![]()
Беше една студена ноемвриска вечер 1938 година. Немилосрдни луѓе со срца исполнети со омраза и палки во рацете започнаа со уништување на голем број на продавници кои им припаѓале на Евреите. До крајот на вечерта биле уништени 276 синагоги, искршени 7.500 излози на продавници во сопственост на евреи, осквернавени неколку еврејски гробишта. Убиени најмалку 91 Евреин во истиот злостор.
Приведени биле околу 30.000 еврејски мажи, и истите испратени во концентрациони логори. Искршените парчиња од стаклата на продавниците ги преплавиле улиците. Во историјата ова вечер е позната како Кристална ноќ – “Ноќ на искршени стакла“
Кристалната ноќ била пресвртница која водела кон концентрациони логори и холокауст – на чиј крај шест милиони Евреи биле одведени во смрт. Денес изгледа како да одиме во истиот правец – ама овој пат со Муслиманите наместо Евреите.
Кристалната ноќ оправдана е од страна на нацистите како одговор на убиството на германски дипломат во Париз од страна на еврејско момче. Слично на тоа , и зголеменото ниво на исламофобија за многумината Американци е оправдано заради застрашувачките и трагични убивања од страна на муслиманите во Сан Бернандино и Париз. Убиствата во Сан Бернаднино посебно изгледаат застрашувачки заради фактите дека се направени од страна на роден американски државјанин и неговата сопруга. Тоа представува двојно предавство на нивната исламска религија, религија на мирот, како и нивната матична држава, која ги прифатила и им овозможила да го живеат американскиот сон.
Класичната политика на фашистите била: прво да се злоупотреби и демонизира малцинската заедница, да се изолираат, потоа да се сугерира на насилства и на крај подтикни и впушти во насилство. Иако досега, за среќа, не сме дошле до последната фаза, дефинитивно сме во втората, и дека многу веројатно се движиме кон последната фаза. Еве и зошто.
Доналд Трамп, водечки претседателски кандидат на републиканската партија бил доста фокусиран на представување на муслиманите на многу негативен начин, каде секое негово тврдење е сё по екстремно од претходното. Кога еден човек на еден од говорите на Трамп рекол: “Имаме проблеми во ова земја. Тоа се муслиманите… Како да се ослободиме од нив?“, Трамп само одговорил: “Ќе обрнеме внимание на тоа како и на многуте други работи“.
Минатиот месец Трамп изјави дека е отворен за идејата за креирање на бази со американските муслимани или носење на посебни идентификациски картички на кои посебно ќе биде наведена нивната религија. Тој зборувал за затварање на американските џамии“ бидејќи се случувале лоши работи“. Се заколнал “ мора да направиме работи кои никогаш порано не сме ги направиле. Работи за кои сме мислеле дека никогаш нема да се случат во ова земја во поглед на информациите и дознавањето на непријателот“. Пред неколку денови, одеднаш изјавил дека кога би имал можност би го забранил влегувањето на муслиманите во САД – изјава која предизвика бурни реакции во САД и светот, при што дури и британскиот премиер кој инаку не ги коментира американските избори, упатил приговор до Трамп.
Трамп објаснувал и потикнувал на се поголема исламофобија во САД и која е подржувана од страна на добро познатите исламофобни личносри слични како Франк Гафнеј.
Резулататите од ширењето на американската исламофобија се трагични и видливи во секојдневните вести. Листата на примери е многи долга, а некои од нив се: Муслимани физички биле нападнати и злоупотребувани во школите и универзитетите. Марокански возач на такси запрашан е дали е “Пакистанец“ а потоа бил застрелан. Џамиите се нападнати и палени, токму како и муслиманските домови. Џамии и семејства примиле повици во кои е потврдено дека муслиманите, вклучувајќи ги и децата и старците ќе “бидат убиени“. Свински глави се фрлани во џамии за инает на забраната за конзумирање на свинско месо кое муслиманите го практикуваат. Неодамна, човек влегол во една продавница во сопственост на американски Муслиман во Њујорк,го претепал сопственикот извикувајќи “сакам да убивам муслимани“.
Покрај сето тоа, директорот на одсекот на Советот за американско-исламски односи во Флорида коментирал“ заедницата нам ни се обраќа за заштита, сигурност и водство. Не спиеме“ Тој на Трамп директно го споредил со Хитлер, додавајќи “не го зборувам ова туку така.“
Иако директно не сугерирал дека Трамп е новиот Хитлер, постојат некои интересни сличности нив двајца. Според поранешната сопруга на Трамп, тој бил фасциниран од Хитлер, и наводно, книгата од неговиот говор ја држел покрај креветот. И двајцата Трамп и Хитлер се врвни опортунисти кои итро и брзо одговараат на нивното политичко и општествено опкружување. Двајцата стравствено се идентификуваат со нацијата, настојувајќи да ја спојат својата особеност со особеноста на нацијата. Двајцата се харизматични личности кои ги зачаруваат своите следбеници. Силата на двајцата почива на јавните говори и количината на хистеријата произведена врз присутните.Двајцата се појавија во време на економска криза, политичка несигурност, и сеопшт страв во општеството. Двајцата ја истакнуваат темата за понижување на нацијата и тоа дека тие ќе ја обноват нејзината чест.
Двајцата, Трамп и Хитлер со фокусирањето на непријателството спрема одредено непопуларно малцинство како извор на сите болести во општеството, можат да ги обединат луѓето и воспостават лидерство тогаш кога на луѓето очајнички им треба “решителен лидер“. Двајцата ги обвинуваат малцинствата за загрозување на равнотежата во општеството- Хитлер ги обвинувал Евреите за предавство на Германија после Втората светска војна, а Трамп ги обвинува муслиманите за симпатизирање на тероризмот кој сака да го уништи САД. Двајцата се служат со лаги како би ги поткрепиле своите тврдења, Хитлер непрекинато измислувал лаги за Евреите исто како и Трамп кој тврди дека гледал како илјадници муслимани се радувале-славеле на 11.септември во Њу Џерси.
Меѓутоа и покрај многуте сличности, постојат и разлики: додека Хитлер бил опседнат со Евреите опишано во неговата книга ”Mein kampf”’ која е преполна со анти-семитизам, токму како и неговата последна желба во бункерот пред да се самоубие – Трамп има добри односи со муслиманите, и со нив често пати потпишува деловни (бизнис)договори.
Трамп веројатно не ја разбира опасноста која се крие зад реториката со која се служи. Иако можеби сме далеку од Кристалната ноќ, важно е да се истакнат патоказите кои Германија ја одвеле во таа судбоносна ноќ. Ако Трамп стане претседател, акаде с наоѓаат две големи ако – прво мора да ја освои партиската номинација, а потоа да ги освои изборите – расправата на овој извадок повеќе нема да биде само реторичка. Трамп веќе превзеде неколку ситни ама опасни чекори кон ослободување на силите кои би можеле да бидат стартер за насилства од големи размери.
За среќа, многу Американци одговориле во духот на својот плуралистички идентитет. Демократскиот кандидат Хилари Клинтон и Берни Сандерс недвосмислено го критикуваа на Трамп. Уште поважно, други републикански кандидати кои исто така имале одредени исламофобични коментари сепак го осудија Трамп. Џеб Буш неговиот предлог да се забрани влегување на муслимани во САД го нарекол“ ненормален“, а Линдси Грахам му порачала на Трамп “ да оди по ѓаволите“.
Соединетите Американски Држави 2015 година, не се Германија 1938 година. Важно е да се нагласи дека двете се сосема различни општества во различни историски периоди. Плуралистичкиот идентитет на Американците представува она на што почива нацијата. Тоа е таа идеја на Америка која ќе ги сопре луѓето слични како Трамп во ширењето на нивните пораки исполнети со омраза, предизвикувајќи го нивниот идентитет кој лежи во самото срце на американскиот идентитет. Американската плуралистичка визија мора да биде одбранета како од таканаречената Исламска Држава така и од Трамп и луѓето слични како него, а Муслиманите се клучни сојузници во ова битка.
Како што би потврдил и било кој социолог, во општеството постои причина и последица. Тоа значи ако нешто е направено, тоа непрекинато ќе одведе до нешто друго. Во нашиов случај, демонизацијата и прогонот на евреите во Германија водела до холокауст. Заради тоа денес мора да ги разбереме последиците на демонизацијата и прогонот на муслиманското општество. Тоа се поуки кои треба да ги земеме од Кристалната ноќ.
Извор:Akbar Ahmed (Huffingtonpost.com)/ превод Дубаи Портал.









