Дубаи ја доби првата “Паметна палма“

0
212
Паметна палма, станица висока шест метри која исклучиво работи на соларна енергија, денес се појави се разбира каде ако не во Дубаи.
Од вчера, сите гости на плажата на најлуксузниот хотел во Емиратите „Burdž el Arab“, ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони и таблети, додека се сончаат и уживаат во убавината на просторот и плажата околу овој хотел.

И тоа не е се- овозможен е бесплатен пристап кон интернет, информации за знаменитостите на Дубаи, правила на однесување на плажите, а посетителите ќе можат да дознаат и колку изнесува температурата на воздухот и морето.

“Smart Palm” претставува единствен самоиздржувачки уред кој работи исклучително на соларна енергија, благодарение на соларните панели, а бесплатната вај-фај конекција достапна е радиус од 53 метри.

Капацитетот на уредот е околу 50 корисници во секој момент.

Зад овој проект стои приватната фирма „D Idea“, а до крајот на годината ваквите палми во Дубаи ќе ги има на 52 места на плажите и парковите.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here