НЕДЕЛНА АНАЛИЗА: Необична позиција на Катар: Судир и оддалечување од земјите на GCC и приближување кон Иран

by Administrator

 

катарСё повеќе е потврдено мислењето дека петромонархиите на Персискиот залив најмногу зависат од вољата на својот голем сосед Саудиска Арабија. Навистина, земјите за Заливска соработка – Кувајт, Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати најчесто зависат од помошта и логистиката на Ријад, како и дипломатските вештини на Оман. Меѓутоа, тоа никако не значи дека овие земји немаат сопствена државност и сопствена политика. Да не е така, тие едноставно не би постоеле како независни држави под управа на едени од најбогатите семсјтва на светот. Од тука не изненадува и тоа дека поедини земји прават сопствена дипломатска агенда, настојувајќи да го зголемат својот профит во одредено конкурентско опкружување спрема останатите слични држави.

Катар секако се истакнува меѓу нив. Картата на сојузот на Блискиот исток рапидно се менува под влјание на регионалните и меѓунрдони судири. Откако е потпишан нуклеарниот договор со Иран  и откако Западот општо ги подобри односите со Иран, неколку земји во регионот започнаа да ги поместуваат-подобруваат односите со Техеран. Земјите на Персискиот залив се жалеа на ширење на иранското влијание во регионот и се обидоа да ја попречат таа новосоздадена и силна улога на соседот преку патот на Заливот.

Иран со себе носи силни револуционерни пораки, а искуството на Исламската револуција од 1979 година зборува дека цел на таквата револуција е отфрлање на монархиите како неприроден облик на власт во муслиманските земји. Покрај тоа, на Арапскиот полусотров властите  ги држат семејства кои се припадници на вехабитското учење на сунитскиот уислам ( со исклучок на Оман). Силниот верски ветер турка и една друга страна спрема слоевитата и структуирно создадениот напредок на својата доминација, што се сели во сферата на политичкото влијание на малите земји.

После потпишувањето на никлеарниот договор со Иран, некои земји од Персискиот залив, посебно Катар, настојуваа да ја намалат напнатоста и започнаа да преговараат со Иран. Имено неодамнешните ирански ставови му дозволија  на одредени земји кои се прилагодиле на одолевањето на Техеран во регионот, да размислат за своите ставови. Во Иран посебно умерените конзервативци и реформисти се склони на отварање кон арапскуте земји. Во средината на октомври лидерот на Советот за  целоходност, кое ги разгледува споровите помеѓу парламентот и Советот на чуварите, инаку еден од најдолговечните и најмоќни ирански политичари, поранешниот претседател ајатолахот Али Акбар Хашеми Рафсанџани, изјавил дека е потребно подобрувањето на иранските врски со Судиска Арабија  и дека ќе биде можно и темелно да се работи на заедничките интереси и почитување, односно на истиот облик на сваќање на односите со Западот.

Во исто време иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјавил дека целта ниту на Иран, а  ниту на Саудиска Арабија не е да си наштетат едни на други, бидејќи Иран и арапските земји се наоѓаат во ист брод кој тоне. Како и да е , после почетокот на преговорите за Сирија, каде се присутни Иран и Саудиска Арабија, особено после страотната несреќа на аџиите во Мине, односите на Техеран и Ријад дополнително се нарушија, до таа мера да двете земји си разменија остри пораки и дипломатски ноти.

Сепак, Катар не ја следи ваквата реторика. Изгледа дека Катар е подготвен на иранското приближување со Западот и дека го поздравува тој чекор, те сопствените сојузи ги прилагодил на тие големи промени на Блискиот исток. Навистина, Катар беше меѓу првите земји кои го поздравија иранскиот нуклеарен договор. Катарскиот министер за надворешни работи Халид Атија на 4 август изјавил дека договорот создал посигурен регион. Катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад ал-Тани својот говор пред собранието на Обединетите Нации на 28.септември го посветил на соработката и пристапот со Иран. Тогаш емирот изјавил декаодносите  помеѓу Доха и Техеран се развиваат и постепено растат, темелно на начелат на заедничкиот интерес и добрите соседски односи. Тој додал дека Катар се надева дека нуклеарниот договор ќе придонеси за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот на Блискиот исток, како и тоа дека неговата земја е подготвена да биде гостин на дијалогот помеѓу Иран и земјите на Персискиот залив.

Сепак, Катар стравува дека Саудиска Арабија ќе ја зголеми својата улога во регионот која се должи на саудиско-иранскиот судир кој најдобро се гледа во Јемен. Катар не ја прифати добро акцијата во Јемен. Катар од почетокот на ова година видно се дистанцира од остатокот на GCC. Откако Доха утврдила дека Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ се мешаат во внатрешните работи на Катар, овие земји ги повлекоа своите амбасадори во март ова година. Катар изразил жалење и изненадување од ваквата постапка и не ги повлекол своите амбасадори од овие земји.

Напнатоста помеѓу Катар и останатите членки на GCC се зголеми минатата година. Постои трајно уверување во Ријад и Абу Даби и Бахреин дека Катар не сака да ја намали наводно својата подршка на исламските и екстремистичките групи во регионот. Саудијците сметаат дека Катар ја вооружува Džabhat al-Nusrа, бунтовничка група во Сирија која е поврзана со Ал Каеда. Исто така Катар се обвинува и за подршка на хутите во Јемен и сега забранетото Муслиманско братство во Египет. Ал Тани наводно ветил промени во својата надворешна политика, која би станала подеднаква за сите свои соседи.

Според договорот од ноември 2013 година. Катар се обврзал дека нема да подржи никого кој претставува закана за стабилноста на GCC, било да станува збор за групи или поединци, било низ сигурносна работа или политичко влијание. како и дека нема да ги подржува непријателските медиуми. При повлекување на амбасадорите, конзервативните бастиони на Арабија напоменаа дека со жалење констатираат како Катар не ги исполнил своите обврски, и дека повлекувањето на своите претставници во ова земја е направено заради безбедноста и стабилноста. Истовремено Саудијците, помигнати од Емиратите и Бахреин, ја нагласувале потребата од посилна воена и дипломатска унија на шесте земји на GCC, меѓутоа и Оман и Катар го покажале својот најголем отпор спрема овие интеграциски настојувања.

Катар богат со нафта и гас наместо интегрирање под саудиската капа станал изразито гласен дипломатски играч. Силно го потпираше претседателот Мохамед Мурси и клучен подржувач е на исламките бунтовнички групи во Сирија. Во Катар се наоѓа седиштето на ал-Џезира, исклучително влојателна медиумска мрежа која емитува своја приграма ширум светот,а особено е позната по критикувањето на Саудиска Арабија и останатите земји на Персискиот залив. Антисаудиските програми биле главна причина заради што Ријад не имал свој дипломатски претставник во Катар од 2002 до 2008 година.

Катар воедно е и главен финансиер и дипломатски подржувач на Мусламнското братсво, исламско движење кое денес е забрането во Египет, Саудиска Арабија и Емиратите. Заради подршката на локалното исламско политичко здружение al-Islah, ова година во ОАЕ еден катарски државјанин е осуден на седум години затвор, бидејќи al-Islah претставува локална подружница на Муслиманското братство. Девет новинари на ал-Џезира исто така се обвинети во Египет пдо обвинение дека се здружиле или помагале терористичка организација, што сега претставува официјална назнака на Муслиманското братство во Египет.

Дополнителен дипломатски чекор кој предизвикува загриженост во Ријад и останатите соседни земји е токму безбедносниот и воениот договор на Катар со Иран. Кон средината на октомври новинска агенција на Исламската република објавила дека двете земји потпишале безбедносен договор за борба против криминалот на поморските граници на Катар и Иран во Персискиот залив. Потоа Катарскиот министер за надворешни работи Халид ал-Атија представил план за оснивање на дијалог помеѓу Иран и арапските земји од Персискиот залив. На почетокот на ноември катарскиот министер за култура, уметност и историска осавнина Хамад бин Абдулазис ал-Кувари во Оман се сретнал со иранскиот минстер за култура и исламското лидерство Али Џанати, каде катарскиот министер ја пренел пораката на катарскиот емир за што поскоро ширење на односите помеѓу овие две земји. Притоа е нагласено дека иранската и катарската култура, историјата и интересите се движат по иста траекторија.

Безбедносниот договор настанал на основа низата на средби и разменувања на двете земји. Уште во декември  2010 година, ирански воени коман данти пристигнале во Катар со воени бродови на Иранската револуционерна гарда како би ги започнале срњедбите и достигнале степенотна безбедносното разбирање. Како резултат од тие воени средби иранскиот амбасадор во Катар Абдулах Сохраби и воениот аташе Машалах Пурсех потпишале безбедносен договор помеѓу двете земји, притоа, покренале и низа на соработки во воени, безбедносни и економски полиња.

Освен политичките односи, двете земји истотака развиваат заеднички стопански интереси, особено во соработката на гасните полиња, Катар е свесен дека укинувањето на санкиците значи крај и на неговата привилигирана позиција спрема Иран, бидејќи Катар го прифати странското вложување во гасната индустрија. Со укинивање на санкциите се очекува дека Иран сега ќе добие значајни понуди од целиот свет. Во тој контекст, инвестициските проекти ќе бидат усмерени спрема заедничките катарско-ирански гасни полоња откако ОН и реално ги укине санкциите во вид на потполна имплементација на нуклеарниот договор, што се очекува најдоцна за шест месеци. Овие проекти захтеваат соработка и разбирање помеѓу двете земји.

Тоа разбирање е лесно и достижно бидејќи Катар не сака да биде дел од саудискиор камп во подогнување на деноминациските судири во регионот. Катар веќе има граничен спор со Саудиска Арабија и не сака да биде под влијание на Ријад, сметајќи се како подеднаков лидер во арапскиот свет. Зради тоа Катар се обидува да ги диверзифицира своите сојузи, и приближи кон Иран во обид на премостување на јазот помеѓу Иран и Западотл

Таквиот став наидува на негативни реакции во земјите на Персискиот залив, па дури и во Ирак. Некои политички групации кои имаат добри односи со Иран, како организацијата Бадр, добро го прифатија приблиќувањето на Катар и Иран, ама останатите сметаат дека Доха направила чин на предавство. Проиранскиот парламентарен блок Бадр во ирачкиот парламент со двете раце го прифати безбедносниот договор и ги повика и останатите земји на заливот да ги обноват своите односи со Иран. Тоа се разбира направено е не само заради блискоста на Бадр со Техеран по шиитска линија, туку како искажување на силата на шиитската коалиција во Ирак.

Медиумските куќи на заловските земји остро се спротивставија на катарско-иранскотто приближување, и го пренагласиле  значењето на безбедносниот догори помешу двете земји, настојувајќи да се искористи нивното постоење за зајакнување на саудиско-иранските судири. Некои медиуми пренесувале и лажби вести, како саудиските весници кои известиле дека Катар и Иран потпишале договор кој дозволува влегување на Иранската воена морнарица во катарските води, како и тоа дека ирански сили ја обучуваат катарската морнарица на иранскиот остров Кешм. Општо тие медиумски написи служат за создавање на атмосфера на страв бидејќи се обидуваат овие безбедносни договори да ги опишат како опасност за соседните земји на Катар во Персискиот залив. Темелно не непотврден и информации, медиумите во GCC  земјите тврдат дека Катар е на својот пат од американски сојузник да се претвори во ирански протекторат.

Наспроти овие медиумски претерувања на машинеријата на конзервативните арапски држави, искуството покажува дека сојузите на Блискиот истој се менуваат со промената на политичките еднаквости кои стануваат спротивставени сили во регионот, било да се тоа регионални играчи или моќни политички ентитети на своето време, а истовремено одржувајќи на ненепадната и тивка позиција. Од седудесетите тоа полека се менува. Иако безбедноста е средишен приоритет на катарската надворешна политика, диверзификацијата на својата зависност од моќните држави се пришири во подрачјата на енергентите, финасиската и политичката динамика. Како земја која настојува да ја искаже својата неутралност во надворешно политилките односи успешно се носи со промените на тие сојузи.

Ваквото гледање на Катар и годи на сите, се сврте после Арапската пролет. Неговиот неконтроверзен, мирен и квазинеутрален став преку ноќ се промени откако катарското водство избирало и менувало сојузниците во текот на Арапската пролет. Без капацитет на ресурси или искуство, Катар се фрли во центарот на обидите на револуционерните настани и се покажа дека Катар е често опасен дилетант, кој не се грижи за одржување на односите со клучните сојузници во арапскиот и западниот свет. После абдикацијата на претходниот емир Катар  тргна во преземање на контролата и воспоставување на односи кои често имале дипломатски последици.

Dubai-portal.com.mk

You may also like

Leave a Comment