
ВАШИНГТОН – САД и покрај се “ќе мора да преговара“ со сирискиот претседател Башар ал Асад, истакнал денес американскиот државен секретар Џон Кери.
Како пренесува ББС, Кери зборувајќи по повод четвртата годишнина од граѓанската војна во Сирија, истакнал дека конфликтот е “една од најлошите трагедии кои досега сме ги виделе“
Тој додал дека САД настојува да влијае и да убедат на Асад повторно да ги започне преговорите откако претходните две рунди на преговори доживеаја неуспех.
Во соопштение на Сириската Осперваторија за човекови права се наведува дека од март 2011 година, кога започна конфликтот во Сирија, во ова земја досега погинале вкупно 215.518 луѓе, од кои повеќето цивили, пренесе агенцијата АФП.









