
Американски воени функционери тврдат дека Иран започнал фа ги повлекува своите воени сили од Сирија! Таков расплет на настаните уште минатиот месец го најави американскиот претседател Барак Обама, кога ја споменувал колаицијата во која учествуваат само Русите и Асадовите сили, ама тие зборови тогаш никој не ги регистрирал ниту пак сериозни сватил, пипува Bloomberg.
Американците тврдат дека елитни одреди на иранската Ревиолуционерна гарда веќе се повлекуваат кон матичната држава Иран, а причината за тоа лежи во тоа што Иранците претрпеле огромни губитоци во борбата за превеземањето на провинцијата Идлиб. Се потврдува дека во борбите наводно загубите на многу важни воени лица.
Меѓутоа, тешко е да се очекува дека Иранците се повлекуваат само заради загубата на неколку офицери… Изгледа дека вистинската причина ја открил израелскиот министер за одбрана Моше Јалон на еден од минатите самити. Имено тој изјавил дека Рускиот план бил Идлиб да биде очистен од бунтовниците во рок од три месеци.
– Ама тоа нема да се случи. Нема теорија, таа мисија е осудена на пропаст. Зошто? Едноставно сириската војска целосно е неспособна, додека пак Иранците се неодлучни, па дури и не заинтересирани…- додал тој.
Заминувањето на Иранците од Сирија засигурно е изненадувачко имајќи ги во предвид настаните кои го шокираа на Путин, а уште повеќе на Асад. Кога Русите и Сиријците се договориле со Иранците за заедничко дејствување против непријателите на Асад, тоа изгледало дека може да доведе до пресврт на Блискиот Исток. Ама сега, изгледа дека од сето тоа нема ништо. Русите останаа без главниот сојузник, а територијата која не е под контрола на сирискиот режим и понатаму е огромна.
Пред два месеци Волстрит Журнал добил информација дека дури 7.000 ирански војници се наоѓаат на територијата на Сирија. Американски воени претставници не отишле толку далеку со проценките, па така генералот Џозеф Данфорд изјавил дека на страната на Асад се борат околу 2.000 членови на Иранската Револуционерна Гарда.
Само 60 дена подоцна, бројот на иранските војници речиси стана занемарлив. Проценките зборуваат дека денес најмногу ги има 700.
-Иранците претрпеа огромни штети. Изгубија многу офуцери, важни воени функционери, па дури и генерал. Постојат информации исто така многу тешко е повреден и нивниот најопасен генерал Кассем Сулеимани. Наводно тој бил ранет во близина на Алеп, аамериканските служби сеуште го проверуваат тој податок – истакнал неименуван американски функционер.

Сулејмани : Најзпознатиот ирански генерал.
Меѓутоа дека нешто сериозно се случува на северот на Сирија, сугерираат и зборовите на Роберт Форд, американски амбасадор во Сирија од 2011 година до 2014 година.
– Масовно губење на поручници. А, кога губиш такви лица тоа значи дека ги губиш луѓето на првата борбена линија. А, тоа дури и Иранците го признаваат, сетот тоа беше потврдено и во нивната штампа.
Сега се поставува прашањето како откажувањето на Иран ќе влијае на војната во Сирија и колку ќе бидат протресени шансите на Асад да ја врати својата земја. Американците тврдат дека сеуште нема потреба да се паничи. Добра вест за него е дека Русите отвараат нова база во Хомс, што во превод значи тотална војна во воздухот.
– Ама, тое воздушни напади не можат да траат вечно! Едноставно Русија не може да води долготрајна војна во Сирија – изјавил Ентони Блинкен, заменик на државниот секретар на САД.
Војната во Сирија започна уште во 2011 година и Русите и Иранците беа подготвени да платат висока цена за останување на нивниот пријател и соработник на влас во Сирија Башар ал Асад. Мѓутоа, речиси пет години подоцна, позицијата на Асад не се променила многу. Дури и со срдечната помош на Иран и Русија не успеа ниту да ги уништи бунтовниците. А сега остана без уште еден важен сојузник на тлото (Иран).
(Avaz)










