Dubai Miracle Garden отворен е во 2013 година. Обично кога ќе помислеме на градини, на ум нема ниту да ни паднат сувите делови на Планетата, ама оваа градина токму е сместена во пустина.
Се протега на површина од 72.000 квадратни метри со патеки во вкупна должина од 4 километри, и содржи 45 милиони цветови . Со овој проект Дубаи сака да покаже како со наводнување од отпаднитте води може да се озелени и пустина.
Она што посебно е интересно во врска со овој врт е тоа што секоја сезона целосно се менува неговиот дизајн, така да истиот се затвара кон крајот на мај и повторно се отвара во октомври.
Од Дубаи се тврди дека ова е најубавата и најголемата градина од природно цвеќе на светот. Што мислите вие ?
Во прилог Ви прикажуваме дел од фотографии со кои уште еднаш се потврдува дека Дубаи секогаш изненадува на својот препознатлив начин.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Dubai-portal.com.mk










