сиријабегалци

Знаеме што претставува депопулација- одстранување или намалување на една популација преку исфрлање или униптување. Стратешката депопулација претставува истата работа само што во овој случај депопулацијата не е причина војна и разурнувања туку војната и разурнувањата се фактори преку кои се настојува да се доведе до депопулација.

Зошто некој би сакал тоа да го направи на една популација, да кажеме на жителите на една земја или регион? Самиот назив на поимот зборува сё – заради одредена стратегија. Со други зборови, некому може да му биде од интерес депопулацијата на некоја земја или тегион од едноставна причина, за истата земја или регион кои се цели на таквата стратегија бидат ослабнати.

Изгледа токму онака како што и звучу – многи дијаболично. Причина од повеќе за да се стратешката депопулација често сврстува во категорија на недокажани теории на заговор. Меѓутоа за, жал поедини теории во модерно време сё повеќе покажуваат на фактите. Дијаболично и тешко замисливо звучат и таканаречените операции под лажните знамиња, односно чекори ( често воени или парамилитарни) кои се изведуваат како намерно би се обвинила друга страна. Нечесто такви операции се изведуваат против цивилно населени, па и против сопственото население.

Во големите стратегии моралот и хуманизмот значат малку, а терминот “цивил“ нема некое посебно емотивно значење туку претставува само уште еден детал во спроведување на поедини стратегии.

Се изведуваат операции под лажни знамиња, и тоа повеќе не е тајна. Во днешно време на брз трансфер на информации ваквите податоци “истекуваат“ најчесто отколку некогаш во историјата па така благодарение на истекувањето на податоците дознавме и за минатогодишниот обид на турција за изведување на операција под лажно знаме во Сирија која би требало да биде повод за турско влегување и воена интервенција во таа земја.

И покрај фактите дека информациите “протекуваат“ на разни страни еден конкретен извор стана посебно важе во последните неколку години, и веќе целиот свет слушнал за него – Викилик. Имено, Викиликс располага со бројни службени и тајни документи на бројни земји, посебно за САД кои ги добиле од разни звиждачи.

Токму тука Викилик се поврзува со актуелната тема за стратешка допопулација. Имено, оснивачот на Викиликс Џулијан Асанж објави документи кои укажуваат на тоа дека токму во Сирија се спроведува стратешка депопулација, и дека истата е  причина за актуелниот бегалски бран во Европа.

Имено, Асанж , во разговор за новинарскиот портал ThePressProject, истакнува дека ги прегледал досегашните дипломатски дописи (преписки) и таму пронашол “ интересни шпекулации по прашањето на движење на бегалците“.

“Значи, шпекулацијата е ова: Повремено непријателите на земјата ќе се занимаваат со стратешката депопулација, со што би се намалил борбениот капацитет на Владата’, истакнал Асанж, коментирајќи ја ситуацијата во Сирија. “ Повеќето кои заминуваат од Сирија се од средната класа, бидејќи таа средна класа го знае странскиот јазик, има пари и поедини врски. Меѓутоа, во исто време инжинерите, управителите и државните службеници ја претставуваат она класа на луѓе кои им требаат на властите за да функционира државата“, рекол, тој.

“ Сириските жители се потикнуваат да побегнат од земјата во Германија, бидејќи таа (германија) порачува дека ќе прими многу бегалци, а Турција веќе прими речиси три милиони бегалци, со тоа значително ослабувајќи ја сириската власт“,изјавил Асанж.

Во документите се открива дека Сирија не е прв случај каде со стратешка депопулација се напаѓало на една земја во поновата историја-имено, во еден документ се наведува како за време на војната во Ирак, Шведска му порачала на САД дека  “примањето на ирачки бегалци е начин како тие допринесуваат“. Со други зборови, Шведска во целост ја подржа инвазијата на САДво Ирак “придонесувајќи“ на таа инвазија со начинот дека ќе прифати бегалци ( и со самото тоа трајно да го ослабне Ирак како држава).

Се разбира, некој сега ќе каже дека ова нема логика, бидејќи овие змји примарно работаат од хуманитарни причини. Меѓутоа, дали навистина е така? Како што истакнавме и претходно во текстот, овде нема премногу хуманост, ниту сочувство ниту алтруизам. Цивилите, па така и бегалците, претставуваат само сирова статистика на хартија и се користат како и каде ќе биде потребно, во б ило кој момент да се оствари поширока стратегија.

Оснивачот на Викиликс Џулијан Асанж истакнува дек е “срамотно“ тоа што САД одбива да прими бегалци од Сирија пошто Вашингтон е најмногу одговорен за тамошната ситуација. Наместо тоа бегалците во стотици илјадници бројки пристигнуваат во Европа, каде заради тоа проблемите се повеќе се зголемуваат (натрупуваат), а границите помеѓу членките на ЕУ се затвараат.

“Ова ситуација е реузлтат на американската, британската и француската политика спрема Блискиот исток заедно со однесувањето на американските регионални сојузници како што се Катар, Турција, Јордан, Израел и Саудиска Арабија“, изјавил Асанж.

Документите низ кои претходно поминал и претходно се објавени на страниците на Викиликс. Во документите се открива дека САД уште во 2006 година планирале да ја урнат власта во Сирија.

“Се обидувале сириската власт да ја направат “параноична“ настојувајчи да ги натераат да ’претерано реагираат“ заради стравот и паранојата. Се настојувало кај нив да се предизвика загрижување од можни државни удари, се настојувало да се подтикнат секташки тензии помеѓу сунитите и шиите. Се настојувало да се спречат странските вложувања во Сирија додека во исто време се финансирале разни невладини организации во Сирија кои имале за цел создавање на проблеми, користејќи се притоа со саудиската и египетската помош“, истакнува Асанж.

Асанж во коментар за онлајн весник дополнително го изнел своето видување за ситуацијата во Сирија: “ Во исто време секој обид на Асад да се бори против тероризмот и намалувањето на експанзијата на силите на ИСИЛ се презентира како демонстрација на слабост и ’ пример дека сириската власт нема полна контрола над територијата’, а сето тоа како и понатаму би се подржувало соборувањето на власта. Луѓето во Америка немаа што да добијат од сириските судири, само одредени фракции кои ја туркаат ова војна можат да веруваат дека имаат нешто за добивање на крајот. Се разбира ЦИА перципира да има профит. Тие создаваат проблем и тогаш добиваат буџет, како би го очистиле (решиле) тој проблем. Слично е и со добавувачите и производителите на оружје. Ако нема проблем тогаш им се урива буџетот, заради тоа создаваат проблеми. Вплеткувајќи се во Сирија, Вашингтон исто така води голема стратегија на слабеење на Хезболах како би овозможил се поголема контрола на Израел врз Голанската висоравнина, можеби и создавање на тампон зона како би се удрило на сириски регионален сојузник, Иран и како би се елиминирала последната руска база која СССР ја оставила надвор од својата територија , базата во Тартус, сё како што би се очистил патот за гасоводот кој од Ктар и Саудиска Арабија, преку Сирија би излегол кон Европа, а целта на тој гасовод е да му се конкурира на рускиот гас“.

Изгледа дека Асанж навистина станал и врвен познавател на геополитиката, А, како и неби, со сите тајни документи кои ги има и му стојат на располагање. Гаоводот кој го споменува можеби е и најголемата причина за војната во Сирија. САД знае дека мора да ги скршат врските кои што сеуште ги поврзуваат Русија и Европа, а најважна врска е онаа со енергетиката. Европа е зависна од рускиот гас, меѓутоа, тоа може да се промени ако се изгради овој нов гасовод. Заради тоа Сирија толку смета (пречи), и заради тоа се настојува под секоја цена на Западот да му се доведе лојална власт во Дамаск. Гасоводот преку Сирија во стварност претставува грандиозен проект кој претставува повеќе од економија, тоа е грандиозен проект со кој се нстојува на Русија да и се зададе најголем удар. На Европа би и се наредило да го купува гасот од Катар и тоа би бил губиток (загуба) која Русија не би била во можност да ја надокнади. Единствена причина зошто Европа не е сега во рамките на постоечките санкции, и укинала увозот на рускиот гас е тој што во тој случај веројатно сега сите би се смрзнувале. Алертатива нема, Русија е единствен извор кој може да ја грее Европа и да ја држи нејзината индустрија во оператива – барем засега. Ако падне Сирија и ако низ неа помине споменатиот гасовод, целата геостратешка слика и равнотежа на силите би се променила.

Стратешката депопулација на Сирија претставува само една од методите со кои долгорочно се настојува да се ослабне ова земја, како што претходно се направило со Ирак. Со губењето на средната класа, особено младите луѓе од средната класа, на Сирија веројатно и се нанесува најтежок губито од почетокот на војната. Нејзе и остануваат само сиромашните и ниско образованите, а со самото тоа – за жал и далеку склоните кон религискиот фанатизам и екстремизам против кој секуларните власти во Дамаск војуваат со години.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here