grcija
Во следните денови, гфрчката влада ќе започне уште една рунда на сложени преговори со своите кредитори и политички партии како дел од новата фаза на економски реформи. Во средиштето на тие преговори е и планот за реструктуирање на државниот пензиски систем, што претставува посебно чувствителна тема со оглед на тоа дека пензиите останаа единствена социјална сигурност во државата. Иако заканата од излегување нан Грција од еврозоната ќе биде далеку помала во 2016 година, отколку што беше во 2015 година, сепак постои и понатамошна закана од социјални-општествени немири и политичка нестабилност. Грција ќе мора да се соочи со низа на потешкотии кои ќе ги одбележи Европа барем во порвата половина на годинава. Меѓу нив се и последиците од глобалното економско успорување, се потешката бегалска криза која се заканува со уривање на системот на Шенген, зголемена политичка нестабилност заради големата поддршка на популистичките партии, можност на Брексит, а што со себе носи и потенцијална политичка дестабилизација на целиот континет.
Во Грција се оддржуваат избори за ново водство на најголемата опозициска партија, конзервативната Нова Демократија. На тие внатрешни избори се очекува можен судир на Вангелис Мемаракис, кој ја водел партијата од претходните изборни порази и Киријакис Мицотакис, кого светот сака да го види на чело на Грција. Мицотакис е економист кој студирал на Харвард, ориентираен е спрема реформите на слободниот пазар, а се натпреварува за радикални смени во партијата и државата. Во првиот круг Мицотакис изгуби, ма се очекува дека во вториот круг да биде фаворит. Како опозициски лидер Мицотакис би можел да се покаже како главен производител на политичките борби во Грција.

Сам по себе, Мицотакис е вообичаен непотистички грчки политичар. Син на поранепен премиер, кој се обидел да се носи со најтешките грчки проблеми, а неговата постара сестра била потпретседателка на Нова Демократија. Се смета дека нема да биде предводник на бескомпромисната борба против коруптивниот политички и економски систем. Критичарите го критикуваат како династичен политичар, кој нема каризма и не е добар во односите со медиумите. Како министер  на поранешната влада, Мицотакис е отценет како еден од најуспешните грчки политичари бидејќи сакал да ја пренасочи дисфункционалната јавна управа и воведе нови концепти. Неговата сестра тогаш не сакала да ја подржи кандидатурата на својот брат за нов лидер на партијата, што се смета дека таа се видела самата себе си како лидер на тоа место.

Со огледна тоа дека Мицотакис е сколн кон кредиторите, и дека партијата која речиси во целост доживеа крах во однос на подршката на народот сната модерна партија на десниот центар, проевропска и склона кон големи бизниси, како и собиралиште на сите грчки политички сили на центарот, па дури и на одние кои се наоѓаат во речиси непостоечкиот социјалистички Пасок, постои моќност дека Европската Унија и големите финансиски институции да прават сё за да ја отежнат работата на сегашниот премиер Алексис Ципрас, а да заговара доаѓање на Нова Демократија на власт.

Тоа всушност и се случува. Ципрас внимателно ги следи упатствата од договорите со челниците на еврозоната, ама тоа во целост ќе се види дури ова година, кога тој процес ќе биде ставен на извештај. Без оглед на тоа што ќе пишува во тој извештај, Мешѓународниот монетарен фонд вече најавил дека засигурно ќе бара уште подлабоки реформи во подрачјата како што се пазарот на труд и пензискиот систем, а тоа може да биде согурна политичка смрт за премиерот Ципрас. Сириза, независно од Ципрас, продолжува да го турка својот паралелен програм, кој вклучува мерки надвор од консилтациите со кредиторите, а што може да има значителни последици на грчкиот долгорочен економски развој. Сириза во јавната служба уфрлила свои послушници и се закануваат дека ќе ги сопрат реформите, пред сё оние околу образованието кои се воведени како би се меритокрацијата и привлекувањето на странските професионалци вовеле на грчките сеучилишта.

Реформираната Нова Демократија заради тоа би можела да биде силна пречка која би го сопрела притисокот на Сириза, и вовлече во политички процес представниците на приватниот скетор и големиот бизнис. Со тоа навистина би се остварила ноќната мора на Ципрас, бидејќи досега грчкиот премиер бил целосно уверен дека единствена парија која би моќжела да ја замени нејцината лева влада, би можела да биде неофашистичката Залатна зора. Ама победата на Мицотакис би имала голема подршка меѓу членките на Европската пучистилка партија, ама единствено ако оствари целосен преки со минатото.

Секоја грчка политичка сила ќе мора да се соочи со големи потешкотии. Невработеноста погаѓа околу 25% од грчкото активно население, и повеќе од 50% од гршката младина, а тоа цели семејства ги остава на зависност од пензиите на старите припадници на општеството. Последично, грчката управа не сака да ги имплементира структуралните реформи во внатрепноста на пензискиот систем, што го бараат европските и меѓународните финансиски институции. Сега странските кредитори бараат од Ципрас да ги спроведе и тие реформи. Дражавата троши околу 17% од својот домашен производ на пензиите, што претставува најголема таква ставка во Европската унија. Систем со намалена работна сила, мал наталитет, нефункционални оданочување, недостаток на финансирање и законските недоречености едноставно се неодржливи.

Кредиторите сакаат Атина да ги намали своите Расходи за 1,8 милијарди евра годишно. Грција мора да го претстави формалниот план до крајот на јануар во кој ќе објасни како ќе ја објасни оваа цел. Тогаш кредиторите ќе го проценат статусот на грчката програма и одлучат дали Атина ќе добие финансиска помош. Грчката влада се надека дека ќе добие дозвола за реформите и добие финансиска помнош на средства од почетокот на фебруари. На тој пат постојат неколку главни препреки. Ципрас го држи мнозинство вогрчкиот парламент за само три места, па и најмала побуна би можела да произведе таква криза во владејачката коалиција  за да може владата да падне. Во меѓувреме Ципрас мора да  им докаже на кредиторите дека Грција остварува доволно голем напредок, како би добила уште една финансиска инекција.

На Ципрас секако му се брза. Веќе на 4.јануари испрати предлог реформи до Европската Унија, надевајќи се на скорешен почеток на преговорите. Наскоро грчките функционери ќе го посетат Брисел, Берлин, и Париз како би поразговарале со кредиторите. Во минатиотот парламентарните затспници, а поготово опозицијата, го обвинуваат на Ципрас дека не го известува парламентот за своите планови, па заради тоа грчката влада ги поделила предлозите на парламентот како би добила сё повеќе подршка од законодавците. Во сето тоа Ципрас мора да покаже силна политилчка способност. Грчката влада предлага консолидација на пензиските фондови во еден единствен фонд, што доведува до учинковитост, промена на начинот како пресметуваат пензиите и поголемите издвојувања за социјалната безбедност од страна на претпријатијата и работниците. Атина исто така планира да ги намали пензиите на постоечките пензионери. Тие исто така сметаат, дека зголемувањето на издвојувањата на претпријатијата за социјалниот систем, негативно, бидејчи би ги обесхрабрило создавањето на нови работни места и испорило економското опоравување на Грција.

Очекувано, опозициските партии одбија да го подржат ваквиот план, па Ципрас зависи од своите пратеници со што реформите би се спровеле низ парламентарна расправа. Членовите на владејачката Сириза и партијата на Независните Грци речиси се тивки во однос на ова прашање, иако незадоволството би можело да се зголеми во внатрешноста на владејачките во текот на неделите кои предстојуваат. Дие предвидуваат дека во 2016 година, че биде година кога Грција ќе ја почувствува сета сила на општествените, политичките и економските последици ос воите одлуки. Заедно со пензиските реформи, Атина мора да започне со контраверзното оданочување на селаните и покрене низа на приватизациски активности. Успехот на тие мерки ќа ја запраша стабилноста на вкладејачката коалиција, како и толеранцијата на грчкиот народ.

Моментално може да се очекува дека Грција ќе доживее низа на протестти. Селаните веќе и ветиле на владата дека тргнуваат во војна против плановите на бришење на земјоделските субвенции.Синдикатите веројатно ќе започнат големи улични протести против пензиските реформи. Големиот предизвик за Ципрас ќе биде да ја одржи владата заедно и покрај незадоволството. Ако Мицотакис  го освои лидерското место на Нова Демократија, тоа ќе биде дополнителна закана, ама на грќкиот премиер најголема потешкотија му доаѓа од самата Сириза. Ако Ципрас ја изгуби довербата на коалицијата, тогаш ќе мора да побара нови партнери во парламентот или да повика на нови избори. Повеќето грчки гласачи не сакаат да излезат од еврозоната, што го водело на Ципрас да го прифати новиот план за реформи во јули 2015 година. Ама во случај на нови избори, нема гаранција  дека гласачите ќе го подржат членството во еврозоната, особено кога еконосмкото опоравување на грција е споро и неизедначено.

Владата на Грците им ветила дека третината од реформите на крајот ќе водат до некој вид намалување на долгот, најмногу во намалувањето на каматите. Ама тоа олеснување ссуште не е на повидок. Атина не сака ММФ да биде вклучен во грчките реформи откако моменталниот програм е реструктуирање на долговите ќе заврши во март. ММФ е една од најстрогите  меѓународни организации кога се зборува за имплементацијата н а мерките за штедење, ама и најсилен заговорник на олеснувањето на долговите на Грција. Ако ММФ биде исклучен од идните преговори , можноста владата да обезбеди олеснувања ќе бидат многу мали.

Освен политичките, економските и општествените проблеми, Грција мака мачи и со мигрантската криза. Грција не по своја желба прифати помош од агенцијата Фронтекс во зголемената контрола на грчко-македонската граница. Некои политичари во Германија и другите земји членки на Европската унија сметаат дека Грција би требало да биде исфрлена од Шенген зоната, бидејќи Атина не ги почотува одредбите како што треба. Ова е прашање кое грќката влада мже да го искористи во идните разговори.

Извори: dubai-portal.com.mk/advance/Wall Street Journal, Stratfor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here