Речиси милион луѓе вчера излегоа на улиците на Бразилските градови како би побарале оставка на претседателката Дилме Русеф заради лошата економска состојба во државата и големиот корупциски скандал за кој ја обвинуваат.
Како јавија агенциите, демонстрантите на улица излегле во 74 места во Бразил, а повечето од нив се собрале во економската престолнина на земјата, најголемиот град Сао Паоло, каде против претседателката учествувале околу 580.000 граѓани, соопштила полицијата, јавуваат агенции.
Како потсетува Ројтерс, птотестите ширум Бразил уследија во моментот кога земјата се соочува со политичка и економска криза, како и со корупциски скандал во државната економска компанија Petroleo Brazilieiro SA (Petrobras)кој се мери во милијарди долари.
Меѓутоа, Британска агенција, отценува дека се мали шансите претседателката Русеф откако пред три месеци го презеде по втор пат својот четиригодишен претседателски мандат дека ќе поднесе оставка или ќе биде соочена со изгласување на недоверба.
Денешните собирања на демонстрантите воглавном поминале во мирна атмосфера.
Извор:(Tanjug)








