
Сирија низ 20-от век.
Дваесет и првиот јануари, 1994 година требаше да изгледа како и секој петок, џума -,ден и кога повеќето продавници се затворени, а сообраќајот поредок отколку вообичаено како во работните денови. Во Дамаск, започнуваше викендот. Во раните утрински часови еден Мерцедес излегува надвор од градот движејќи се со брзина поголема од дозволената . Дестинација е аеродромот каде што се подготвувал лет за Германија. Маглата ја намалувала видливоста и кумувала во сообраќајна несреќа која што ќе влијае на целата нација. Мерцедесot се забива во кружen тек, а возачот кој не бил врзан со безбедниот појас , починал на самото место. Тој возач бил најстариот син на претседателот Хафез ал-Асад, Басил. Неговиот братучед, кој нсе наоѓал на совозачкото седиште поминал со сериозни повреди, а службениот возач, кој во таа пригода седел на задното седиште, останал неповреден
После вестите за смртта на Басил цела Сирија потонала во национално тагување и оплакување. Пред болницата во која се наоѓало неговото тело започнале да се собираат граѓани. Во целата земја се огласиле џамиите, црквените звона, а кафулињата престанале да послужуваат алкохол.
Откажана била редовната програма на телевизиите, и наместо тоа се емитувало учење на Куран од џамиите во Дамаск.
Тв водителките кои вообичаено биле облечени во последната европска мода, се појавиле во црно, носејќи црн шал преку косите. Речиси целиот програм бил посветен на Басил ал-Асад, неговата воена вештина, образование и триумфи. Почина наследникот на претседателската позиција.
Слободно можеме да кажеме дека тоа е преломен период во животот на Башар ал-Асад, по старост друг син на тогашниот претседател Хафез. Тој живеел и работел во Лондон каде специјализирал офталмологија. Таму ја запознал и својата сегашна сопруга Асма, Британка со сириско потекло.
Набрзо после смртта на својот брат Башар добива покана и заминува за Сирија на отслужување на воениот рок. Тоа бил почеток на неговите подготовки за иден претседател. Наместо граѓански живот во Лондон, каков што мислел да живее, судбината му наменала нешто сосема друго.
Сирија била облепена со постери и графити кои го прикажувале претседателот Хафез и неговиот загинат син Басил. Веќе следаната година, 1995, на познатата двојка од протретот им се придружил и Башар.
Во интервју за Тајм, во 1992 година, запрашан за идниот наследник, претседателот Хафез го дал следниот одговор:
’Немам наследник. Наследникот ќе го одберат сите инстутиции, дрќавните и установите и другите организации како и оние партиските. Тие имаат длабоки корени и искуство и можат да се носат со ова одлука’
Во јуни 2000 година, од срцев удар починува Хафез ал- Асад. Институциите кои треба да го одберат наследникот веќе имаат подготвено сценарио. Башар ал-Асад станува генерален секретар на сириската фракција на Басистичката партија и набрзо бива избран за претседател. На референдумот за претседател, Асад немал ривал, па од тука изборите ги добил со 97,2% од гласовите. Исто така 2007 година на референдумот со 97,6% од гласовите ја добива подршката на сирискиот народ.
Под Башар ал- Асад, економијата во Сирија се либерализира, ама државата и понатаму ја има поголемата сопственост. Претседателот воведува интернет, се подобрува животниот стандар на граѓаните. Сирија станува социјална држава, школството и здравството за граѓаните се бесплатни, а долг спрема Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) не постои. Важно е да се напомене дека Сирија самата се прехранувала, згора на тоа храна се извезувала и во соседните земји.
Претседателот Башар ал-Асад наследил автократски режим, ама во очите на светската политичка елита, гледан бил како реформатор и освежување кое ќе донеси промени. Од страната на Баас режимот,со доминантното алавитско малцинство, било тешко да се очекува покренување на демократија, притоа имајќи го во предвид незадоволството на сунитското население кои се обидувале да ја преземат власта заради негативниот став спрема алавитите кои се сметале како доселеници. Тоа нивната заедница ќе ја доведе до незидржлива состојба. На сила бил тајниот сојуз помеѓу алавитската војска и сунитската цивилна буржоазија.
Со неговото доаѓање на власт од затворите биле ослободени голем број на политички затвореници и после повеќе од три децении дозволи објавување на независни весници. Иако било дозволено опозоциско дејствување, состојбата на будност кај режимот не попуштака. Бројни служби ги контролирале граѓаните, а многумина биле приведувани без налог и исчезнувале под превезот на ноќта на долг период, без претходно нивните семсјтва да бидат информирани. Аналитичарите веруваат дека многу реформи инхибрирале припадници на “старата гарда“, членови кои биле лојални на неговиот татко.
Неговите денешни жестоки критичари го сметале за позитивен показател во регионот. Американскиот државен секретар Џон Кери како сенатор често разговарал со Асад, а во една приггода и заеднички вечерале во предградие на Дамаск. Тогашниотфранцуски претседател Никоас Саркози го повикал на прославата на францускиот национален празник во 2008 година.
Џон Кери изјавил дека Сирија ќе се менува штом го прифати легитимниот однос со САД.
Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, позната по денешните изјави дека Асад мора да си замине од власт индека времето му истекува, исто така размислувала поинаку, обидувајќи се на создаде ’нови пријатели’ на Блискиот исток. Па дури и во месецот кога започнаа демонстрациите против власта, март 2011, Хилари Клинтон на Асад го нарекува ’реформатор поинаков од својот татко’.
Османлиска Сирија.
Пред почетокот на војната во Сирија живееле околу 23 милиони жители, од кои 74% се сунити, 12% алавити, и околу 1% шиити, и 10% разни христијански деноминации и 3% друзи. Овде зборуваме за верските заедници кои во Сирија се испреплетувале со етничките групи. Најголема етничка група секако се Арапит, а посто следуваат Курдите, Туркмените, Грците, Черкезите и Арменците и Потоњите.
Етно-религиската поделба во Сирија можно е да се свати само ако се вратиме на периодот на Османлиското царство.
Во 1516 година Османлиите влегуваат на просторот на денешна Сирија. Со неа владеат како и во останатите покраини, во духот на религискиот плурализам. Верските заедници организирани се милети. Тоа е назив за систем на верска автономија. Секоја заедница имала свој милет, а на чело на неа стоел верски поглавар. Во врантешноста на милетот се судело по сопственото верско право, традиција, а се користи и јазикот кој заедницата ќе го одбере.
Таквото одвојување на религиските групи низ векот нужно го предизвикало чувството на заедништво во внатрешноста на поедини групи и нејзино засебно функционирање, без оглед ако јазикот и етничката припадносѕ биле исти, како што е случај со сунитите и алавитите. Понатаму, општеството се делело и по силни племенски линии во внатрешноста на заедницата. Поглаварите, старите припадници на племењто го уживале угледот и начелно биле најбогати припадници на задницата. Често биле и верски лидери.
Доколку ја погледнеме картата на османлиската покраина на Сирија, ќе забележиме простор кој зазема поголем дел од модерната република Сирија, цел Либан,Израел, дел од Турција околу Антиохија, како и добар дел од денешен Јордан. Називот кој за покраината се користел, а во употреба е и денес, најмногу за градот Дамаск е ал-Шам. Економијата се концентрирала во големи агро-градови слични како Дмаск, Алепо, Сувајде, Дааре, Деир ал Зур и Куанајтарах. Градска популација било сунитското мнозинство, и тие гу уќивале најголемите привилегии во текот на целиот период.
Алавити
Алавитите се малцинска религиска група во внатрешноста на исламот, официјално се сцро огранокот на шиизмот. Ниото име доаѓа од Алија зетот на Мухаммед кого алавитите и шиите , за разлика од сунитите го сметаат за законски пророк наследнјик. Во внатрешноста на својот систем на верување имаа инкорпорирана мезопотамиски учења кои влечат корени уште од Сумерите, ама нив ги држеле во строга тајна, заради сопствената безбедност и заштита од прогон. Веруваат во реинкарнација, во текот на обредите пиат вино, мртвите ги погребуваат во саркофази над земјата. Ова се само неколку посебни етно-религиски карактеристики на ова заедница.
И денес околу 75% живеат во својата провинција Латакија. Претежно живееле во селата и планините, а данокот им го плаќале на господарите во градовите. Во тоа време контрастот помеѓу градотѕ и селото бил толку јак така да граѓаните ќесто пати делувале како вонземјани, кога доаѓале да плаќаат данок. Со времето алавитите развили силна недоверба кон сунитите, заради горе споменатите причини.
Од независноста на Сирија во 1963 година, а посебно од преземањето на власта од страна на Баас партијата, положбата на алавитите значително се поправила. Нивните истомисленици од владејачката партија им помагале во образованието, добивањето на школарина, како и преселеувањето во градовите. Крајбрежните градови на регионот Латакија, некогаш со мнозинско сунитско население, во 90-те станува мнозинско алавитски.
Картата која го уништи Блискиот исток
Иако на Арапите во текот на Првата светска војна им била ветена територија на која ќе создадат држава, Британија и Франција, вешти колонијални владетели го изиграа тоа ветување. Играле лицемерно од самиот почеток и ги нахушкале арапските војски против Османлиското царство, кое војната ја изгубило на страната на Централните сили. Просторот на бЛискиот исток останал без господар, а тоа место го пополнале колонијалистите, така создавајќи уште еден регион кој нима да му служи на ништо друго освен на грабачите на природни и културни добра.
Тајниот договор го составиле францускиот дипломат Francois Georges Picot и британскиот Mark Sykes на почетокот на 1916 година, иако на него се работело уште од 1914 година, значи од почетокот на војната.
Сверата на влијание, односно картата на Блискиот исток исцртана била на лист хартија по принципот малку теме малку мене. На Велика Баританија и припаднале подрачјата на денешен Јордан и Ирак, а Франција ја презела власта на подрачјето на денешна Сирија и Либан како и еден дел од јужна Турција. Под британската круна се наоѓало и подрачјето познато како Палестина и ставено било под меѓународна управа. На ова подрачје во наредната деценија ќе го проследиме доаѓањето на еврејските доселеници како и лесното обликување формирање на државата Израел, чие настанување во 1948 година ќе ја покрене Израелско – арапската војна.
Договорот предвидувал создавање на држава која и понатаму ќе остане под влијание на колонијалните сили. Во тоа време започнува масовната експлоатација на нафта од Ирак.
Францускиот мандат во денешна Сирија
Францускиот мандат на споменатата територија спроведуван е преку повеќе територии, поделени по етничка линија, кои подоцна во 1946 година доведоа до настанување на независна Сирија и Либан, Французите градат патишта, ја модернизираат инфрасструктурата на градовите и започнуваат со стопанските реформи. Во Дамаск за кратко се отвара и Универзитет.
Во воените сили , Troupes Speciales du Levant, Французите преферирале да регрутираат малцинства отколку мнозинските сунити. Ги преферирале алавитите, друзите, христијаните, Курдите, Черкезите, Политиката подели па владеј започнала да превзема замав, а се заради спречувањето на било која заедница доволно да не зајакне и загрози колонијалната администрација. Најчесто војниците од малцинските групи доаѓале од слабо развиените региони ,односно руралните или планински, и во војската ја гледале можноста да напредуваат во општеството. Регрутирани биле членови на угледни семејства, ама никогаш од племињата кои се побуниле против француската влас. На тој начи Алавитите пред крајот на францускиот мандат доминирале во војската, ама слабо биле застапени во политиката.
Богатите сунити, трговци, и градкси семејства, предводници на панарапското движење, одбивале своите синови да ги испраќаатво војска бидејќи истата ја гледале како апарат кој им служи само на империјалните интереси. Исто така воената академија во Хомс ја сметале за место во кое заминуваат необразованите, мрзливите и постарите лица.
Во тој период, токму заради војската, започнуваат големите пресортирања на етно-религиските групи во внатрешноста на Сирија.
Баас Партијата
Во Дамаск 1940 година православниот христијанин Michel Aflaq и сунитот Salah al-Din Bitar ја осниваа партијата Баас, Двајцата припаѓале на средната граѓанска класа и биле учители во средната школа al-Tajhiz, од каде ги регрутирале првите членови на партијата. Но, и покрај граѓанското потекло на своите оснивачи, мнозинството на членови биле доселеници од руралните предели на Сирија.
Sami al-Jundi еден од студентите и првите членови на ова парѕија, запишал: ’ Повеќето на членови на партијата во Дамаск биле млади студенти од руралните краишта, кои посетувале школи од 1940-1950 година. По завршувањето на студиите се враќале своите родни места со цел да го прошират членство. Селата претставувале плодно тло за ширење, а Дамаск како град имал мал број на партиски членови.’
Социјалистилчките идеи брзо сеширеле низ руралните предели отколку во градовите каде преовладувала сунитската граѓанска класа. Бидејќи руралните подрачја беа населени со претежни малцинства логично било да во партијата да влегуваат луѓе од многу етно-религиски малцински групи. Во текот на историјата арапското национално движење секогаш се испреплетувало с сунитскиот ислам. Малцинските групи и останатите исламски секти играле споредна улога. Арапите сунити припадниците на малцинствата ги сметале, кои исто така го зборувале арапскиот јазик ги сметале за несовршени Арапи. Токму заради тоа на малцинствата арапскиот национализам им изгледал како замаскиран османлиски империјализам.
Басистите сакале обединето арапско секуларно општество со социјален систем. Еднаквост на сите Арапи без оглед на религијата, секако вклучувајќи го и христијанството, Исламот го сметале за важна компонента на арапската култура, ама никако за арапска национална религија. Иако идеологијата е национална и социјалистичка, во подоцнежниот период во паријата наоѓаме и припадници на етничките малцинства слични како Курдите, Арменците, Черкезите, ама нивната бројка останува занемарлива.
Зачленувањето во паријата најчесто се одвивало по етнички линии. Комунистичката партија на Сирија плодно тло пронашла меѓу курдското малцинство. Токму и од таа причина, тешко е или никако прифатена меѓу другите малцинства. Најчесто на партиите им пристапувале припадници на цел еден клан само заради тоа што така рекол нивниот селски лидер. Иако постоеле обиди за шорење на Баас партијата во сите арапски земји, таа корени единствено успеал да пушти само во Сирија и соседен Ирак каде траела се до соборувањето на Садам Хусеин 2003 година, што воедно го означило и свртувањето на н ова стран ица во геополитичката игра на Блискиот исток.
Независност
Раните години на сириската независност биле одбележани со политичката нестабилност која се манифестирала во првата Арапско-израелска војна 1948 како и се почестите сменувања на властите преку воени удари. Сепак независност е прогласена во октомври 1945 година.
Важен фактор од тоа време, како и секој друг во модерната сириска историја, е војската. Во тоа време дури 65% од н иските кадри во војската ги сочинувале алавитите, додека офицерските функции и понатаму претежно ги држеле сунитите. Водачите на воените удари – генералот Husni al-Zaima (1949.)Sami al-Hinnawa (1949 )и Adib al-Shishaklia (1949-1954) – сите поред биле сунити. Дури три воени удари во една година не можеле да значат ништо друго освен голема политичка нестабилност. На ист начин од власт бил соборен и Shishakli, а војската сё повеќе започнала да се дели во различни фракции кои не биле координирани.
Во 1958 година, Египет и Сирија влегуваат во заедница која се нарекувала Обединета Арапска Република и била прв обид на создавање на сёарапска нација. Бидејќи Египе била поголема држава, сириската политичка елита не се задоволувала со постапувањето во заедничкиот парламент што на крај довело до негодување и конечен крах во 1961.
Дрќавниот удар го извршила група на сириски офицери и после тоа веднаш прогласуваат неаависност од ОАР. Иако водачите на државниот удар биле подготвени на преговори со Египет како би ја сочувале Унијата во која Сирија би била равноправна со Египет. Насер одбил таков компромис. Тој после ударот дури размислувал за тоа да испрати египетски воени сили како би го собориле новиот режим, меѓутоа од тоа се откажал откако сватил дека и последните од неговите сојузници во Сирија се поразени.
Воен удар во Сирија се случил во 1963 година кога власта ја преземаат Басистите. Меѓу учесниците кои го организирале се наоѓал и идниот претседател Hafez al-Assad. Веднаш после пучот се случуваат чистки во војската. Воената акдемија во Хомс ставена е под контрола на партијата Баас. Hafez al-Assad. набрзо станал командант на Сириското воздухопловство. Ваквиот начин на преземање на власта ниако не му се допаднало на унионистите, насеристите кои имале поинакви планови. Набрзо приврзаниците на Насер, повеќето сунити се обиделе да извршат уште еден удар, ама безуспешно. Повеќето од полицијата, кои успеале без крвопролевање на до задушат пучот имале малцинска позадина, а меѓу нив преовладувале и алавитите.Настанот имал мало или речиси никаква врска со секташтвото, ама како такво сакале да го прикажат опонентите на струјата на Баас партијата. На тој начин се обиделе да ја дискредитираат позицијата на Баас партијата во очите на сунитското мнозинство, и кое продолжува се до ден денес.
Вакто дека високи офицери алавити имало меѓу организаторите на пучот не ја попречило пропагандата која од тој момент било невозможно да се сопре . Анто-Басистички публикации, за секташкиот карактер на партијата започнале да се појавуваат и во Египет и насекаде низ арапскиот свет.
Лавот од Латакија
Hafez al-Assad роден е како деветто од единаесет деца во 1930 година, во селото Qurdaha во планините на Латакија, кои стрмно се издигнуваат над Медитеранот. Присвоеното пресеиме Асад значи лав. Изолираните планини овозможувале засолниште за намалцинската секта на алавитите и ги заштитувале од прогон. За време на раѓањето на Hafez неговото село имало само стотина куќи. Не имало џамија, продавници ниту кафеани. Неговиот татко и двете жени живееле во двособна куќа со рамен покрив.
Hafez бил прв од своето семејство које е испратен на брегот, во градот Латакијаво средно училиште. Таму се запознава со социјалистичките идеи и зачленувањето во Баас парѕијата. Во Алепо посетува воена академија и стапува во воздухопловството. Прватата година од унијата со Египет ја дочекал надвор од земјата, во Русија, каде учел како да лета со авиони од типот МИГ-15 и МИГ-17. По враќањето се среќава со неповолната положба на Сирија во унијата и пристапува кон групата на офицери кои подготвуваат пуч.
Шест дневната војна со Израел 1967 година претставувала голем удар за арапскиот свет. Откако Израелците за помалку од една недела ја унишптија здружената египетска, сириска, јорданска и ирачка војска, дошле на само 50 км од Дамаск. Ја освоија целата Голанска висоравнина која и ден денес под протекторат на ОН. Таа војна Hafez al-Assad ја дочекал како министер за одбрана.
Во 1970 година, после уште еден сириски дебакл, неуспешната подршка на палестинските бунтовници во Јордан, во настанот познат како Црн септември, Hafez al-Assad без борба ја презема власта во Сирија. Неговиот прв чекор бил исправување на гхрешката бво војната со Израел и враќање на гордоста на арапските земји. Сојузници пронашол кај египетскиот претседател Anwaru Sadat. Со заеднички сили на 06.октомври 1973 година удриле на Израел во текот на најсветиот еврејврејски ден Jom Kipura, во текот на кој повеќето служби не работаат во Израел. Египетските сили влегле на Синај, меѓутоа Израелците псоле мобилизацијата на главните сили, после три дена ги сопреле. Сиријците својот напад го координирале на Голанската висоравнина како би се поклопил со египетската офанзива. Иако на почетокот напредувале, после целосната израелска мобилизација ситиацијата се преокренала. После само четири денови, Израелската артилерија ги бомбардирала предградијата на Дамаск. Војната е завршена со прекинување на војната на 25.октомври 1973.
Секташки судири во Сирија
Со мешањето на Сирија во граѓанската војна во Либан, кој ја запали земјата по секташки лини, започнало да врие и дома. Првата најава за уште подлабок судир се случил во 1979 година на воената акедмија во Алепо. Група на екстремисти сунит,познати како Муслиманско братство, нападнале неколку алавитски кадети.
Алармантен факт на овој настан е спознанието дека екстремистите биле преполни и водени со омраза спрема алавистката доминација, инфилтрирани во војската. Еден од организаторите на овој напад бил сунитски лидер член на партијата Баас.
Следната година 1980, сктремисти фрлаат најмалку две гранати во насока на сирискиот претседател. Едната граната и самиот Асад ја отфрлил, а на другата се фрлил неговиот телохранител, губејќи го сопствениот живот. Во знак на одмазда, помладиот брат на Hafez , Рифат се упатил во пустинскиот затвор во близина на Палмира и наредил да се убијат 25о екстремисти во нивните ќелии.
Напнатоста можела да се почувствува, а исходот доколку дојде до војна за алавитите била погубна, бидејќи во знак на одмазада за убиените 250 затореници тие би биле избришани од страна на сунитите од лицето на земјата. Од тука природно е алавитите да се чувствуваат небезбедно и да ги збиваат редовите, иако вреди да се напомене дека најголемата закана за Hafez al-Assad и неговиот опстанок доаѓала токму од редовите на неговата партија, со која доминирале алавитите.
Иако реќимот ја зајакнал репресијата спрема екстремистите, тиа започнале да се организираат и подготвуваат сериозни акции. Во 1980 годинаформиран е ’Исламски Фронт на Сирија’ во кој главниот темел ја сочинувал Муслиманското братство. Тие исто така издале и објавиле манифест во кој, помеѓу останатото стои:
’Објавуваме дека нема да има никакво примирје, одлагање на оружје, ниту преговори со оние кои се познати по кршењето на своите ветувања. Ќе продолжиме со нашата насока, занемарувајќи ги опасностите и препреките, се додека репресивниот систем не падне и не си отиде засекогаш’
Припадниците на овој фронт на оружје се дигнале во 1982 година, во Хам, притоа убивајќи припадници на партијата Баас, повикувајќи на национална побуна. Во намера да ги скрши бунтовниците, Сириската војска го сравнала градот со земја, притоа убивајќи повеќе од 10.000 нејзини жители.
Ирачката инвазија на Кувајт 1990 година, Сирија ја доближи до САД, бидејќи земјата и се придружи на колаицијата против Садамн Хусеин. Неколку илјадници сириски војници биле испратени во Саудиска Арабија од каде тргнаа во напад против Ирак. Иако целата оваа работа изгледала поволна за склучување на мир со Израел, сепак тоа не се случило.
Кон крајот на 1991 година Hafez al-Assad повторно е избран со 99.9% од гласовите. Еденсириски писател забележал: ’ И Возвишениот Аллах да се кандидираше , немаше да постигне ваков резултат’.
Извори: Advance
NICOLAOS VAN DAM, The struggle for power in Syria, I.B.Taurus 2011.
ROBERT FISK, The great war for civilisation, The conquest of the Middle East, Harper Perennial 2006.