
Премиерот и претседател на АК Партијата Ахмет Давутоглу изјави дека успехот на АК партијата на повторените избори претежно е резултат на искреноста на партијата која на најочигледен начин беше манифестирана во предизборната агитација
Премиерот и претседател на АК Партијата Ахмет Давутоглу изјави дека успехот на АК партијата на повторените избори претежно е резултат на искреноста на партијата која на најочигледен начин беше манифестирана во предизборната агитација. Давутоглу додаде дека оние средини кои беа молчеливи во предизборниот период се определија за АК партијата која нудеше стабилност, мир и просперитет.
Премиерот Давутоглу апелира до останатите политички партии во земјава,на единство и рече : да ги оставиме настрана овие дискусии и да се сконцентрираме на она што не очекува во следниот период, на нашите цели кои се навистина големи. Токму затоа јас уште од сега сосема слободно можам да кажам дека владата ќе работи деноноќно, дека ќе се остави настрана употребата на јазикот на омразата, и дека Турција ќе продолжи да се развива и унапредува и да биде се повеќе слободна и подемократска. Ќе ги надминеме сите видови на поларицазија, конфликти и тензии.
Се поставува прашањето кои беа факторите кои повторно и дадоа подем на АК партијата после делумниот неуспех на изборите на 7 јуни годинава?
Најголемиот фактор тука е повторното влегување на голема врата на истакнатите личности од највисоките редови на партијата кои беа запоставени и кои поради почитувањето на цензусот од три мандати не се најдоа на изборните списоци на кандидати за пратеници, а како што беа министрите Али Bабаџаn, Бинали Јилдирим, Бешир Аталај, Бекир Боздаг, Фарук Челик, Танер Јилдиз, Мехди Екер и другите од нивниот формат.Сега тие повторно се вклучени во игра и пак ќе ги заземат најважните функции во новиот кабинет на премиерот Давутоглу.
Вториот фактор се преизборните ветувања кои беа поголеми на број и поважни за разлика од ветувањата дадени во предизборната агитација пред 7 јуни. Ветувањата им беа голема надеж на студентите, полицајците, војниците и останатите граѓани. На студентите Давутоглу им вети стипендија од 400 лири, бришење на долговите за здравствено осигурување и покачување на платите на професионалните војници и на нивните старешини за три пати.
Самиот факт што опозиционите партии не успееја да се договорат околу низа прашања како што беше на пример изборот на претседателот на парламентот беше искористено како предност од страна на АК партијата.
АК партијата за разлика од останатите партии посистематски се подготви за изборите закажани за 1 ноември. Премиерот Ахмет Давутоглу работеше повеќе и поангажирано на предизборната агитација за разлика од останатите претседатели на политичките партии.
И конечно за разлика од изборите на јуни на повторените избори на 1 ноември АК партијата усспеа да обезбеди поголема излезност на граѓаните како во земјата така и во дијаспората.










