Инвестиција за “најголем туристички град во југоисточна Европа“ планирана за општита Трново, која се наоѓа на 30 киломтри од Сараево, каде што живеат дури речиси 2000 жители.

САРАЕВО – Компанија од Обединетите Арапски Емирати планира да вложи повеќе од две милијарди во изградба на туристилки комплекс во околината на Сараево најавен како најголем од ваков вид, а договорот за ова е потпишан од страна на инвеститорите и локалните власти.
Директорот на компанијата “Buroj Property Development” Ismail Ahmed со својот потпис потврди дека постои подготвеност за вложување во изградбата на комплексот чија вредност е проценета на 4,5 милијарди конвертабилни марки (околу 2,3 милијарди евра).
Покрај него, потписот на овој договор го ставил и Ибро Берило, градоначалник на Општина Трново, на чија територија би се изградил комплексот најавен како “најголем туристилки град во југоисточна Европа“.
Според плановите представени на новинарите, комплексот содржи изградба на хотели, апартмански згради, и стотици станови, како и голем трговски центар со целокупна пратечка инфраструктра.
Општина Трново, која ја претставува Берило, а на чие подрачје се планира изградбата на овој комплекс, оддалечена е на само 30 километри од Сараево, југоисточно во правец на Фоча. Станува збор за област на предвоената општина Трново, која според Дејтонскиот договор е поделена, а делот кој и припаѓа на Федерацијата и каде што е предвидено да се гради овој комплекс има нешто повеќе од две илјади жители кои речиси немаат никаква работа заради тоа што целокупната индустрија е уништена, токму како и туристичките капацитети кои постоеле пред војната.
Подрачјето на ова општина ги опфаќа деловите на планината Бјелашница, позната по добрите скијачки патеки, а во близина е и Трескавица една од најубавите босанскохерцеговачки планини“
Берило на крај напоменува дека ивестицијата-проектот под име “Buroj ozon” представува историска шанса за развој кој ги надминува границите на една општина, како и тоа дека се очекува истовремена подршка и во другите области на развојот, се разбира со помош на инвестиции од Обединетите Арапски Емирати.
dubai-portal.com.mk










