Анализа за сё она што се случува ширум Европа, и како после сето тоа Брисел да прогледа. Милионски турски печатени медиуми направија опсежна анализа како се чувствуваат луѓето од Гибралтар до Урал, од Рејкјавик до Истамбул.

Хуријет, во денешниот текст констатира дека сё повеќе Европјани сваќаат дека станува збор за нивните глави. Како во високобуџетните мафијашки филмови, крвник обично е некој од блиското опкружување, во кој жртвата (Европа) има целосна доверба.
Дали сето тоа е така и сега, и дали сето тоа било исто и вчера:“ главна закана за Европа не е Владимир Путин, туку оној кој во Путин-а го вперува прстот, викајќи “држете го арамијата“, е Властите да не се досетат – Соединетите Американски Држави, пишува Хуријет.
На, Балканот многумина ама и полека се потсетуваат. Во тоа им помагаат бегалците од северна Африка, средна Азија и Блискиот исток. Гледајќи ги тие огромни реки на несреќни луѓе, кои од граѓаните на Европа го извлекуваат и она најдоброто и она најлошото- заканувајќи се Европа да се откаже од своите клучни вредности кои ја прават најсоцијална, и најпросветлен континент, и од тука просечен Европјанин мора да се запраша: ( и веќе за среќа, почна да се прашува): “ Ама чекај, по ѓаволите, како започна сето ова? Кој е одговорен за преселбата на овој народ?“.

Граѓанинот на Европа, започнува себе си да си поставува нови прашања. Кој ја покрена војната во Ирак во 2003 година, кој доведе до убивање на милион Ирачани, а се под лажен изговор дека ирачкиот диктатор Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување?
Потоа, која ја покрена војната во Либија 2011, и го уби нејзиниот лидер Муамер Гадафи, после чија смрт Либија до ден денес тоне во пламен и хаосот на локалните милиции и паравоени сили?
Кој, во истата 2011 година покрена воја во Сирија против Башар ал-Асад, судир кој сеуште трае без светло на крајот на тунелот, и кој досега однел 350.000 животи и десет милиони бегалци и прогонети?
Кој ги урна секуларните мултиетнички реќими на северна Африка и Блискиот исток во корист на исламските фашисти, пред кои милиони луѓе и ден денес бегаат во Европа? Кој на арапската младост лажно и вети дека ќе им донесе демократија и човекови права, а во стварност им донесе само страдање и смрт“?. И кој на крајот на краиштата ја дестабилизира Европа?

Значи, сега многумина се прашуваат, така да нашиот аматерски истражувач, граѓанин на Европа,гледа дека сите одговори водат на едно исто место кое во денешниот свет се вика “Запад“, а притоа најчесто се мисли на ударната идеолошка и воена дланка на тоја Запад -САД.
Иако со разурнувањето- според нашите стандарди недоволно демократски, ама стабилни – општествата на Северна Африка и Блискиот исток произведија милиони на бегалци чии први бранови започнаа да пристигнуваат во Европа, Америка се оградува од последиците на тите општествени катастрофи: највисоките функционери на САД, вклучувајќи го и државниот секретар Џон Кери, ладнокрвно изјавуват дека се подготвени да примаат само неколку илјади бегалци,а за година -две, ако даде Господ, можеби и сите сто илјади ( од почетокот на војната во Сирија 2011, само 1500 Сиријци добиле дозвола за влегување во САД).
Европа станува сё послаба, ранлива и зависна од Америка. Не можеме со сигурност да утврдиме кои се целите на ваквите американски постапки, ама итекако на својата европска кожа го чувствуваме нивниот ефект: Европа станува се повеќе ранлива и зависна од Америка. Ако геополитичките стратези на Вујко Сем тоа го сакале, богами прават добра работа. Расипничко, ама квалитетно.

Извор: iBalkan









