Обединетите Арапски Емирати денес ​​слават 44 години од својата државност. Седумте Емирати, Абу Даби, Ajman, Дубаи, Fujairah, Рас Ал Khaimah, Sharjah и Ум ал Quwain се  здружија  и на тој начинсо формирање на Обединетите Арапски Емирати кои заедно станаа  една од најбрзо растечките и најуспешните земји во светот.

02.Декември 1971 год, претставува значаен ден за Емиратите. Денот поминува во прославување и организирање на различни културни и патриотски настани во целиот Дубаи.

Карактеристично е одржувањето на Националната парада цо центарот на Дубаи познат како Емаар, потоа следува најатрактивната 7 километарска прошетка низ седумте Емирати, тргнувајќи од булеварот на шеикот Мухаммед Бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е и владетел на емиратот Дубаи. Во текот на прославувањето се одржуваат и голем број на спортски настани, како што се Светскот првенство Флајбоард Дубаи, трки низ целиот регион, натпреварувањето во рагби во организација на Авиокомпанијата Флај Емирати

Се организираат и културно историски настани преку кои се прикажуваа историското настанување на емиратите, сето тоа проследено со традиционални ансамбли, театарски претстави кои најзастапени се во местото познато како село Херитиџ. Покрај тоа во текот на Националниот ден во организација на Марина Јахт Клубот се организира и парада со бродови низ пристаништетот во Дубаи, се организираат намалување на цените во шопинг центрите, и уште многу други настани кои во текот на овие денови Емиратите се познаваат и претставуваат со боите знамето на ова држава.

Овој ден не може да се опише со текст, едноставно треба да се доживее и почуствува кои жителите на ова земја соживуваа со целата нација во овие прекрасни моменти, а кои после извесен предиот од 15.јануари дочекувајќи го Шопинг Фестивало кој трае до 15 фебруар, месец кога милиони туристи и бизнисмени го посетуваат Дубаи.

Во тој период Дубаи е во светскиот центар на шопингот бидејќ нема што нема да понуди, и тоа по цени намалени и кои важат само за дој временски период додека трае фестивалот.

       

Нека им е честита 44 годишнината од нивното постоење !

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here