ердоган-нетанјаху

Израелските медиуми на 17.декември објавија дека Турција и Израел наскоро ќе ги нормализираат своите односи. од тука произлегле многу позитивни реакции на ова најава, иако реланата нормализација на билатералните односи на Турција и Израел може да биде прерано очекување. И покрај тоа, меморандумот за разбирање помеѓу двете влади е знаковит. Него го договориле заменик министрите за надворешну работи на Турција Ферудин  Синирлиоглу и изралескиот министер за надворешни работи Дире Голд, на тајни преговори во Швајцарија. Станува збор за меморандум од пет точки.

 Прва :Анкара и Тел Авив ќе ги обноват целосно своите дипломатски односи и размена на амбасадори.
 Втора: Израел ќе им плати 20 милиони долари на семејствата на жртвите на Мави Мармара од 2010 година.
 Трета: Турција ќе изгласа закон со кој завршуваат сите досегашни и идни судски случаеви против израелски војници  вклучени во Мави Мармара.
Четврта:Двете страни ќе започнат преговори за извоз на израелски природен гас во Турција.
 Петта:Турција од земјата ќе ги протера високопозициониранио лидер на Хамас Салех ал- Арури и намали дејствувањето на одредени палестиснки групи на својата територија. (најважна точка)…

Случајот Мави Мармара се однесува на израелската воена операција против шест цивилни бродови со колективен наслов “Флотила за слободата на Газа“, која беше спречена на 31.мај 2010 година во меѓународните води на Средоземното море. Во нападот на флотилата убиени се девет активисти. Флотилата превезувала хуманитарна помош и градежни амтеријали за Газа, која во тоа време беше под блокада и силни напади на израелската војска. Израелската влада тврдела дека станува збор за провокација и медиумска кампања.  Според израелските тврдења, псле истоварувањето на турскиот брод Мави Мармара 40 од 590 патници давале отпор со ладно оружје. Осум турски државјани и еден американски државјани со турско потекло беа убиени, а десеттиот челн на флотилата почонач на 3 мај 2014 година во болнива после несупешно лекување од тешко ранување.
После тој инцидент Турција го отповика својот амбасадор од Тел Авив, ги откажа заедничките воени вежби и побарала итен состанок на ОН. Тогашниот турски премиер, а сега претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини Израел за крвав масакр и државен тероризам. Ердоган побара Израел да се извини, плати компензација за семејствата на загинатите, прекине блокадата на Газа, па дури тогаш Турција ќе размислува за нормализација на односите. Под притосок на САД, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се извини , и во 2013 година понудил 20 милиони долари компензација, меѓутоа во меѓувреме доаѓаше до сё почести судири помеѓу двете земји. Се разбира на ова може да се додаде вперувањето на турскиот прст кон Израел за ционистичката политика која создава постојани немири на Блискиот исток. Зради тоа Турција одлучила да му посака добредојде на борците на Хамас кои засолниште пронајдоа во Мала Азија.

Два дена откако е објавено дека Израел и Турција ќе потпишат меморандум за разбирање, лидерот на политичката канцеларија на Хамас Халед Мешал се сретнал со Ердоган. Според извештаите на турските медиуми се расправало за развојот на настаните на Блискиот исток. За Хамас турската одлука за смирување со Израел претставува потенцијална цена која Хамас ќе мора да ја плати. Првата цена која мора да се плати тоа би можело да биде протерување на Арури. Во декември 2014 година Арури отворил ’своја’ канцеларија во Истанбул кој делувал помалку независно до центарот на движењето. Арури е протеран од Израел во април 2010 година. Барал да биде испратен во ппјасот Газа, ама Израел одлучил да го протера од сите палестински територии под уверување дека неговото присуство во Газа  представува закана за Израел. Арури веќе во 2011 година бил во Истанбул. каде допринесол за фрагментација на челништвото на Хамас кое значително се зголеми после убивањето на шефот на овадвижење Шејхот Ахмед Јасин во 2004 година од страна на Израел.

Арури го започнал процесот на зајакнување на теренската работа, односно оснивање на активна организациски структури способни за покренување на напади против Израел. Заедно со тоа ја искористил и ранливоста на приврзаниците на Хамас во Газа кои останаа затекнати од египетското затварање на тунелот, и истовремено зајакна својот статус надвор од окупираните територии, ама и понатаму во рамките на Хамас. Арури во тоа време организирал низа на напади на израелската инфраструктура, меѓутоа исто така бил обвинет за минирање на преговорите  за помирување помеѓу Палестинската самоуправа и Хамас. Дури се смета дека Арури створил инфраструктура на Западниот брег како би извршил удар против Махмуд Абас. Овој доказ Абас му го предал на Мешал во летото 2014 година, во текот на средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал- Тани.

Ако Арури биде исфрлен од Истанбул, а неговата канцеларија затворена, тоа ќе биде добра вест за Мешал, посебно бидејќи Ердоган инсистира Израел да ја прекине блокадата на Газа како предуслов за нормализација на односите. Тешкое да се погоди каде Арури ќе замине од Турција. Нема да му биде лесно да пронајде друга земја која веднаш ќе го прифати и која ќе му дозволи да изгради нова база на своја територија. Јемен или Судан би можеле да бидат меѓу најреалните опции, ама во тие земји Арури би имал многу помалку успех во однос на Турција.

Интересно, во меморандумот за разбирање израелската блокада на Појасот Газа не е спомената. Од 2010 година турската страна условувала дека до обнова на дипломатските односи со Израел може да дојде доколку Израел ја прекине блокадата врз Газа. Сепак, Израелските лидери одбиле да ги прекинат санкциите против териториите под управа на Хамас се додека таа палестиснак група не престане да биде закана за Израел. Единствена расправа за тоа може да заврши со оелснување на блокадата, ама не и целосно укинување. Вистинско прашање е дали тоа ќе биде прифатливо за Анкара. И претходно блокадата беше помалку олеснета, бидејќи Израел направил некои мали одстапки. Тоа главен (почетен) дел од турската политика  спрема Израел во последните пет години и не е веројатно  дека Анкара тку замо така би се откажала од овој важен дел од договорот.

Моментална причина за откажување би можела да биде четвртата точка ор меморандумот за разбирање.Моментално најголема работа во Анкара не е Израел,туку Сирија и Русија. Турската страна се обидува да пронајде н ови партнери против Русија и пронајде нови извори на природена гас за своите потреби. Во стварност, природниот гас би можрл да ги затопли турско-израелските односи.Израел има резерви на природен гас во подморјето на својот дел на Средоземјето во проценка од 904 милијарди кубни метра. што далеку ги надминува потребите на земјата, со оглед на развиената турска техничка и инстутиционална инфраструктура и желба да стане центар на енергетската политика, извозот на израелски гас во Турција и Европа би можел да се договори. Се разбира кон тоа помагаат и американските фабрики, како што е Noble Energy, а Турција при тоа ќе мора да ги разреши и несогласувањата со Грција и Кипар околу ексклузивната економска зона.

Природниот гас би можел цврсто да ги поврзе Анкара и Тел Авив. Тие две земји се соочуваат со слични закани и имаат заеднички интереси, те е принудени се да соработуваат во мноху полиња како што е Руското присуство во Сирија, заканите од ИСИЛ, ширењето на иранското влијание и моќ-та на Блискиот исток. Со оглед на турските и израелските општествени, политички и безбедносни потреби, нормализацијата на односите би можело да биде на повидок.

Па дури и тоа да се случи, сосема е веројатно дека ќе се работи за прагматични односи од суштински потреби. Додека АК партијата е на власт нема да оживее духот на пријателството кое владеело во турско-израелските односи од касните деведесети до 2008 година. Кога денешницата ќе се спореди со тоа време, јасно е дека не само што односите се нарушени, туку нив речиси повеќе и ги нема. Покрај се, целата политика се одвива според локалното изборно тело, а во Турција  секуларните либерали се многу слаби и многу јаки религиските  конзевративци. Ист е случајот и во Израел, што зборува дека постои малку желба на јавноста за подобрување на односи.

Нетанјаху со израелските парламентарни застапници минатата недела објавил дека се започнати разговори со турски представници околу извозот на природен гас. Ова недела Ердоган нагласил дека обновување на односите  на двете земји представува добро за целиот регион. Во тој регион, двете земји се плашат од руското присусутво и одредени групи во Сирија кои Русија ги подржува. Заради новонастанатата ситуација тензиите помеѓу Турција и Русија прагматична  врска со Тел Авив е повеќе од потребна. Ама, тоа не значи дека израелскиот гас ќе потече кон Турција набрзо, па дури и ако двете страни ги нормализираат односите.

За почеток, развојот на гасните полиња на израелското море сопрен е минатата година заради внатрешнополитички прашања. Дури и прелиминарните договори кои наводно Израел успеал да ги заврши во добрососедските односи се прекинати. Така плановите за изавоз на израелски гас во Египет и Јордан, две араоски земји со кои Израел има мировни договори одбиени се заради политичко спротивставување. Паралелно со тоа, планирањето, финансирањето и изградбата на гасоводо може да се продолжи и на десет години, дури и ако нема било какви политички и дипломатски компликации, а камо ли технички предизвици на изградна на гасовод на дното на Средоземното море. Колку за пример Азербејџан одкри големи количини на гас во 1999 година, ама му требаа 14 години за да донесе конечна одлука за извоз во Турција. Гасот нема да протече пред 2018 година.

Ама тој процес нема да помине без било какви политички спротивставувања и подметнувања. Во Израел опозицијата со левицата и десницата го критикува меморандумот за разбирање. Опозицискиот лево ориентиран либерал Исаак Херцог изјавил дека смирувањето би можело порано да се случи, ама Нетанјаху го сопрел тој процес.Конзервативниот Авигдор Либерман, поранешен министер за надворешни работи на Нетанјаху, изјавил дека станува збор продажба на радикалниот исламистички режим.
Завршно може да се каже дека договорот помеѓу Израел и Турција е од дологоречн карактер, без иснтантен профит, како и потенцијално полн со политички напади на сите страни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here