Меѓународниот аеродром Дубаи минатата година регистрирал 6,1 отсто повеќе патници од 2013 година, односно 70,4 милиони, со што за првпат стана најпрометниот аеродром во светот, преземајќи го местото на лондонски Хитроу, кој лани забележа околу 68,1 милиони патници, објави CNN.
За ланскиот остварен промет и позицијата број еден во светот, претседателот на аеродромот Дубаи шеикот Ахмед бин Саед Ал Нактум нагласува дека тоа е историска пресвртница и кулминација на повеќе од 50 години двоцифрени годишни порасти на овој аеродром во Обединетите Арапски Емирати.

Целта, како што вели, е Дубаи да стане глобален светски центар, кон што се приближува благодарејќи на политиката на ‘отворено небо’, растот на пријателското бизнис опкружување и привлечноста на Дубаи како центар на трговијата и туризмот, но и растечката мрежа на поврзување заради брзото ширење на авиокомпаниите како Flydubai и правовременото инвестирање во инфраструктура.

Добри резултати аеродромот Дубаи очекува и годинава, односно понатамошен пораст на околу 79 милиони патници, а со новата планирана надградба, капацитетот на овој аеродром ќе се зголеми на 90 милиони, нагласи извршниот директор на овој аеродром, Пол Грифитс.
Dubai-portal.com.mk










