Европската комисија пред два дена соопшти дека Австрија одлучила заради “ситуацијата со мигрантите,која излегува од контрола“ до фебруари и дека може да ја продолжи до септември воведениот надзор на внатрешните шенгенски граници.

Со тоа вкупно седум држави на Европската Унија воведоа таков привремен граничен надзор во внатрешноста на шенгенскиот простор, изјавила за печат представничката во Европската Унија Наташа Берто.
Медиумите во ЕУ ја пренесуваат и најавата на владата во Љубљана дека ќе воведат проверка на пасошите и идентитетот на патниците на словенските граници.
Берто наведила дека, на основа шенгенските одредби за “принудни можности“ Шведска, Данска и Норвешка воведоа надзро на шенгенските гранични меѓи.
Таа додала дека заради проценката од предупредувачката ситуација, што е нагласено со шенгенските правила, такви мерки превзела Австрија, Франција, Германија и Малта.
“Австрија Европската комисија веќе во септември ја извести дека вопведува привремен надзир на внатрешните шенгески граници, согласно статутот и одредбите на шенгенот“, – објаснила Наташа Берто.
Владата во Виена сега на Комисијата во Брисел и ставила до знаење дека “ ја продолжила таа привремена гранича контрола до фебруари заради тоа што ситуацијата со мигрантите излегла од контрола“.
Медиумите во ЕУ пја пренесоа и изјавата на представниците на австриското министерство за надворешни работи дека “следната етапа би можела да биде воведување на контрола на словенските граници“.
Италијанските весници јавуваат дека тоа ги загрижило властите во Рим бидејќи би можело да се случи бегалците и мигрантите да се натрупаат на италијаските граници, ако повеќе немаат премин преку Австрија и Словенија.
Римските власти се вознемирија и заради тоа што германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот клучен партиски партнер, баварскиот премиер Хорц Зехофер договориле многу брзо да ги отфрлат барањета за азил на мигрантите кои доаѓаат од северот а Африка.
Стаува збор за Мароко, Алжир и Туис каде имигрантите, кои во остантиот дел на ЕУ доаѓаат преку Италија, да бидат вратени по брза постапка, меѓутоа проблем е што не “земјите не се безбедни“ во поглед на владеењето на правата и демократијата.
Партијата на канцеларката Меркел ЦДУ и нејзината баварска партија ЦСУ сакаат да го убедат главниот партнер во владата, социјалдемократската СПД, да го усвојат законот сличен на оној кој е воведен за државите до Западниот Балкан, а тоа практички значи да немаат никаква можност за азил.
Потпретседателот на чешката влада, која истовремено е и министер за економија и финансии, билцелосно отворен: “Ситуацијата денес принципиелно се измени. Не постои ништо шт ја обврзува на Чешка, а сметам и дека ние не сме во состојба во овие моменти да примиме било кого. Чешките политичари прво се должни да ја гарантираат безбедноста на своите граѓани, адури потоа да размислуваат за можноста да се покаже солидарност со бегалците. Чешка има и свои проблеми отповеќе одколку што треба.
Сето ова Бабиш го изјавил во интервју за парискиот весник “Право“, а за можно го нашол и потребно да го каже и ова: “ Ако некои земји сакаат да примаат уште бегалци, иако не сум сигурен дека постојат веќе такви, нека директно ги земаат од Турција и превезуваат во своите земји со авиони.
Чешките представници донеле и одлука за затварање на границите и забранат влегувањето на мигрантите, додека Меркел “не доведе во ред“. Еден висок представник на Чешка во шега изјавил:“ Нека сега мигрантите ги донесуваат со авиони“.
Покрај Чешка, Австрија одлучи да го укине шенгенскиот договор на својата територија, што претставници на ЕУ го отценуваат како технички распад на унијата.
ИТАЛИЈА НЕ САКА ДА ГО СЛУША НА БЕРЛИН И БРИСЕЛ.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер отценил дека односите на Италија со остатокот на Европската унија“ не се баш најдобри“.
Притоа го обвинил италијанскиот премиер, Матео Ренци , дека се обидува да ја “демонизира Европската унија“.
Ренци на ова, се разбира одреагирал.
Тој го обвинил на Јункер дека се обидува со Италија да управува од надвор и му порачал: не се обидувајте, тоа не е можно!
“Италија мора да ја слушнете и разберете„ Помина времето-нагласил Ренци – кога некој можеше да мисли дека со Италија може да управува од надвор. Италија залсужува почитување!“
ФРАНЦУЗИТЕ ДИГААТ ВОСТАНИЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Францускиот претставник во Европскиот парламент поднел амандман на извештајот на Дејвид Мекалистер за напредокот на Србија во кој бара да се преиспита независноста на Косово, како и учеството на поедини држави на ЕУ во бомбардирањето на СРЈ во 1999 година.
Европските парламентарци вложиле дури 190 амандмани на предолг резолуцијата за напредокот на Србија кој го поднесува Дејвид Мекалистер, а и овој пат најмногу пристигнале од Хрватска – дури 24 амандмани од Загре каде бараат пред Белград да се стават дополнителни услови за решавање на прашањата на границите и сукцесијата, до враќањето на културните богатства и заштита на правата на хрватските малцинства.
Сепак, дека сите амандмани не се негативни за Србија докажува и оној кој го поднесе пратеникот Жам-Лук Шафхаусер, член на паријата на Марин Ле Пен.









