КОЛУМНА: КЛУЧ НА УСПЕХОТ Е СРЕЌАТА Al Maktoum : Не смееме да заборавиме дека коренот на Арапската пролет , беше токму во незадоволството на младите

0
211

Пишува: Mohammed bin Rashid Al Maktoum, dubai-portal.com.mk

Во текот на изминатите две недели слушнав и прочитав многу прашања, коментари и вести во врска со неодамнешните промени во владата на Обединетите Арапски Емирати. Изгледа дека сите сакаат да дознаат заради што оснивавме Министерство за среќа, толеранција и иднина, и заради што избравме 22 годишна министерка да застане на чело на истото ?

Тие промени резултат се на она на што бевме сведоци во нашиот регион во изминатите пет години. Свативме дека самите себе си, си правиме зло со тоа што на апсирациите на малдите луѓе, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупното население на арапските земји, не одговараме на вистински начин. Без енергија и оптимизмот на младите луѓе, општествата не можат да се развиваат и растат; напротив, тие се осудени на пропаст.

Не смееме да зборавиме дека коренот на Арапската пролет токму беше во незадоволството  на младите кои немаа доволно можност да ги остварат своите сни и амбиции.

Ние сме горди на напата младина. Ние вложуваме во нив и ги охрабруваме, бидејќи тие се нашата иднина. Веруваме дека тие се поефикасни од нас во стекнувањето и совладувањето на новите знаења бидејќи израснаа со алати и технологии која нам, на нивните години ни недостигаше. Ние веруваме дека тие нашата земја ќе ја доведат на повисоки нивоа на раст и развој и тоа е причина зради која одбравме министерка на нивни години и креиравме собрание на млади. Од стотиците случаеви на смрт и милиони бегалцу во нашиот регион, научивме дека секташката, идеолошката, културолошката или религиската нетрпеливост само додава малсо на огнот. Заради тоа поставивме државна министерка за толеранција. Веруваме дека легалните регулации службено ќе ја дефинираат толеранцијата која нашето општество веќе ја искажува и дека нашата политика и иницијатива ќе даде неприкосновен пример на соседните држави.

Арапскиот свет некогаш бепе лидер од Багдад, преку Дамаск до Андалузија и понатаму, донесувајќи наука, знаење и цивилизација заедно со хумани вредности во темелите на нашите односи со сите цивилизации, култури и религии, и тоа токму заради својата толеранција и прифаќање на другите.

 Толеранцијта не е било каква фраза, туку еден квалитет кој мора да се одгледува и практикува. Таа мора мора дблабоко да се в`ткае во нит-та на нашето општество за да ја сочува нашата иднина и напредокот кој го постигнавме. Блискиот исток нема да доживее светла иднина нез интелектуалната реконструкција која одново ќе ги гради вредностите на идеолошката отвореност, разноликост и прифаќање на различни ставови, како интелектуачни, така и верски и културолошки

Со секоја поука од минатотот доаѓа и одлуката која ќе ја обликува нашата иднина. Меѓутоа , мора да учиме и во гледањето во иднината, не само во минатото и сегашноста. Едноставно време дојде врема да анализираме каков ќе биде животот во постнафтената економија. Зради тоа вложивме големи износи- повеќе од 300 милијарди дирхеми – во подготовките за разноликата економија која новите генерации ќе ги направи независни од нестабилниот нафтен пазар.

Со овој коментар сакам да испратам јасна порака на сите во нашиот регион дека промената е во нашете раце. На нашиот регион не му треба сила од надвор; нам ние потребна сила од внатре која ќе ја надмине омразата и нетолеранцијата која одзеде толку животи во соседните држави. Исто така со овој коментар  сакам да испратам порака до владите во нашиот регион да ги преиспитаат своите улоги. Улогата на една влада е да го гради опкружувањето во кое луѓето можат да ги остварат своите сни и амбиции, а не опкружување во кое тие влади ги контролираат. Целта е луѓето да се зајакнат, а не со нив да се манипулира. Кратко и јасно, владата треба да обезбеди опкружување во кое луѓето ќе ја креираат и уживаат во својата среќа.

Обединетите Нации повикуваат на промена на критериумите кои се користа за мерење на државниот успех -наместо економски индикатори да се користат мерила на човечка среќа и добросостојба. Фокусирањето кон среќата сосема е изводливо и оправдано. Среќата може да се измери и тоа сега е тема на многу програми и истражувања. Истраживањата покажаа дека среќните луѓе произведуваат повеќе, живеат подолго и покренуваат поголем економски развој во своите заедници и земји. Среќата на поединецот, семејството и вработениот, нивното задоволство од животот и оптимизмот крицијални се за нашата работа. Заради тоа неопходно е да постои министер, односно министерка која ќе ги предводи и следи власдините институции и приватниот сектор. Ова не е празно ветување. Ние ќе се трудиме да креираме општество во кое среќата ќе биде главно мерило на успехот. Се надеваме дека нашата формула може да биде од помош и на соседните држави, а таа формула е едноставна: национален развој засниваван на темелните вредности, раководен од млади луѓе и насочени на иднината во која сите можат да ја доживеат среќата

/Авторот на текстот е потпретседател, владетел на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here