
Ќе има големи последици заради денешното уривање на рускиот воен авион за кој се тврди дека навлегол во турскиот воздушен простор. Меѓутоа ваква ескалација можела да се очекува и навистина зачудува зошто вакво нешто досега не се ни случило.
Што навистина сега може да се случи? Последиците и штетите можат да бидат многу. Како прво, овој инцидент ќе им користи на актерите како што е генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој веќе некое време настојува да ја протурка теоријата за тоа дека заради руската воена активност во Сирија загрозена е безбдноста на самиот НАТО сојуз.
Се разбира, ваквите тврдења немаат смисла. Руските воздушни сили дејствуваат во Сирија против терористички елементи, и тие тука пристигнаа надиректна покана на легитимната , од страна на Обединетите Нации признатата , Сириска влада. По истиот клуч и Саудиска Арабија ова година интервенираше во Јемен, само што тие таму пристигнаа на повик на веќе соборената Влада, меѓутоа ако бидеме коректни, исто така на сеуште меѓународно и од страна на ОН призната Влада.
Што се однесува на руските воздушни сили во Сирија, тие НАТО пактот го загрозуваат единствено со тоа што ја загрозуваат политичката и геостратешката цела на поедини НАТО лидери, во првиот ред на САД. Да,Турција не е среќна заради фактот што Русија се вклучи на страната на сириската власт и сириската војска, ама Турција сама по себе има некои други приоритети, нивна примарна грижа се локалното- зајакнување на Курдите во регионот додека САД и понатаму размислува глобално.
Пред сё треба да се спомене дека војната во Сирија, која веќе трае пет години, не претставува никаков “автохтон“ судир во кој се вклучија големите сили бидејќи сакале или биле принудени. Војната во Сирија избувна како дел на значително поширока или дологорчна стратегија за доминација на регионот на Блискиот исток.
Толку работи се поврзани со Сирија, така да што ќе треба многу време истите да се набројуваат, меѓутоа да споменеме само некои од клучните факти:
-Сирија на Блискиот исток на Русија и овозможува геополитичко влијание.
-Сирија на Иран го прави регионална сила која има претензии да стане доминантна сила на Блискиот исток.
-Сирија претставува главна логистичка рута и клучен елемент на подршка за преостанатите елементи на анти-израелскиот отпор, вклучувајќи го либанскиот Хезболах и палестинскиот Хамас,
-Сирија се наоѓа на главниот простор по кој пат некои од идните гасоводи би требало да поминуваат, вклучувајќи го и оној Катар-Европа.
-Сириската власт е рецидив на минатото, ама и понатаму опстојува и за Западот представува крајно непожелна идеологија на Арапскиот национализам, идеологија која – со сите свои мани и вредности – можеби представува и најсилен отпор на нео-колонијализмот на овој регион.
-Сирија претставува трн во окото на сите богати арапски сунитски монархии, бидејќи е во сојуз со нивниот најголем ривал, па дури и непријател Иран.
– Турција со покорувањето на Сирија ја гледа својата историска можност за експанзија на влијанието, па можеби дури и на територии.
Тоа се само некои од причините зошто ова војна се случува, зошто се потпалува и зошто нема наскоро да заврши.
Ситуацијата денес значително е поинаква отколку пред 2 години. Денес на просторот на Сирија, односно во нејзиниот воздушен простор, дејствуваат неколку странски сили – пред сё Русија и САД, само со тоа што Русија, какошто и наведовме повикана е од страна на легитимната власт, додека САД се покана самиот себе си.
Русија и САД би можела да имаат, барем теоретски заеднички интереси, па дури и на полето на надворешната политика, ама тоа нема да се случи за многу бргу. Од 90-те наваму дошло до прекинување на доблиќувањето и од тогаш трае оддалечувањето, некаде на почетокот на овој век. Се разбира, постојат причини. Русија не би се бунила на партнерските односи со САД, ама САД сеуште е далеку од тоа.
Американската војска сеуште ја води стратегијата на доминација, а со тоа ги нарушија и поправените односи со Русија. Имено, на Русија после распаѓањето на СССР, ветени им се некои работи, како што е на пример многу важното прашање за прекинување на ширењето на НАТО пактот спрема исток, односно спрема нејзините граници. Меѓутоа се случи обратното, НАТО веќе се наоѓа на руските граници,а постојат и амбиции во тој сојуз да се вклучат уште Грузија и Украина.
Да ја скратиме приказната – Русија за САД е добар партнер само во оние габарити како што тоа САД го научил со другите земји да биде послушна. Моментот кога Русија тоа го одби бил момент кога овие сили започнале да се разминуваат.
Сега се поблиску отколку некогаш, ама не во политичка смисла, туку веќе во онаа физичка. Руските и Американските воени авиони летаат над Сирија и ги гаѓаат позициите на терористите на ИСИЛ, држејќи го едното око постојано еден кон друг.
Доколку САД и Русија беа во подобри односи, не би имало некој поголем страв, меѓутоа нивните две големи воени операции се преклопуваат во најлош момент, во момент кога нивните односи се на најнизок степен уште од времето на Студената војна. Сега, во вака ситуација, секоја блиска средба би била опасна, ама, како што видовме денес, не само за нив.
Турција е НАТО членка, а НАТО сојузот е воена организација со која de jure се управува демократски додека de facto таа е продолжена рака на американските интереси во светот.
Турција поприлично е силна држава и нема двоумеење дека таа моќ и ја дава и НАТО членството, меѓутоа истото тоа членство тоа и му го одзема. Колку пример, веќе беа пред потпишување на договор за набавка на кинески противвоздушни системи, за подоцна да се откажат заради притисокот ос трана на НАТО, односно шефовите на НАТО.
Слично е и кога зборуваме за односите помеѓу Анкара и Москва. Постојат одредени предиспозиции за соработка помеѓу овие две сили и нема сомневање дека Русија повеќе од сё би сакала Турција да ја види како самостоен актер, ама и тоа нема да може да се случи многу набрзо. Турскиот претседател Ердоган може да владее онака како што владее.
Тој самиот изјави дека не сака заради Сирија да се расипаат односите помеѓу Турција и Русија. Можеби навистина не сака, ама тие односи се рушат секој ден, а урнатиот руски СУ-24 ќе послужи како катализатор за рушење на тие односи.
Од друга страна Еврапа денес многу се плаши од Ердоган, тој во очите на европската политичка елита постанал “самничар“ со клучеви во раката, а во “самицата“ се држат милионски сириски бегалци кој тој може да ги пушти секој момен кон Европа. ( Иако Турција е таа што моментално згрижува најголем број на бегалци блиску 3 милиони, а Европа се бори со неколку илјадници). Бегалската криза во Европа се случува , појако или послабо, како што одлучува Турција, а тоа претставува огромна политичка осовина со која Ердоган може сё, па дури и да издејствува пристапница за ЕУ.
Да се вратиме на срушениот руски авион. Во моментот на пишување на овој текст сеуште нема официјални потврди,а ама ако достапните информации се точни, турската војска го урнала во турскиот воздушен простор. Москва тврди дека не е така и дека авионот е срушен над Сирија, ако тие успеат тоа да го докажат, тогаш кризата која сега започнува ќе биде уште поголема.
Сё додека нема потврда не можеме да изнесуваме факти и докази, ама можеме да шпекулираме. Што ако Турција намерно го урнала рускиот авион? Во тој случај на Русија и испраќа ваква порака: “ После сё што направивме нема да дозволиме Вие сега да го спасите Асад“ Ако е така, тогаш тоа е најостра порака која Русија некогаш ја примила во историјата на своето модерно постоење. Во тој случај може да се заклучи само една работа – се чека на поврата порака од Москва.
dubai-portal.com.mk