Во рамките на проектот “Вода за езерата, блатата изворите и луѓето на планината Јабланица, Македонското Еколошко друштво (МЕД) на 25.11.2015 година во просториите на хот. Дрим Струга, одржа презентација на резултатите за еколошката состојба на реките и глацијалните езера на Јабланица и стопанисување со шумите.
На средбата присуствуваа претставници на еколошки друштва, невладини и друг вид на организации, кои после излагањето на претставниците на МЕД, имаа можност да навлезат во дебата, односно стават забелешки или пак согледаат активностите кое ова здружение ги спровело на просторот на планината Јабланица.
Во прилог на оваа информација Ви приложуваме (скриншот) фотографии од учесниците во дебатата на оваа средба, како и целосен видео материјал од оддржаната средба.

Dubai-portal.com.mk









