комунисти ЕКСЈУ

Координативниот одбор на комунистичките и работничките партии на државите настанати на просторот на поранешна Југославија на состанокот одржан во неделата во Загреб ја усвоиле заедничката основна програма која тежи кон бескласно општество.

На состанокот се расправало за моменталната позиција на партиите, нивните искуства и програми, се со цел на изнаоѓање на заеднички позитивни искуства, кои треба да се спојат со теоријата и истите применат во пракса, известила во понеделникот Социјалистичката работничка партија на Хрватска (СРП)

Координациониот одбор формиран е во 2009 година, а негови членки освен СРП се, Југословенската комунистичка партија на Црна Гора, Културно политичкото друштво Комунист-Словенија, Сојузот на комунистите на БиХ, Партијата на Комунистите на Србија и Комунистичката партија на Македонија.

На состанокот договорено е секоја втора година по една парија да биде координатор, моментално тоа е СРП.

Во Загреб се усвоени заедничките почетни основи, а исто така истакнато е и значењето на координацијата за ефикасно работење на партијата, при што е изразена и желбата  соработка да прерасне во цврста заедничка социјација.

Задачата и целта на овие парии е тежнеењето кон бескласно општество, а нивните темели изградени се на научен социјализам-марксизам, кој е потврден со хуманистичките и цивилизациските достигнувања на човештвото, изјавил претседателот на СРП, Владимир Капуралин.

“Се бориме за непосредни и долгорочни интереси за сите работници кои живеат од својата работа и труф. Идејно и политички определени сем за социјализам како преоден систем од класно во без класно општество“, истакнал Капуралин.

Теоретските основи на делување се и прогресивните хуманистички учења за општеството и човекот ослободен од експлоатација, понижувања и сите облици на неслобода.“Ова е политичка организација на слободни луѓе“, потврдил на крај Капуралин.

Извор:ББН