Во длабокот блато по кое газат заплаканите бегалски дечиња на ничија земја помеѓу Србија и Хрватска, умре идејата за обединување на Европа.
На бодликавата жица со која е затворена границата помеѓу Унгарија и Хрватска, членки на Европската Унија, умре обединета Европа, а токму како и на словенско-хрватската граница на која излегоа ратоборните возила на словенската војска. Во анкетите во кои граѓаните на новите членки на ЕУ се изјаснуваат против примање на бегалци-нехристијани и во пламенот кој речиси секојдневно голта по еден азил наменет за бегалците во Германија, умре концептот на мултикултурализмот и мултирелигиозноста, умре во стварност и концептот на толеранцијата и сносливоста меѓу луѓето кои и се различити, дури и тогаш кога се од иста нација, раса или вера.
Умре (Почина) Европа
Тогаш , во тие први недели, додека сеуште не проработаа заработените механизми на создавање на страв од други и поинакви, повеќето во тие бегалци гледаа несреќни лица кои бараат егзистенција и спас, бегајќи од војните и сиромаштијата, преддизвикани од последиците на политиката што Западот форсирано ја спроведува на Блискиоѕ и Средниот исток и во Африка. ( па тоа никако не се економски мигранти, туку во најдобар случај – политички). Австрија речиси беше угледен пример како треба бегалците организирано да се примаат, згрижуваат, спроведуваат понатаму, заедно со граѓаните кои спонтано доаѓале на железничката станица, носејќи им храна, облека и играчки за децата.
Меѓутоа како што не престануваше бранот на бегалци ( а еден ден и можеби ќе се дознае како и со какви механизми е покренато во ваков обем), проработаа “фабриките“ на стравот и нетрпеливоста.
Од она изјава на локланиот функционер во Хрватска дека “ не е згодно кога непознати луѓе навечер поминуваат под прозорецот“, преку изјавата на словачкиот државен функционер дека неговата земја ќе прима само христијани, “ бидејќи тука немало џамии, па муслиманите би се чувствувале неугодно“, или препотентните зборови на ноторниот унгарски премиер Орбан кој на својата земја и ја препиша улогата на “бедем на Европа и христијанството“, па се до анкетата во Полска, Чешка и уште во некои постсоцијалистички земји во кои поголемото мнозинство се изјаснува против примање на бегалци, како и најпосле – на недоманешниот собир на десното, антиевропско движење ПЕГИДА во Германија кое исто така бара да се прекине со барањето за примање на бегалци, на улиците на Дрезден изнесе десет до петнаесет приврзаници.
Надојдениот бран со сочувствување со маката на овие луѓе не прекинува, па дури и снимателката на приватната унгарска телевизија коај е снимена ( значи – непобитно докажано) како на границата му ја подметнува ногата на еден бегалец со дете во прегратката се дрзнала да изјави уште дека ќе го тужи и тој несреќен човек ( “бидејќи го менува исказот“, а за она што е снимено – кого му е гајле) и Фејсбук-от кој не ги одстранува погрдните пораки на нејзиниот профил,
А германската канцеларка Ангела Меркел соочена е со се поголем отпор на примање на бегалци, особено од баварската Христијанско-социјалната унија, ама и од социјалдемократите кои се партнери во коалицијата, повлече очајнички, а во исто време и потенцијално катастрофален потег.
.И веднаш за кратко да замине за Турција каде за една недела се одржуваат избори, да му понуди на претседателот Ердоган , да воспостави равнотежа или избалансира со брановите на бегалци.
И тоа го прави истата онаа Ангела Меркел која своевремено децидно беше против примањето на Турција во Унијата. Во она време кога Турција била и ден денес е модерна држава (каква што ја замислувал и Ататурк) во мултикултуралната и мултиконфесионалната Европа навистина местото и било тука. Меѓутоа моќната канцеларка се противеела. Денес, кога пред вратата на Европа стои се повеќе исламизирана Турција која објективно, мада не и формално раскрстила со наследството на Ататурк (вклучувајќи го и сонот за обнова на Османлиската империја), таа иста канцеларка му оди пред нозете на Ердоган, убдеувајќи го во значителна мерка во изгледите за успехот на неговата политичка опција на претстојните избори, ама и отварајќи ја вратата на Европа на големата и економски силна земја во моментот кога според некои европски аналитичари таа е се “подалеку“ од оние идеали кои кои тежнеела Европа.
Па во “ отпусното писмо“ во кое еден ден ќе биде констатирана смрт-та на Европа “ после долга и тешка болест“, и тој чекор на германската канцеларка ќе биде наведен како еден од причините на фаталниот исход. Ама, колку и да е вистина дек Германија е клучна членка на Европската Унија, толку е и вистина и тоа дека причина за смртта на Европа треба да се бара во самата Европска Унија, таква каква што е, односно каква што постана.
Па од тука некои други, ништо помалку важна причина за умирањето на Европа че ја покажуваат дека тоа била нејзината неспособност да делува како навистина да е соединета, дека дејствува заеднички. Бегалската криза на светлото на денот ја изнесе кревкоста, поточно би било да се каже “ испразнетоста на фразата за европското единство, за договорањето на единствената надворешна и безбедносна политика, Ништо од тоа не постои, и покрај силните состаноци, редовни и вонредни собири на шефови на држави и влади, со разни декларации и изјави.
Со добрата, стара Европа наместо духот на европското заедништво, шт ја вклучува и солидарноста на која Ангела Меркел безуспешно се обидува да апелира, повторно одеднаш царува добриот, стар национализам.. На дневен ред е утврдување на границите, подогнување на огради и препреки, затварање и најстрашно проповедување во неможност на соживот, и заеднички живот со оние кои се поинакви.
Парадоксално дека сето тоа неретко се случува под кринката на заштита на Европа. Бидејќи како што велат загрижените лицемери, неколку милиони иноверци ќе го сменат карактерот на нашиот континент. А дали ќе биде така? Во вкупната бројка на жители на Европа, тие (замислени) неколку милиони нема да сочинуваат ниту 2% од вкупното население, тоа се подразбира самото по себе, расподелено по цела Европа и со услов ( а тоа не е некаква нетолеранција!) да се однесуваат во склад со правилата на однесување и живеење во тие земји-домаќините. Што се однесува пак до капацитетите за примање на странци, само Западна Германија ( значи не цела!) своевремено без проблеми прими речиси еден милион така наречени гастарбајтери од некогашната поранешна југословенска федерација.
Сепак, работите се такви какви што се. САД, лија политика во голема мера кумувала со сё што денес се случува и на кои ослабнувањето на Европа одговарало од низа причини, упадливо се држат на страна.
Па Европа остана препуштена сама на себе. И таква препуштена сама на себе, таа умре (почина). Само што таа, со сите претставници во Европскиот парламент, со сите повереници и претседатели, и големиот апарат во Брисел, на тоа сеуште не е свесна па се однесува како да е жива.
За жал, – не е. Та почина (умре) во блатото (кал) во кое пропаѓаат детските ноѓиња на ничија земја, во Македонија, на нилија земја помеѓу Србија и Хрватска на оградите и бодликавата жица помешу Унгарија и Србија, односно Хрватска, пред воените коли на словенско – хрватската граница, во пламенот кој ги голта засолништата во Германија. Тоа е сликата на денешна Европа, слика која во наредните денови може само да се влоши ( доколку не се случи некое чудо). Таа слика зборува како исчезна една Европа, и каква требаше да биде, онаква каква што ја сакавме ( барем оние што знаат што е толеранција, што е соживот, што е богатсво на различност, што е заедништвото во знакот на Европа).
Таа Европа, едноставно умре (почина). Иако таа сеуште не знае.
Извор: Контрапрес