dvs87hsdx

Околу сто американски оклопни возила пристигнале во пристаништетот во Рига. Американските војници веќе се на руска граница. Поранешниот министер за финансии, а сегашен шеф на советник на премиерката Еве Копач, Јацек Ростовски, изјави дека во Полска што побргу треба да се изградат бази на НАТО алијансата.

Според мислењето на Ростовски, ова треба да претставува одговор на постапката на Русија која го прекина учеството во зедничката комисија за Договор со конвенционалните вооружени сили во Европа.

Што е причина , а што последица? На ова прашање дописник на радиото Спутњик Леонид Сигану одговара полскиот политички аналитичар, стручњак од Европскиот геополитички истражувачки центар, Конрад Ренкас.

Треба да се издвојат неколку фактори. Како прво, постепено зголемување на бројната состојба на војската на НАТО на границата со Русија, поиточно во Балтичките земји, како и планови според кои во Украина да се испратат стручњаци и консултанти. Сето тоа не е само прекршување на одговорот кој го постигнале властите на Советскиот Сојуз и западните земји за недозволување на ширењето на НАТО на исток.

Овие активности се насочени кон предизвикување на вооружени судири помеѓу Истокот и Западот и претварање на “студената војна“ , во “жешка војна“. Станува збор за механизам на провокација…

Друг, многу важен фактор, е тоа што Пољаците се свесни за своето место во НАТО. Треба јасно да се каже дека на Пољаците речиси ги лажат 20 години. Полските власти и полските медии НАТО го нарекуваат одбрамбен сојуз.

ЗАаради тоа се поставува прашање, кога, како и со што НАТО го бранел? Тоа е агресивен сојуз чија цел е ширење на империјалистичките интереси на САД. А, како еден од примерите може да послужи поранешна Југославија.

Полска треба да одговори на прашањето дали сака да биде во офанзивен сојуз, а ако сака -против кого, со која цел и на кој начин планира да нападне.

Полска нема интереси во различните делови на светот, таму каде НАТО интервенира како би остварил американски интереси. Во интерес на Полска е да ја сочува својата безбедност и безбедноста на своите граници..

Како трето, Јан Винсент (Јацек) Ростовски не е само државјанин на Република Полска, туку и англиски поданик, исто како и поранешниот министер Сикорски.

Кариерата  Ростовски во целост е поврзана со меѓународните финансиски институции. Тоа се кругови кои заедно со воено-индустриските комплекси најмногу заинтересирани за “ жежок конфликт“.

Зошто? Ростовски за тоа отворено зборувал пред неколку години додека бил министер за финансии. Војна, и тоа војна на големи размери на финансиерите им дава можност да се сокријат, во извесна мерка да се заштитат од последиците на крахот на западниот финансиски ситем, од колапс на економскиот систем кој се базира на огромно фантазирање и доларот.

Јан Ростовски, кој формално е шеф советник на премиер, во суштина се залага за интереси на муѓународните финансиски кругови и се разбира, не е представник на полската политика и полското државно право.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here