Вооружените судири на терористите и полицијата во Македонија во кој во текот на викендот погинаа 8 полицајци, а ранети се 37, додека убиени се 14 теористи, претставува дел од поширока стратегија на создавање на хаос на Балканот и можен почеток на крвави судири во Црна Гора, Србија и БиХ, тврдат белградските медиуми.
Имено, Информер дошол до “тајни податоци“ на основа исвестувањата на српските и македонските разузнувачки служби, за тоа дека следни мети на напди се Скопје, Подгорица, Херцег Нови, Белград и Бањалука.
“Имаме информација дека борбите ќе продолжат, а не е ниту исклучено дека на терористите ќе им се придружат нови, се со цел да судирите се подигнат на повисоко ниво. Покрај тоа и Србија испрати војници на границата со Македонија, бидејќи е очигледно дека создавањето на Голема Албанија претставува цел од која Албанците никогаш нема да се откажат“, изјавил министерот за надворешни работи на Република Српска Драган Лукаќ.
Извор:Нови











