Од Саудиска Арабија најавиле дека во нивната земја ќе се одржат големи воени вежби во кои ќе учествуваат војници од дури 20 земји, а вежбите ќе траат вкупно 18 дена. Ова најава, која вчера ја ненесе саудиската новинска агенција СПА, доаѓа непосредно откако од Ријад порачаа дека сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да се урне од власт со добрбра воља или н по пат на сила.

Во извештајот на СПА се истакнува дека странските војници ќе започнат да пристигнуваат во “наредните часови“. Понатаму, се додава дека ова ќе биде “најголема и најважна воена вежба во историјата на овој регион“.

Вежбите, под наслов “Северен Гром“, ќе се одржат на северот на Саудиска Арабија, а ќе учествуваат воздушни, копнени и поморски сили. “Вежбиде ќе покажат како Ријад и сојузниците стојат соединети во борбата против сите предизвици со цел зачувување на мирот  и стабилноста во регионот“.

Се истакнува дека во вежбите ќе учеств уваат војски од арапските и афричките земји. САД и другите Западни земји не се поканети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here