Како и во останатите исламски земји, така и во Обединетите Арапски Емирати, денес преку низа на свечености беше одбележан Курбан-Бајрам.
Овој ден е прогласен за официјално неработен ден, како и утрешниот.
Според информациитѕе на порталот gulfnews.com, претпразничната атмосфера се чувствувала уште вчера, кога започнало уредувањето на џамиите и нивното подготвуваање за приме на верниците , исто така според законите на ОАЕ, карактеристично било и намалувањето на цените на месото кое се користи како курбан, како и друг вид на храна, односно сите производи да бидат достапни за сите.
Исто така како и секој празник вклучена била и хуманитарната организација на емиратите која во одредени делови на земјата делела храна и други намирници, со што жителите ќе можат на пригоден начин да ги поминат бајрамските денови.
Покрај тоа така не изостанувала и посетета на палатата на шеикот на Дубаи, каде на децата кои ја посетиле добивале парична бајрамска награда.
Во продолжение ви пренесуваме дел од забележаните фотографии, кои на некој начин ќе ја прикажат атмосферата низ Емиратите.

















