германија протест

Во Германија покрената е петиција со која се бара НАТО силите да се повлечат од ова земја како последен протест против американската доктрина на “ вековита војна“

Советникот на владата и публицист,Kristof Horstel, започнал да собира потписи за петиција со која се бара повлекување на американските и британските војски од Германија, а повеќе од 40.000 луѓе ја потпишале петицијата која е покрената од јули ова година.

Таа апелира на американскиот претседател Барак Обам и британскиот премиер Дејвид Камрон да ги повлечат своите војски од Германија.

Моментално во Германија се наоѓаат 58.000 НАТО војници, од кои 13.000 се од Велика Британија, и 42.000 од САД.

Во петицијата се наведува дека претераното воено присуство ја загрозува безбедноста на Германија.

Американската војска во Германија е распоредена после Втората светска војна како би се спречила инвазијата од страна на Советскиот Сојуз. Како изминувале годините, бројот на војниците се намалувал.

Зборувајќи во ексклузивно интервју за Спутник, авторот на петицијата Kristof Horstel, објаснил зошто смета странските војски да се повлечат од Германија.

gfnth43

“Луѓето во минатото не беа подготвени  да во голема мерка ја истераат таа војска. Сега дури и капиталистите во Германија забележаа дека  кризата со Русија постои уште од пропаѓањето на Советскиот Сојуз. Ова е прв пат после 25 години тие да дознаат дека нешто навистина не е во ред“, изјавил Kristof Horstel,

Тој додал дека властите не ги слушаат и објаснил зошто германските власти не ги слушаат оние кои повикуваат на отпор против власта на основа германскиот Устав.

“Важно е да ги добиеме своите права. САД поседуваат сили во 156 држави во повеќе од 80 бази. Луѓето протестираат бидејќи Германија не сака да биде вмешана во нови вооружени конфликти. Германците сё повеќе стануваат свесни дека Американците ја користат германска воена база Ramštajn за војни во странство“, изјавил тој.

Horstel исто така рекол дека спрема меѓународниот закон, Германија станува соучесник во било која војна која САД ја води од моментот кога Американците ќе ги испратат своите бомбардери.

 

“САД применуваат агресивна воена политика во 124 земји ширум светот од Штутгарт каде дејствува командата слична како AFRICOM или CENTCOM“.

Тој изјавил и тоа дека НАТО ги прекршил ветувањата и потрошил милијарди долари заради “дестабилизација“ на Украина и доближување на границата со Русија.

Целта на петицијата е Германија повеќе да не учествува со НАТО силите во војните кои ги води САД во странство.

“ Вистинскиот интерес на Германците и Евриојаните се измени. Овие држави сакаат силна Русија, која би можела да и пркоси на САД, бидејќи во спротивно сите ќе завршиме како робови“, изјавил Horstel.

Извор: Webtribune

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here