rijad moskva

Цената на нафтата на берзите во Лондон и Њујорк во четвртоко нагло пораснала за 8% и застанала тука. Ова дошло многу неочекувано откако цената на суровата нафта падна до 27,8 долари за барел и додека прогнозите на експертите предвидувале дека цената на нафтата и понатаму ќе паѓа, сё до минимални 10 долари . Меѓутоа се случи обратното и цената на достигнала на нешто помалку 34 долари.

Прв пат од ноември минатата година кога тргнало наглото паѓање на цената на нафтата, од 5 долари за барел, промената на цената на нафтата пред два дена тргна во обратна насока, враќајќи го светот над психолошката граница 30.

Која е причината за наглото и неочекуваниот скок на цената на нафтата на која најмногу од сите и се радуваше Русија, бидејќи со тоа рубљата наеднаш порасна во однос на доларот и еврото? Многу од тоа укажува дека Русија покренала иницијатива на земјите членки на ОПЕК да им се сруши производството на нафта за 5%, што би требало да доведе до стабилизација на цените. Вакви гласини се прошириле на светските пазари на нафта и покрена тенденција.

Посред западните извори прво Москва ’трепнала’ во одмерувањето на силите и издржливоста со конкуренцијата во условите на слободното паѓање на цената на нафтата, кое предизвика крварење на руската економија и побарала договор со земјите најголеми производители за намалување на понудата. Руски извори наведуваат дека Саудиска Арабија побарала од Русија да го координираат намалувањето на производството за 5%.

Според зборовите на рускиот министер за енергетика Александар Новак, државите на ОПЕК ( Организација на земјите извознички на нафта: Алжир, Индонезија, Ирак, Иран, Кувајт, Либија,Нигерија, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела) се согласиле во фебруари да поразговараат за идејата за производство на сурива нафта да се редуцира за 5%.

Неименуван извор на американскиот Wall Street Journal од официјален Ријад потврдил дека Саудиска Арабија, останува кон балансирањето на пазарот и сака да соработува со останатите заради стабилизацијата на пазарот, додавајќи дека вратите сите врати се отворени, и дека сите опции се разгледуваат.

Новак не ги потврдил шекулациите дека Москва им сугерирала на членките на ОПЕК, особено кај Венецуела да свика конференција, тку само потврдил дека оптимистички е дека во фебруари ќе се одржи вонредна конференција на ОПЕК на која може да бидат повикани и независни произведувачи и дека Русија е подготвена да учествува на неа, односно тој лично.

Бидејќи според податоците на Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ) Русија произведува 11,1 милион барели сирова нафта секој ден, додека Саудиска Арабија пумпа 10,1 барел дневно, па веројатно е дека редуцирањето на нивната продукција, како најголем светски проиводител, би било доволно за стабилизација на пазарот. Саудиска Арабија одбила да го намали обемот на своето производство, ако тоа не го направат и сите останатите членки на ОПЕК, како и Русија која бележи рекордно производство.

Преголемата понуда, без прашање доведува до паѓање на цената на било која стока, па дури и на нафтата, што на некои добро им дојде да ги зајакнат домашнитев резерви (САД), а некои економии практички веќе колабрираа (Азербеџан). На Руските нафтени компании заради ниските цени на нафтата без двоумеење им ослабнува кредитната способност, ама во нив расте и стравот дека државата би им можела да постави обавезни налози, кои не би биле во состојба да го исполнат.

Додека во Москва пристигнувале охрабрувачки вести дека цената на нафтата расте, а рубњата по малку зајакнува, се огласил и рускиот вицепремиер Олег Дворковиќ кој изјавил дека не е реално ова година просечната цена на нафтата да се двоуми  помеѓу 20 и 24 долари, туку да оди на значително погоре. Тој прокоментирал дека евентуланото намалување на производството во стето би влијаело на дополнителниот раст на цената на нафтата, ама дека државата нема да се меша во деловната политика на произведувачите на нафта, туку одлуката ќе им ја препушти на компаниите. Од Кремљ исто така соопштиле дека засега немаат намера да интервенираат на ’практичен план’ за редуцирање на производството.

Исто така неименувани извори од четири држави членки на ОПЕК потврдиле за Bloomberg дека не знаат ништо за тоа дека во фебруари ќе се одржи вонредна конференција, како и тоа дека Саудиска Арабија на која и припаѓа лидерската улога во организацијата не предложила намалување на производството. Додека редовна конференција е закажана за јуни.

А потпретседателот  на руската ‘Rosnjefta’ Mihail Leontev отценил дека ’не се случило ништо ново’, како и дека зголемувањето на цената е ’глупава лудост’ на основа изјавата на Новак, и дека членките на ОПЕК, ги држат своите претходни ставови, кои не ги промениле ниту за милиметар. Тој додал дека во ’теорија сё е можно’, притоа не вклучувајќи ја можноста дека ќе дојде до некој договор за редуцирање на производството, како што можело да дојде и било како порано.

Независно од тоа, најновите прогнози на експертите од специјализираната агенција ‘Fitch’  сега потврдуваат на постоја пораст на цената на нафтата до 45 долари по барел до крајот на ова година, до 55 долари следната година и до 60 долари во 2018 година.

’Сега со нафтата се тргува за околу 30 долари по барел. Веруваме дека ова висина не е одржлива, па дури ниту во краток рок, бидејќи критичната маса на нафтените и плински проекти има големи трошоци. Заради тоа неизбежно ќе дојде до значително намалување на производството и растот на цените’, наведено е во прогнозата на ‘Fitch’ .

Стручњаците на ‘Fitch’  отцениле дека девизниот курс на рубљата спрема доларот ќе зависи од цената на нафтата, и дека во случај прогнозите да се реализираат доларот до крајот на тековнава година би можел да вреди 60 рубљи, наместо сегашните 75,7. Во случај на негативно сценарио и просечна цена на нафтата до 35 долари по барел, на руските компании црно им се пишува.

Според предвидувањата на стручњаци на американскиот департмент за енергија, цената на нафтата ќе порасне ова година, бидејќи етапно ќе дојде до равнотежа помеѓу понудата и побарувачката. Моментално понудата ја надминува дневната побарувачка за околу 1,5 милион барели, ама тоа се намалува. Американските компании кои произведуваат нафта од шкрилци не работаат ако цената е помала од 50 долари по барел.

За ескпертите специјализирани на Oxford Economics, нема двоумеење дека ова се лоши времиња за произведувачите нан нафта и за нивните доверители. ’ Не станува збор само за нафтата. Додека кинеската економија, гладна за ресурси, успорува, така цените паѓаат ширум светот’, предупредува Oxford Economics.

Падот на цената на нафтата сериозно го раздрма – потресе  Азербејџан, каде предстојувала делегација на ММФ како би ја разгледала ситуацијата во целата земја на која можеби и требало да и се позајми четири милијарди долари како би ја пребродила кризата настаната заради ниската цена на нафтата.

Доколку Азербејџан биде прв кој од ММФ ќе добие пакет на финансиска помош, по него би тргнале веројатно уште некои земји а се споменуваат Нигерија, Еквадор, и Венецуела. Големите штети од ниските цени на нафта покрај Русија ги трпи и Казахстан, кој исто така ова година би можел да побара помош, па можеби дури и Бразил, чие спасување би било поскапо отколку случајот со Грција.

Во Азербејџан кој прв се обратил за помош, кредитниот рејтинг одеднаш е на BB+ s BBB, прв пат во историјата. Иако во Баку минатата недела демантирале дека побарале меѓународна помош, централната национална банка потрошила повеќе ид 60% од своите резерви бранејќи го девизниот курс -маната. Гувернерот Елман Рустанов наведил дека седум банки би можеле да се спојат како би ја поддржале индустријата, која минатата недела ја напуштиле шест инвестициски фондови.

‘Standard & Poor’  објавиле прогноза дека економијата во Азервејџан ќе ослабне за 1% во тековнава година, додека БДП поглава на жител ќе падне на 4.100 долари, што значи дека ѓе се преполови во однос на 8.000 долари прет две години. Сето укажува дека Илхам Алијев, претседат на Азербејџан сепак прв скокна и обратил за помош.

Остриот пад на цената на нафтата коинцидира со почетокот на руската воена кампања во Сирија, маногу од тоа упатува дека тој пад не дошол спонтано, туку дека е инсцениран како средство за слабеење на Русија. Јавноста во Русија верува дека зад стоа стои САД со останатите сојузници.

Овој изненаден  раст на цената, за кој сеуште не знаеме дали е почеток на нов тренд или пак само изилиран инцидент, временски се поклопил со тешките и уште неизвесни преговори во Женева на кои во мир би требало да разговараат Дамаск и опозицијата. Никој не очекува историски исход на овие разговори, доколку бидат одржани, ама и тој бил влегол во формулата за пресметување на цената на нафтата.

Она што би требало да представува сигурна основа за цената на сировата нафта наскоро би можело да го продолжи растот представуваат неофицијални информации кои се слушнале после последната редовна конференција на ОПЕК во декември, дека многу членки вклучувајчи ја и Саудиска Арабија, не биле задоволни заради ниските цени на нафтата која и понатаму паѓа. Јавната отценка дека цената на нафтата е проблематична во таа прилика ја дал и генералниот секретар на ОПЕК Абдалла Ел-Бадри, кој најавил дека сите членки на организацијата заедно со земјите кои не се во неа ќе бараат решение. Од Ријад во декември кога цената на нафтата била 37 долари по барел, се слушнало дека можат да ја издржат ниската цена и да се сочека пазарот да се избалансира.

Два дена откако цената на нафтата одеднаш порасна ирачкиот министер за нафта Адел Абдул Махди изјавил дека Русија и Саудиска Арабија подготвени се да демонстрираат ’големе флексибилност’, кој и било да прв трепнал, Москва или Ријад, по сё сидејќи тоа бил сосема доволен сигнал да се сопре понатамошното тонење на цената на нафтата.

Извори/референци:

http://advance
http://www.ft.com/intl/cms/s/0/c942a4c2-c5df-11e5-b3b1-7b2481276e45.html#axzz3yeFRvwMK
http://izvestia.ru/news/602827
http://www.bloomberg.com/news/articles/2016-01-28/oil-extends-gain-from-three-week-high-as-russia-flags-opec-talks
http://www.rbc.ru/business/29/01/2016/56ab77dc9a7947aff55744ae

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here