(Фото галерија) ДУБАИ се подготвува за Мубарек месец Рамазан.

0
222

Како и секоја година, така и оваа Емиратите, особено Дубаи големо внимание му посветува на организацијата околу прелекувањето и прославувањето на месец Мубарек Рамазан.

Во рамките на ваквата организација, а пред се по наредба на властите на овој Емират како и останатите, во овој месец се предвидуваат посебни промени, осбено како што се, промена  на цените н голем број производи кои во тој период мора да паднат некаде од 30 до 50%, особено прехраната, за да може да биде уште подостапна во овој благословен месец, исто така превидено и поставување на одредени пултови каде што ќе можат бесплатно да се подигнуваат прехрамбени производи, се разбира неизоставно е и скратеното работно време особено за фирмите кои работаат надвор, особено градежните компании, а притоа ис исплатува целосен личен дохот (плата).

Продавниците својот декор особено го украсуваат со исламски обележја, тргнувајќи од граната (урми), мириси, книги и се друго што би можело да биде поврзано овој празник и исламот.

Исто така, во текот на овој месец Исламските институции во сите емирати организираат заеднички ифтари за голем број на припадници на исламската вероисповест, истите се одржуваат на соодветен простор и се разбира истиот е бесплатен.

Во однос на сообраќајот, се воведуваат посебни режими, особено во делот каде што се лоцирани џамиите, како не би дошло до нарушувањето при зивршувањето на теревија намаз, бидејќи од големиот број на верници, одреден број на претходно поставени теписи намаз извршуваат надвор од просторот на џамиите.

Во прилог на овој пост, ви ја прикажуваме годинешнава фото галерија од подготовките на Дубаи за месец Рамазан, а ние наскоро Ви оставуваме должни, односно Дубаи Портал, преку свои пројатели и соработници во ДУБАИ да ви го пренесе преку фотографија и видео, како изгледа месец Рамазан ов оваа држава.

    

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here