Дека во Дубаи повеќе ништо не е невозможно покажува и овој објект – прво затворено скијалиште на Блискиот исток, каде можете да уживате во скијање, санкање, спуштање низ надолнини, или едноставно да се играте со снегот. Освен тоа, тука можете да се запознаете и со најновите жители на овој конплекс – пингвините! Вас ви преостанува само дилемата што прво да пробате.

Децата и родителите можат да уживаат во снежниот парк кој зафаќа површина од 3.000м2 и тој претставува најголем затворен снежен парк на светот.
Покрај сето тоа што го напоменавме, во овој фантастичен комплекс не морате да се грижите заради опрема или одговарачка облека. Имено, гостите во комплексот можат да изнајмат се што им е потребно за потполно уживање во ова чудо на технологијата и изградбата.
Тука исто така се наоѓаат и неколку угостителски објекти, па секако немојте да го заборавите а не посетите кафето Ст. Мориц на влезот од комплексот, а потрудете се да го посетете и кафето Авалаче од каде се овозможува прекрасен поглед низ снежната падина. Продавницата Сноу Про, која исто така се наоѓа на влезот на комплексот, ви нуди не само шаролик асортиман на сите видови опрема и облека туку и стручно особје подготвено на забавен начин да ве запознаат со фантазијата на зимските спортови.

На децата помали од 3 години не им е дозволен влез во Ski Dubai.
На децата над 13 години им се наплатува влезница како за возрасните.
Основната опрема вклучена е во цената. Капа и ракавици се достапни со доплата.
ЦЕНОВНИК:
Ски Пасс: Возрасни Деца (до 13 годиниа)
Ски пасс (2 часа) : 43.96 евр 37.36 евр
Целодневен Ски пасс: 60.44 евр 52.74 евр
Ценовникот важи од 1. ноември 2014 до 31.мај 2015 година.
Što je uključeno u cijenu Ski Pass-a:
Што е вјклучено во цената на Ски Пасс:
Јакна
Панталони
Скии
Скијачки чизми
Snowboard
Snowboard чизми
Скијачки стапови
Еднократни чорапи
Кацига за деца
РАБОТНО ВРЕМЕ
Недела – среда: od 10:00 do 23:00
Четврток: 10:00 – 12.00 (до полноќ)
Петок: 09:00 – 12.00 (до полноќ)
Сабота: 09:00 – 23:00
АДРЕСА
Mall of the Emirates, Sheikh Zayed Road, Dubai, United Arab Emirates
TEL: +971 4 409 4000
Dubai Portal










