
Денес со пригодна свеченост во Дубаи од страна на шеикот на овој емират г-дин Мохаммед бин Рашид Ал Мактоум беше пуштен во уптреба комплексот“Family Village“, -(Фамилијарно село), наменед за деца без родители, по тој повод тој им се обрати на присутните со следната изјава:
Денес јас го отворив Family Village, институција-организација која во Дубаи ќе се грижи за децата без родители. Во Обединетите Арапски Емирати децата без родители не се сами, тие се нашите синови, нашите пријатели, нашето семејство. Моделот на семејството како село ја нагласува семејната атмосфера на обезбедување на децата со топлината на мајка, тетка, браќа и сестри. Тоа е модел за кој се надеваме дела ќе се прошири и промовира понатаму.

Светиот месец Рамазан е можност за нас да им помогнеме на децата без родители и сиромашните. Сигурен сум дека луѓето од Обединетите Арапски Емирати ќе се натпреваруваат во потполнување на оваа празнина. Кога денес се срфетнав со децата без родители, бев многу среќен и заради тоа што тука сретна и жени од овој емират кои доброволно го трошат своето драгоцено време со децата.
Овој проект претставува реализација на идејата на г-динот Мохаммед бин Рашид Ал Мактоум, со кој се предвудува помагање и организирање на животот на децата кои останале без родители. Целокупните финснаиски трошоци, за опстојувањето и развојо на ваквите институции се под надлежност на шеикот на овој Емират.
За таа цел изграден е обезбеден посебен објект каде децата без родители ке можат нормално да продолжат со животот и нивниот развој.
Аллах џ.ш да го награди за сите оние добри дела кои моментално ги прави во делот на помагање на оние (сирачиња) кои ги немаат своите најблиски особено во овие Рамазански денови. Амин!

Dubai-portal.com.mk











