
Саудиска Арабија ги предупреди по пат на писмо ОН и хуманитарните организации да ги повлечат своите припадници од градовите и населбите кои се наоѓаат под контрола на шиитските бунтовници хутите во Јемен.
Во краткиот коментар на овој повик, саудиската амбасада во Лондон порачала дека намерата е да се ’заштитат меѓународните организации и нивните припадници“.
Со овој чекор, Саудиска Арабија во стварност потврдува дека дена киту едно место во градовите повеќе не е сигурно од нивните воздушни напади, бидејќи шиитските бунтовници се распоредени во повеќе делови. Припадниците на ОН и другите хуманитарни организации можат да се повлечат.
Од ОН потврдиле дека го примиле саудиското писмо, меѓутоа сепак истакнале дека одреден дел ќе останат да им овозможат хуманитарна помош на населението, одоносно во оние делови каде што има услови, односно каде што не оперираат шиитските бунтовници, и каде што не би можеле да се доведат во опасност.








