
Многумина слушнале за него, а повеќето го заобиколувале со широк агол. Не е можно да се посети по пат на Гугл, а оние кои биле таму се вратиле изменети. Освен психолошките последици заради содржината на која наишле, ако особата не е внимателна може да заврши и под радарот на полицијата. Станува збор за место каде се судира исконската природа на човекот, најголемото добро и чистото зло. Детска порнографија, мачење на животни, експерименти над луѓето, дрога, продажба на органи, нарачување на убиства, snuff филмови ( гаде артистото ќе биде убиен во стварност), слики на тероризам, слобода на говор, приватност, истражувачко новинарство, човекови права, активизам, политички дисиденти, нецензурирани информации итд. Сето тоа се теми и содржини кои длабоко се наоѓаат, во скриените длабочини на интернетот.
Кога во 2004 година беше лансиран за јавноста никој не можел да верува дека тој толку далеку ќе ги дотурка границите на човечката природа. Заради експлозијата накриминалните активности, од кои многуте ги преминуваат границите на здравиот разум, трајните служби, Интерпол и полицијата започнаа интензивно да го чешлаат, затварајќи ги страниците и фаќајќи ги криминалците кои заради анонимноста тешко е да им се влезе во трага.
Ова е приказна за Darknet-от мрачната свет на интернетот кој заради анонимноста ја ослободи човековата природа во сите свои области. Заради вознемирувачката содржина, го скрена вниманието на темите кои маинстреам медиумите често ги заобиколуваат разбивајќи ја илузијата за светот во кој живееме.
Кој е тој скриен дел од интернетот, таа паралелна реалност на која не е можно да и се пристапи по пат на Гугл (Google).
Интернетот може да се подели на три дела: веб, длабок веб и мрачен веб.
На површинскиот веб се наоѓа она содржина која со леснотија може да се пронајде со конвенционалните пребарувачи слични како Google или Yahoo.
Од друга страна, длабокиот веб претставува оној дел од интернетот кој повеќето пребарувачи не го регистрираат и до тие информации е тешко да се дојде. Поимот го измислил Michael Bergmann кој длабоката веб (мрежа) ја споредил со риболовот на начин како кога поголема количина на информации се наоѓаат во длабока вода и заради тоа остануваат нефатени во мрежата. Имено, се проценува дека отприлика 3% од податоците се наоѓаат на површинскиот веб додека преостанатите 97% се наоѓаат во длабокиот веб. Со други зборови, често се добива впечаток дека интернетот, односно површинскиот веб е голем, сепак длабокиот е поголем за 500 пати повеќе.
На длабокиот веб се наоѓаат податоци до кои е многу тешко да се пристапи од повеќе причини. Може да се случи да станува збор за информации до кои пристапот е можен само по пат на интерни пребарувачи на одредена веб страна или податоци кои се заштитени со лозинка слично како кај банкарските податоци.
Иако тешко можат да се пронајдат, информациите на длабокиот веб често се од голема вредност. Станува збор за милиони страници поврзани за теми од сите можни подрачја: финансиски извештаи,медицински податоци, содржини од политички конференции, факултетски извештаи итд.
Мрачен веб
Како што водата станува се потемна што повеќе се оди подлабоко, така и длабокиот веб станува се потемен што повеќе се истражува.
Мрачниот веб или darknet е оној дел од длабокиот веб ( значи не станува збор за одвоен дел) чија содржина намерно е сокриена од очите на јавноста и не е можно да му се пристапи по пат на конвебционалните пребарувачи. Додека преку Google е можно да се прегледуваат банкарските податоци или заштитени форуми ако имате лозинка, на содржината на мрачниот веб не е можно да му се пристапи преку Google. На копнјутерот потребно е да се инсталира пребарувач за длабок веб. Еден од тие пребарувачи е Тор кој овозможува анонимност на сите кои сурфаат во мрачниот веб.
Тор претставува софтвер кој го развил американската воена морнарица како би овозможила една безбедна и заштитена комуникација помеѓу владините органи. Во 2004 година софтверот станува достапен за јавноста и заради својствата на анонимноста и заштитата на приватноста станува користен од сите оние кои сакале да останат сокриени од очите нан јавноста. Анонимноста е загарантирана на сите страни: оние кои објавуваат податоци, на оние кои читаат и оние кои со нив посредуваат.
Тор е акроним кој стои зад “The Onion Router” и од тука повеќето страници на даркнетот завршуваат на ’onion’ наместо на ‘.com’, ‘.eu’, ‘.mk” и слично. Онион, кој на англиски значи кромид, служи како метафора. Имено, токму како што кромидот се дели на слоеви, така и мрачниот интернет има повеќе слоеви што подлабоко се оди, на тој начин гарантирајќи ја анонимноста на корисникот. Моментално на даркнетот се наоѓаат околу 200.000 до 400.000 страници и пристапот до нив прилично е спор од причини што секој пат кога се бара информација таа мора да помине низ целата мрежа на Тор како би се овозможила анонимност.
Трите веб-а, површинскиот, длабокиот и мрачниот можат да се опишат како санта мраз со тоа што само еден мал дел од податоците се наоѓа над површината додека остатокот се сокрива длабоко во длабочините.

Заштитата на приватноста и пристапот на скриените содржини створило плодно подрачје за криминал од секаков вид, од продажба на органи, трговија со луѓе, и детска порнографија па се до фалсификување на документи, егзотични животни и нарачување на убиства. Овие активности привлекле внимание на полицијата и агенциите од целиот свет и се дошло до голем апсурд; ФБИ се нашол против криминалците кои користат напреден софтвер за анонимност направен токму од страна на американската влада.
Иако привлекува најголемо внимание, не се само криминалците најчесто перверзни и со пореметени активности на даркнетот. На основа едно исражување од факултете во Луксембург, освен криминалните, многу активни се и содржоните на страници поврзани со човековите права, информаии цензурирани во одредени земји (како во Кина), текстови на истражувачки новинари, активизам на политички дисиденти. Сите тие актери присутни се на даркнетот користејќи ја анонимноста и приватноста која тој ја нуди.
Колку за пример, анонимноста исто така е овозможена со тоа што едно од главните средства за размена токму Биткоинот, дигитална валута на која ие многу тешко да и се влезе во траг. И додека вредноста на крипртовалутата е многу нестабилна, заради своите карактеристики представува едно од најбезбедните средства за тргување во криминалните активности.
Значи, спротивно од раширеното мислење, даркнетот не е илегален туку таму се наоѓаат многу содржини кои сё (илегални). И додека Тор, кој исто така е легален софтвер кој овозможува голем степен на анонимност, доколку особата не е внимателна, може да остави трага и да дојде под радар на полицијата.
Приведување и криминални активности.
Кражба на идентитет.
Даркнетот го привлече многи внимание во кули 2015 година кога Ешли Мдисон, канадска онлајн страница за љубавни измами, дошла на удар на хакери кои барале нејзино затварање. Бидејќи раководството на компанијата не се сложило, хакерите започнале да објавуваат над илјадници податоци на корисници токму на даркнеото. Меѓутоа тоа било само врв од сантата мраз на криминалните активности.
Кражбата на идентите и фалсификување на документи (лажни и украдени) како и кредитни картички сё повеќе е присутно на даркнетот па така за неколку илјади долари може да се набави американски пасош и државјанство. Во некои случаеви станува збор и за измами на самите купувачи на даркнетот.
Оружје
На мрачниот интернет можно е да се набави цел арсенал на одружје, од Калашњиков до Ц4 како и упатства за изработка на бомби и други експлозиви. Исто така можно е да се најдат фотографии на одредени терористички групи.
Дрога
Меѓу најпознатите илегалби страници на даркнетот била Silk Road, онлајн платформа за препродавање на дрога и оружје која била создадена во 2011 година со годишен промет од 40 милиони долари. Две години подоцна, 2013 ФБИ го приведил на Ross Ulbricht, оснивачот на ова страница, кој бил осуден на доживотен затвор заради перење на пари, хакерство, трговија со дрога. Трговијата на Silk Road се одвивала и во вмешаноста во нарачувањето на шест убиства особи токму преку веб страницата иако тоа никогаш не е докажано.Трговијата на Silk Road се одвивала преку Биткоинот и од тука ФБ запленл 300.000 еиници на ова дигитална валута во вредност од преку 50 милиони долари.
Меѓутоа на веб страната не се наоѓала само илегална стока слично како дрогата или лажните возачки дозволи. Тука се продавале и предмети слични како накитот, книгите, уметничките предмети. И тоа, како што претходно е споменато, можеби една од најголемите заблуди на даркнетот. Спротивно на проширеното уверување, даркнетот е место каде корисниците оперираат анонимно и учествуваат во трговијата со илегални и легални материјални добра, услуги и информации. После затварањето на Silk Road од страна на ФБИ, ситуацијата не се изменила многу. Слични страници продолжиле да постојат на даркнетот со многу контраверзни содржини.
Нарачување на убиства
На даркнетот исто така може да се изнајмат цел куп на платени убијци кои како искуство го наведуваат служењето во редовите на платениците, Легијата на странци и учествувањето во војните на Блискиот исток. Цената на изнајмување на еден платен убиец се движи од 20.000 до 100.000 долари. а најчесто пречка се деца и политичари. Заедно со убиството се нуди и доказ, често во облик на фотографија од убиената особа. Се разбира во овој случај не може да станува збор за измама и контраверзен купувач, меѓутоа земајќи во предвид дека таквите групи навистина постојат, не е исклучено дека одлучиле да ги прошират своите активности и на даркнетот.
Трговија со луѓе
Белото робје е бизнис кој според проценката на полициските стручеаци секоја година изнесува 32 милијарди долари. Само во САД секоја година 200.000 деца стануваат жртви на сексуални злоставувања, а секое дете на макроата годишно им носи заработка од околу 150.000 долари.Трговијата со луѓе исто така е бизнис кој започнал да дејствува во скриените длабочини на мрачниот интернет, и заради тоа уште потешко му е да се влезе во траг. На мрачниот веб исто така можат да се најдат и страници кои нудат работни и сексуални робинки лија цена се движи во 5.000-30.000 долари
Мачење на животни
Мачењето и убивањето на животни како и сексот со нив исто така е раширен на даркнетот. Во августот 2014 година американската полиција во Мајами приведила две жени,Stephanie Hird и Sara Zamor заради обвиненија дека снимале порнографски содржини кои вклучувале мачење и убивање на животни. Иако на крајот двете особи се ослободени од обвиненија заради статусот на ограничувањето, страници со слични содржини на мрачниот даркнет постојат и ден денес на и на клиентите им се нудат можности да ги изразат за одреден износ на пари, сопствените желби кои потоа би биле снимени. Иако ФБИ затворил повеќе такви веб страни, мови страници изникнуваат од ден во ден, а најголем прдизвик токму претставува анонимноста која го отежнува истрагите да бидат фатени починителите. Исто така присутна е и трговијата со егзотични животни.
Трговија со органи
Трговијата со органи исто така представува еден од профитабилните криминални бизнси. Имено, органи има малку, а списоците на ќекање се долги. Еден поголем дел на органи доаѓа од илегални извори, слично како киднапорањето на луѓе или подрачја погодени со конфликти и тој дел завршува во болниците кои се на располагање на богатите клиенти. Даркнетот само го проширил црниот пазар и од тука истражителите откриле страници кои за 200.000 американски долари продаваат бубре, за 120.000 долари продаваат срце, а пар очи за 1500 долари.
Детска порнографија
Мрачниот интернет врие ид педофили и страници кои нудат за одреден износ различни услуги од ’стандард’ до ’екслузивни’ услуги за побогатите клиенти. Некои од тие страници имаа и преку 25.000 корисници, а периодот на децата се рангира од 3 до 12 години. Според зборовите на стручњаци, во осумдесетите години детската порнографија речиси била искоренета во САД, меѓутоа со појавата на интернетот, а потоа и даркнетот, ова криминална активност речиси експлодирала. Имено Националниот Центар за исчезнати и злоупотребувани деца секоја година анилизира 20 милиони фотографии на сексуално злоупотребувани деца.
Силување на деца во живо.
Можеби меѓу најперверзните злосторства на даркнетот се страниците кои нудат силување на деца во живо за одреден износ на пари. Како што опишал Marc Goodman, автор на книгата ’Злосторства на иднината’, која се занимава со дигиталната тематика, мрачниот интернет е како Пеколот на Данте: ’секој круг има свои злосторства и сё подлабоко и повеќе се наидува на овие окрутни злосторства против децата и човештвото. Неодамна извештајот на Европол го потврдил постоењњто и појавата на сё поголемиот број на страници кои нудат силување на деца воживо. Во некои случаеви во Азија, клиентите можеле да нарачуваат силување дури за 100 долари, а бидејќи Тор гарантира анонимност, докази за тие злосторства нема да бидат забележани никаде освен во перманентното и трауматично сеќавање на жртвите.
Експерименти врз луѓето
Она што посебно ја шокирало јавноста на даркнетот била страницата која тврдела дека во име на науката врши експерименти над луѓето (бездомниците) во кафези, меѓу кои имало и бремени жени. Иако постоењето на тие страни и понатаму е предмет на дискусии, многумина се уверени во нејзината постојаност заради природата на даркнеото, ама и фактите дека таквите експерименти не се странски за човештвото. Имено документирани експерименти врз луѓето кои вклучуваат и вивисекција можат да се најдат и кај нацистите и докторот Менгеле, ама и меѓу јапонските научници над комунистичките заробеници.
Меѓутоа,полициските агенции не се единствените кои се обидуваат да ги сузбијат злосторствата на даркнетот, Многу хакерски групи се здружиле како би ги искорениле најлошите меѓу криминалните активности. На пример, 2011 гродина групата Anonymous урнала преку 40 страници кои содржеле педофилски содрќини и објавиле идентите на преку 1000 корисници на ова содржина.
Како што можеме да видеме, даркнетот е единствено место каде се судир исконската природа на човекот, каде се сретнуваат криминалците, дилерите, терористите,новинарите,хакерите,полицајците, педофилите,и политичките дисиденти. И додека одредени криминални активности, слично како одгледувањето на канабисот, прифатлив за еден дел од јавноста, за друг не, заради вознемирувачката содржина, ги преминуваат сите граници на разумот и социјалната прифатливост. Иако е можно во некои случаеви да станува збор за измами или провокации си цел шокирање на јавноста, постојат силни индиции дека еден дел од овие криминални активности навистина и одвиваат во мрачната веб (мрежа).
Меѓутоа, како што е претходно кажано, и покрај фактот што привлекуваат најголемо внимание, даркнеот не е само место за криминални активности, Страниците поврзани за човековите права, нецензурирани информации и социјални платформи исто така се популарни.
Што се однесува до илегалните содржини, многу криминални активности не само тоа што попримиле национален карактер кои на истражителите им ја отежнува работата, туку сега тие се префрлиле во мрачната длабочина на интернетот. Иако полициските агенции и тајните служби исто така оснивале свои оддели за борба против криминалот на даркнетот, засега со вој ритам, владините агнции водат една изгубена битка.
Извори: Washington Post | Guardian | Marc Goodman “Future Crimes” | Interpol | Europol | National Center for Missing and Exploited Children | US Department of Justice |