Груевски на митингот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ одржа уште еден веќе слушнат говор, со истите стари фрази кои ги повторува во последниот период.
Главна мета беше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, па Груевски уште еднаш ги повторуваше многу пати слушнатите тези за странски служби и интереси.
Тој зборуваше за економијата и наводните успеси, без притоа да го спомене министерот за финансии Ставрески и неговите оценки искажани во објавените снимени разговори – каде вели дека буџетот е празен како и фамозната реплика – „Ние сме лудаци, ние трошиме за чоколада а дома немаме за леб“.
Сепак, неговиот говор не беше интересен ниту за неговите најблиски соработници, и главни ѕвезди од снимките, па додека зборуваше Груевски тие се занимаваа со своите телефони, а дел од граѓаните незаинтересирано гледаа наоколу.




Груевски рече дека нема да има нови избори, ниту пак техничка влада и повеќе пати се повикуваше на народот и големата поддршка. Тој рече и дека не го дава Зврлевски, односно нема да го прифати барањето за нов државен јавен обвинител.
Сепак, како што веќе објавивме народот присустен во салата и надвор од неа со денови наназад со закани и уцени беше повикуван на митингот. За таа цел беа ангажирани многу автобуси од сите градови низ државата.
За време на митингот, долги колони автобуси беа паркирани на скопските улици во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“.


![CAIpoKzWoAAo98y[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/CAIpoKzWoAAo98y1-405x540.jpg)
![CAInoYRWQAAGq70[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/CAInoYRWQAAGq701-540x405.jpg)




Утрово на социјалните мрежи се појавија и фотографии од автобуси кои одат кон Скопје, а патниците во рака имаат и сендвичи. Фотографиите се направени после Штип.
![10348468_10153391397066754_3701102272434811042_n[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/10348468_10153391397066754_3701102272434811042_n1-540x305.jpg)
Како што веќе објавивме, деновиве до членството и до вработените во администрацијата стигнуваа закани и уцени дека мора да присуствуваат на собирот, а за утрово од повеќе локации низ државава беше планирано да тргнат автобуси кон Скопје. Вчера наводно по општинските комитети низ Скопје се давале инструкции дека денеска заради митингот ЈСП ќе вози бесплатно на линиите кон спортскиот центар за сите, не само за пензионерите.
![11006451_10203640650125550_1116872076603581470_n[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/11006451_10203640650125550_1116872076603581470_n1.jpg)
Неофицијално, Груевски го организира собирот како одговор на трибината на СДСМ во Универзалната сала од каде „пукна бомбата“ за изборниот грабеж, како и за да покаже единство и поддршка од членството.
Настанот се организира во време кога Груевски е нелигитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот му е истечен на 6 март, а новиот Конгрес неофицијално е планирано да се одржи дури во мај во Куманово.
Фото – Либертас/Фејсбук/Твитер/А1он



![licamiting[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/licamiting1-540x309.png)


![CAIoZaiUIAADMTE[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/CAIoZaiUIAADMTE1-540x407.jpg)

![11049119_10153391396991754_5645185004785445574_n[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/11049119_10153391396991754_5645185004785445574_n1-540x453.jpg)

![Screenshot_2015-03-14-18-20-4012[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/03/Screenshot_2015-03-14-18-20-40121-324x540.png)








