Денес египестките власти во рамките на истрагата за паѓањето на рускиот патнички авион А321 над Синајскиот полуостров започнаа со процерка на камерите на египетскиот аеродром во Шарм ел Шеик.

“Проверката на камерите во Шарм ел Шеик поврзана е со сомнителните активности поврзани со паѓањето на рускиот авион , за агенциата РИА Новости изјавил извор на египетскиот аеродром.

Авионот Ербас 321 на компанијата Когалмавиа (Kogalymavia) кој полетал во раните утрински часови на 31 октомври од Шарм ел Шеик за Ст. Петерсбург, се урнал на Синајскиот полуостров. Во авионот имало 217 патници и седум членови на екипажот. Загинаа сите, а причината за несреќата сеуште не е позната.

Според некои извештаи, авионот е униште во воздух, ама руските власти тврдат дека засега не може да се зборува за терористички напд, како и тоа дека на остатоците осд авионот засега не се пронајдени траги на експлозив.
Официјален представник на египетската влада тврди дека до катастрофата дошло заради технички проблем
Меѓутоа, американските и британските власти повикувајќи сен на службени извори во разузнувачките служби на своите земји, тврдат дека авионот Ербас -321 непосредно пред полетувањето меѓу товарот била поставена експлозивна направа, која во текот на летот експлодирал и го урнала авионот.
Во средата медиумите известија дека причина за несреќата би можело да биде експлозија на мотор.
Русија ги отфрла медиумските известувања за експлозија пред паѓањето на авионот А-321.
Како пренесува агенцијата Спутник, руски извор близок со истражното доверителство изјавил дека Русија нема докази со кој би се потврдиле медиумските наоди дека експлозија на рускиот патнички авион А321 го предизвикало неговото паѓање на Синај во кој животот го загубија 217 патник и 7 членови на екипажот.
Од друга страна, медиумите наведуваат дека во текот на летот се слушнала експлозија, и дека дефект на моторот  на рускиот авион А321 нема врска со неговото паѓање.
“Податоците од “црната кутија“ на авионот Ербас А321 на компанијата Когалмавија(Kogalymavia) кој се урна на патот од Шарм ел Шеик за Ст. Петерсбург зборуваат дека паѓањето нема врска со откажување на мотор“, повикувајќи се на неимениван истражител известила телевизијата “France2”..
Звукот на експлозијата кој се догодил во текот на летот може да се слушне на снимката од “црната кутија“, пренесува “France2”. притоа цитирајќи го и истражителот кој како што тврди “  силниот звук  не бил предизвикан од дефект на моторот и дека податоците на така наречената “црна кутија“ од рускиот авион А321 збороват поинаку“.
Русија од своја страна тврди дека нема докази кои ги потврдуваат медиумските тврдења дека на рускиот А321 пред паѓањето и загинувањето на патниците и членовите на екипажот дошло до експлозија , ова е изјава на руски извор а ја пренесува Спутник.
“Прерано е да сеутврди природата на тие звуци , поготови да се тврди дека се поврзани со експлозијата. Ние немаме такви податоци“, изјавил извор за рускиот тим кој ја спроведува истрагата за паѓањето на рускиот авион во Египет.
“Ние ќе ги прашаме, се разбира и ќе побараме од  Французите и Египќаните да ни дадат конкретни податоци врз основа кои можат да ги докажат своите претпоставки“, изјавил извор.
Француската телевизија веројатно во своето информирање тргнала од тврдењата на британските и американските стручњаци кои први ја проширија веста дека за уривањето на авионот со експлозивна направа најверојатно се виновни терористи на “Исламската Држава“ или Ал Каеда.
Имено, американските резузнувачи “наводно“ слушнале “детален разговор на милитанти на огранокот на Исламската Држава после паѓањето на рускиот авион над Синајскиот полуостров“.
Американски претставници за изјавиле дека Пентагон го прислушкувал “ деталното мрморење набрзо после паѓањето на рускиот авион А321“. Наводно тоа билла комуникација помеѓу огранокот на “Исламската држава“ на Синајскиот полуостров со самопрогласената престолнина на терористичката група во сирискиот град Ракка.
Според неименувани функционери, во текот на разговорот наводно милитантите се фалеле дека тие го урнале рускиот авион.
“Очигледно тие славеа’, за  NBC News изјавиле американски претставници.
Тие исто така изјавиле дека пресретнале дополнителни комуникации кои пред несреќата предупредувале “дека на ова подрачје наскоро ќе се случу нешто големо“.
Во четвртокот американскиот претседател Обама нагласил дека изгледа се поверојатно дека терористи го урнале рускиот патнички авион.
“Ова информација позната и е на американската влада, и заради тоа претседателот ја дал ова изјава“ изјавил во петокот портпарол на Белата куќа, Џош Ернст.
Руските и египетските власти уште еднаш предупредуваат дека пред да се заврши истрагата, одбиваат препишување на вина на било кој, а во петокот претседателот Путин, на основа препорака на Федералните служби за безбедност, се сложил да ги прекинат сите комерцијални летови кон Египет.
Лидерот на државата се сложил со овие препораки. Путин на владата и упатил да пронајдат механизми за спроведување на препораките на Федералните служби за безбедност, и веднаш да се започне со враќање на сите руски граѓани“.
Заедно со американските разузнувачи, паѓањето на рускиот авион со терористичките активности на “Исламската држава“ го поврзуваат и британските разузнувачи, а познатиот аналитичар Финан Чинигам во колумна за Information Clearing House зошто тоа е така и зошто ја пласираат теоријата за подметната бомба во рускиот авион.
Finian Cunningham: Зошто британските служби пласираат теорија за подметната бомба ?
“Британските претставници направија непристоен чекор со своето предвидување за терористички заговор во паѓањето на рускиот авион на Синај. Се разбира Русија , разбирливо реагираше нервозно на тој настан, изјавувајќи дека е прерано да се даде таква проценка, посебно пред истражителите да ја завршат својата рабпта, а тие не ги собрале а камо ли да ги разгледаат доказите. Американски претставници, вклучувајќи го и претседателот Обама, исто така ги цитираат британските тврдења за бомба во авионот. Од каде такво брзање? Само на еден ден после паѓањето на рускиот авион А321, британскиот премиер Дејвид Камеон изјавил дека “ повеќе од веројатно“ е дека  причина за несреќата била бомба поставена во авионот во кој животот го загубиле патниците и членови на екипажот“, пишува Finian Cunningham.
“Британскиот министер за ндворешни работи, Филип Хаммонд, додал дека британските разузнувачи сметаат дека “ голема можност за паѓањето на рускиот авион  е поставена експлозивна направа“. Меѓутоа, нема никакви детали или докази со кои владата во Лондон би можела да ја потврди ова веројатност. Заради таквите  проценки ова недела се откажани и британските комерцијални летови од египетскиот Шарм ел Шеик.Се чини дека, американските претставници ја следат теоријата на британското тврдење за поставена бомба. На почетокот Џејмс Клапер, директор на американската Национална разузнувачка служба, на медиумите им изјавил дека малку е веројатно дека терористи се виновни за паѓањето на рускиот патнички авион. Клапер тоа не го исклучил во целост, ама се фокисирал на тоа дека многу малку е веројатно да група поврзана со Ал – Каеда да има таков проектил земја-воздух способен за гашање на авиони на големи висини“, продолжува Cunningham.
Меѓутоа, после британската проценка за поставена бомба, Американците одеднаш ја преземаат таа идеја. Претседателот Обама на пет дена после катастрофата изјавил дека верува дека постои“ сериозна можност“ дека бомба го соборила рускиот авион. Само еден ден претходно,Обама зборувал она што му пренеле американските медиуми, дека нагаѓањата за можен терористички напад се паушални. Русија нервозно реагирала на коментарите од Велика Британија и САД. Москва со право порачала дека во толку рана фаза од истрагата непримерно е да се нагаѓа за причина за несреќата. Екипа на истражители сеуште е на терен на Синсјкиот полуостров и ги испитува остатоците од урнатиот авион.
Уште потрагично, Велика Британија, која веднаш беше следена од САД, соопшти дека тврдењата за терористички напад може да се докаже со записот на податоците за летот, иако во тој момент никој точно не знаел што точно се наоѓа  во “црната кутија“, а можат да поминат и недели пред форензичката анализа да открие дали постојат хемиски остатоци од експлозив на делови од урнатиот авион, со што навистина би се докажало дека авионот бил разнесен од експлозивна направа. Постои и можност, авионот да се распаднал и заради механички дефект или пак моторот да се запалил од сопственото гориво“, пишува светскиот познат аналитичат со потекло од Ирска,  кој порано пишувал за бројни медиуми, вклучувајќи ги и The Mirror, Irish Times и Independent.
“Во ова фаза треба да се биде мирена, и со бистар мозок, а како што изгледа Британците како низгледа, не се . Подоцна и британскиот ББС се придружил на теоријата за поставена бомба и тоа повикувајќи се на неименувани  разузнувачки претставници кои изјавиле дека во рускиот авион, во просторот за багаж се наоѓала експлозивна направа“.ББС наведува и тоа дека “ истражители на британските безбедносни служби се сомневаат дека некој со пристап во одделот за багаж во авионот ја поставил експлозивната направа во внатрешноста или на врвот од багажот непосредно пред авионот да полета“. Рускиот авион паднал на 23 минути после полетувањето, дури откако ја достигнал потребната висина од 30.000  стапки ( 9.144 метра) Исто така ББС  пред  10 месеци претходно  објави дека британските власти  ги предупредиле египетските власти на лоѓата безбедност на аеродромот Шарм ел Шеик, ама истрагата на испекцијата утврдила дека Египќаните сепак ги почитувале сите мерки на безбедност.
Шарм ел Шеик е познат и како центар на британските разузнувачи кои дејствуваат на просторот на Блискиот исток, па сигурно е дека тие најдобро го познаваат овој аеродром.
Овде се поставува прашање зошто Британски и Американски претставници од висок профил изнесуваат тврдења за терористичка вмешаност во несреќата нарускиот авион? Јавните коментари на шефовите на владите имаа многу повеќе значење од еден непристоен коментар со кој сака да се исполитизира инцидентот. Ако Велика Британија имала чувствителни разузнувачки податоци за активност на терористи, сошто тогаш таа директно не ги споделила со Руската влада? Британците исто така многу едноставно можеле да ги прекинат комерцијалните летови правдајќи го тоа како безбедносни мерки. Меѓутоа, ова недела до откажување на летовите дошло во контекст на британската “теорија за терористички напад“ како со тоа да сакаат да го докажат своето тврдење.
Во тој контекст, опсежното брзање да несреќата се претвоти во трагедија за политички интерес (корист) може да се спореди со несреќата на малезискиот авион минатата 2014 година над Украина. И тогаш Британците и Американците први во јавноста излегоа со прерани тврдења за причините на несреќата и во таа пригода ја обвинија Русија или “руските бунтовници “во источна Украина.
Значи, што можат да добијат Лондон и Вашингтон со препишувањето на тероризмот како единствен виновник за  паѓањето на рускиот патнички авион? Не е тешко да се замисли, дека со голема желба посакуваат дека рускиот претседател Владимир Путин ќе мора да ја сноси политичката штета заради гневот на рускиот народ за најголемата авионска несреќа во руската историја.
Тврдејќи дека огранокот на Ал-Каеда или “Исламската држава“ на Синај го соборила рускиот авион воедно се потврдува дека наводниот напад претставува освета за руската воена интервенција во Сирија .
Руската воена интервенција во Сирија за Владимир Путин досега се покажа како политички успех.
Понатаму, воениот поход на Путин во Сирија ги попрече сите воени обиди на Вашингтон и Лондон да го соборат претседателот на Сириската држава. Тајната војна на Западот во Сирија  започната е уште пред одреден период наназа и таа  се одржува преку плаќање на одредени припаднци на различни терористички организации кои според Руските власти немаат никаква допирна точка со исламот.
Велика Британија и Америка на највисоките степени во власта и меѓу разузнувачките кругови ги копираат терористичките тврдења за “спектакуларниот“ удар против Русија. Политичката мотивација за поткопување на Путин-а е повеќе од јасна, ма без сомнение е одвратна, со оглед на животите на невините цивили. Камерон и Обама очигледно се хранеле со разузнувачката проценка за бомбата која подготвено чекала во авионот,а подметната е од страна на терористи. Меѓутоа овде има една голема работа. Ваквата проценка го отвара прашањето над сите прашања: кој се вистинските терористи, дали тоа се британските разузнувачи и МИ6 кои бината за смрта на цивилите за паѓањето на рускиот авион му ја припушале на исламскиот тероризам на Синај?“, на крајот од својата колумна за ничие докажаното тврдење на Вашингтон и Лондон за експлозивната направа како причина за паѓањето на рускиот авион се запрашува и самиот Finian Cunningham.
После паѓањето на авионот Ербас А321 Русија влезе во нова фаза на борба против тероризмот.
Во секој случај, одлуката за прекинување на воздушниот сообрачај со Египет и итната евакуација на сите руски туристи, што на препорака на ФСБ го нареди рускиот претседател Путин, речиси готово значи дека верзијата за нападот секако земена е во предвид. Во новата фаза на борба против тероризмот Русија би требала да ги развие потенцијалните врски со сојузниците, вклучувајќи ја ис Велика Британија, иако сојузот со Лондон засега изгледа речиси невозможен.
Се разбира , ова одлука на руските власти може да се објасни како дополнителна безбедносна мерка, ама во Египет, посебно во Шарм ел Шеик, постојат сериозни безбедносни проблеми кои на крајот резултираа со загинувањето на руски граѓани.
Посебно интересно во таа смисла е тоа дека само Велика Британија и Русија ги враќаат своите граѓани од Египет нез багажите, а кои летаат со приватни авиони. Ова одлука многу јасно покажува која верзија на паѓањето на А321 тајните служби ја сметаат за најверојатна.
Ваквото постапување во стварност претставува вонреден настан, бидејќи на евакуација директно од плажите се принудуваат илјадници туристи кии посакале малку време за одмор и релаксација, што политички претставува многу ризичен чекор. Меѓутоа, друга можност очигледно не постои, пишува рускиот аналитичар Евгениј Крутиков.
Како што тврди Cunningham, Лондон наводно располага со запис од телефонски разговор на терористи поврзани со “Исламската држава“. Што стои во тие записи засега никој не знае. Меѓутоа судејќи според чекорот на Лондон, овие податоци можат да бидат и веродостојни.
Меѓутоа, недостапноста на тие информации до Москва во последните неколку денови предизвикало не само изненадување, туку и бес на руското раководство. Станува збор за истрага на масакр на руски граѓани и сокривање на корисни информации од страна на Лондон, и од тука тој не може да се смета за “конструктивен партнер во борба пеорив тероризмот“.
Зради тоа руското Министерство за надворешни работи многу силно порачала дека британската страна таа информација би требало и да ја сподели.
Меѓутоа, очиглдно станува збор за меѓусебна недоверба. До последниот момент, Велика Британија и САД не даваат никакви важни информации  повзрани со “Исламската држава“ и состојбата на Блискиот Исток во целост, а посебно не на Москва. Не заради некои логични објаснувачки разузнуваќки причини, туку  тоа денес претставува дел на принцип. Состојбата денес е таква, и покрај фактот дека изгледа како постојат заеднички екипи кои се посебно дизајнирани за размена на вакви информации.
Кога британскииот премиер изјавил дека има “снимки од разговор на терорристите“, на руското негодување, британските и американските функционери се повикале на фактор дека на “физичките информации“, односно остатоците од авионот и местото на несреќата имаат само руските и египетски стручњаци и истражители.
Тоа не е во целост точно, бидејќи на истражниот тим веќе му се придружиле стручњаци од француската фабрика за виони од Тулуз, а според сите меѓународни стандарди приоритет во истрагата му припаѓа на Египет. Сето тоа го покажува нискиот степен на доверба помеѓу партиите.
Се разбира, Велика Британија наводно ги прислушкувала терористите кои се виновни за несреќата, меѓутоа Лондон само физички е соптвеник на “ записот од прислушкувањето“. Јасно е дека дури и големите МИ5 и МИ6 без довола на ЦИА не смеат да се напијат и кафе, а камоли на Русија доброволно и без надокнада да и даваат бесплати информации.
Значи, Русија, бези оглед на исходот од истрагата, веќе влезе во нова фаза на борба против тероризмот во која ќе биде принудена да направи голем чекор спрема Велика Британија. Ако кризата на недоверба помеѓу разните страни биде превладана, тоа несомнено ќе создаде друга ситуација не само во Сирија, туку и на Блискиот исток во целост, за рускиот портал Поглед со оптимизам се предвидува и ваков исход на вели рускиот стручњак Евгениј Крутиков, иако во својот текст наведува дека британските разузнувачи без дозвола на Вашингтон не смеат да отидат на кафе, а камоли да соработуваат со Русите, со што воедно се одстранува било каква можност за било каква разузнувачка соработка помеѓу Москва и Лондон.
Се разбира дека постои сериозна можност дека во право е и Finian Cunningham,, бидејќи ОБама и Камерон, без оглед што се случило, не можеле да добијат подобра можност во руската јавност да ја оцрнат интервенцијата на Путин во Сирија, која ги попречи сите нивни планови на  Влискиот Исток.
Извор: AMSI

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here