
Колаицијата на исламските земји за борба против тероризмот за прв пат ќе се сретне во март во Саудиска Арабија, јавува Анадолија Агенцијата. (АА)
Телевизијата “Al-Ekhbariya” потврдиле дека Саудиска Арабија ќе биде домаќун на првата средба на Колицијата на исламските земји.
Повеќе детали не се објавени за средбата, која ќе се одржи наредниот месец.
Инаку, 34 исламски земји во декември 2015 година во Ријад формираа Коалиција за борба против тероризмот.
На списокот (листа) на колаицијата се најдоа: Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, заедно со Турција, Малезија, Пакистан, како и другите останати заливски земји.
Во заедничкото соопштение на овие земји после формирањето се наведува дека тие “ одлучиле да формираат воена алијанса за борба против тероризмот, предводена од Саудиска Арабија, со заеднички оперативен центар во Ријад, кој ќе подржува и координативни виоени операции“
Во соопштението исто така се нагласува дека “ должност е исламскиот народ да се заштити од сите зла на сите терористички групации и организации кои на земјата сејат смрт и чија цел е да се тероризираат невини луѓе“.










