе.

Праксата на човечките зоо градини особено била изразена на преминот од 18 и 20 век, кога поробувањето и расизмот биле најмногу изразени токму во државите кои себе се сметаат напредни демократски, и кои својата “демократија“ се обидуваат да ја наметнат врз послабите од себе, не двоумејќи и за таа потреба да наметнат и сила.

Одземени (киднапирани) од своите домови стотици новородени дечиња со потекло од Африка, за потребите на белците биле поставувани како “експонати“.

“Често биле изложени во копија на село кое било изградено во рамките на зоолошката градина и биле принудени да учествуваат во представите на бина, и сето тоа како би се забавувала публиката“ – пишува германскиот портал Spiegel Online. Порталот понатаму наведува дека многу “експонати“ умреле откако биле изложени на болести кои биле странски(непознати) за нивните организми.

Германецот Karl Hagenbek бил меѓу најпознатите “ловци“ на “експонати“ за човечки зоо градини. То заминувал на експедиции по странските земји, од каде доведувал луѓе и животни за својата “европска колекција“. Во своите мемоари тој зборувал за своите “подвизи“ со нескриена гордост: “Ми беше голема чест да се биде првиот човек во цивилизираниот свет им претставувал други раси“.

Зоолошката градина во Хамбург и денес го носи нејзиното име, а на официјалните страни на зоолочката градина, која е во соптвеност на неговите потомци, горделиво стои дека Karl Hagenbek во 1875 година формирал-создал големи човечки зоо градини.

На лондонскиот стадион Wembley,, на пример, на Кралската изложба во 1925 година, милиони луѓе ги посматрале и зачудувале врз домородците доведени од британските колонии. Во Folies Bergère во Париз луѓето често плаќале за да ги видат Зулу воините, отколку танчерките. И денешната Зоолошка и забавна градина во Париз некогаш во своите делови имале имитација на села кои служеле з аисмејување – просториите биле населувани со Мароканци, Индијци, или Кинези, кои седеле во карактеристични костими и од време на време правеле нешто што се сметало како карактеристично за тој народ. Наместо: “Тато, тато, можеме ли да одиме во зоолоѓка градина да видеме пеликани“, тогаш можело да се слушне: “Тато, тато, можеме ли да одиме и да видеме Хотентоте?’

До паѓањето за интересирање за човечките зоолошки градини дошло во 1930 година, се разбира не заради морални пречки,туку заради тоа што масите пронашле далеку поинтересна забава, а тоа било киното. Последната завеса спуштена е во не толку далечната 1958 година во Брисел кога и официјално беше затворена последната човечка соолошка градина.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here