
Пред неколку денови турските воздухопловни сили соборија руски авион СУ-24. Најнормално е да се ичекува дека Русија ќе им возврати на некаков начин на Турције. Реакциите на Москва се еднозначни, ама не се во таа насока, и најверојатно освен веќе наведените економски, ќе уследат и дополнителни дипломатски и Господ знае уште какви последици. Меѓутоа како што тврдат поедини аналитичари. Сепак Турција ќе изгуби најмногу, особено од приливот на руските туристи кои во минатата година 2014 година ги имало 4,8 милиони и респективни околу 2,5 милијарди за турското стопанство. Уште повеќе на неодредено време се прекинати сите воени контакти помеѓу Москва и Анкара, а во Сирија веќе е инсталиран најмодерниот руски противракетен систем С-400 ( воведен за експлоатација во руската армија во 2007 година) а освен тоа важно е доаѓањето на ракетниот крстосувач “Москва“ во Латакија.
Во крајна мера теориите на заговор сугерираат и на можноста дека рускиот авион не бил соборен заради нарушувањето на турскиот воздушен простор, туку повеќе да се заштити, не толку светско познатото туркменско малцинство во Сирија, на кое Анкара гледа како на дел од својата дијаспора на Блискиот Исток. Кои се во стварност Туркмените? Ова е малцинство во Сирија со турско потекло и идентите кои го зборуваат турскиот јазик. Нивната религија е сунитски Ислам, според различни извори бројот на Туркмените во Сирија се движи од 200.000 и 3,5 милиони. Живеат во селски региони околу Дамаск, Хомс, Алеп, Латакија и Хамне.
Туркмените се населиле во пределите на денешна Сирија уште во времето на владеењето на Селџуците во 11 век. Со почетокот на граѓанската војна во Сирија ова малцинство цврсто тргнува во борба на страната на опозициската Слободна сириска војска и војува против војската на претседателот Башар Ал Асад (Бидејќи за време на владеењето на неговиот татко Хафез Асад и самиот Башар Ал Асад, не им било дозволено да се изјаснуваат како Туркмени, да учат и зборуваат на турски јазик), ама истовремено соработуваат и со ИСИЛ. Во секој момент сириските Туркмени ја посматрат реакцијата на Анкара и непрекинато сметаат на заштита и помош од страна на Турција. Основни воени единици на Туркмените се така наречените Сириските туркменски бригади, кои до овој момент успешно го бранат регионот во кој живеат припадниците на ова малцинство.
Воената структура на Туркмените соатавена е од неколку пешадиски бригади кои оперираат во рекиотн на Латакија, Алепо, Хомс, ал-Ракка, Дамаск, Хам и Тартус. Бригадите политички и воено раководат од Сирискиот туркменски национален совет со седиште во Истамбул. Вистинските, први туркменски единици формирани се во текот на 2012 година, а многу извори потврдуваат дека војничките бригади обука добивале од инсрруктури на специјалните сили на Турција во секретни логори на територијата на Сирија, Ирак и самата Турција. Туркменските борци во регионот на Латакија познати се како Бригада на туркменските планини, а борците се регрутираат од туркменските села кои се наоѓаат помеѓу турската гранична провинција Хатај и градот Латакија. Бригадата се наоѓа на првата линија помеѓу селата на Алевитите и секлата на Туркмените и нејзин командант е полковникот Мухаммед Ауад.Во бригадата постојат посебни 12 единици (батаљони), а основана е во 2013 година.
Друга туркменска бригада војува во провинцијата Алепо и нејзин командант е Али Башер. Во провинцијата ал-Рака оперира бригадата “Енвер ул-Хак“ и нејзин командант е шејхот Абдулах Деде. Во останатите региони туркменските единици војуваат како формации и под водство на Сириската слободна армија.
Според еден извештај на ОН во текот на ова година сириските Туркмени станале една од главните цели на ИСИЛ инад нив е извршуван геноцид, како и врз другите припадници на другите малцинства во регионите кои ИСИЛ ги држи под контрола.
Според сите расположливо податоци може да се направи заклучок дека соборениот руски авион летал над позициите на сириските туркмени при соборувањето и тој непријателски акт на Турција спрема Русија е јасен сигнал од Анкара дека Турција не да толерира воени операции протув сириските Туркмени кои Турција отворено ги подржува. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и јавно изјавил дека: Турција не сака ескалација на конфликт, ама со сите сили ќе ги заштитува своите браќа во Сирија..“ Од друга страна доколку дополнително биде докажано дека рускиот авион извршувал операции против туркменските борци, а не против ИСИЛ, ќе биде потврдена теоријата дека главна цел на Москва е уништување на целата сириска опозиција а не само ИСИЛ. Со овој инцидент на некој начин Анкара јасно ја подцртала и “црвената линија“ за целите кои можат да се гаѓаат на сириската територија.
Меѓутоа, без јасна визија околу креирањето на така наречената коалиција на ИСИЛ и визијата за иднината на Сирија како и одредеување кој се терористи во ова земја може да се очекува дека инцидентот сличен како СУ-24 нема да биде голем исклучок….
Извор: (The Bosnia Times) -dubai-portal.com.mk










