Уживајте во фацинантната виртуелна прошетка низ Дубаи

0
204

Дубаи денес е едно од најголемите светски градилишта, а од сега е возможно да уживате во виртуелна прошетка низ овој град од удобноста на вашиот дом.

Веб страната www.dubai360.com ви овозможува разгледување на стамбените, деловните, верските, туристичките и другите објекти во овој град.

“На оваа веб страна е возможно да го видите најдоброто што овој град може да го понуди. Благодарение на овој проект ќе можеме да го следиме развојот и ширењето на градот”, изјави Исмаеил Ал Хашми, менаџерот кој работел на овој проект.

Вкупно 500.000 фотографии биле потребни за креирање на оваа веб страна, а поголемиот дел се направени од крововите на згадите, како и од хеликоптерите.

“Благодарение на овој проект во Дубаи сега можете да откривате нешто ново скоро секој ден”, заклучува Ал Хашми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here