Рачно изработената огрлица, долга е 5,5 километри, и направена е од 180 килограми злато.
Таа е направена како би се обележал почетокот на 20-от Dubai Shopping Festival.
На огрлицата од 22-каратно злато работеле 60 занаетчии (златари), цели 45 дена.
Dubai Shopping Festival продолжува до крајот на јануари, а огрлицат ќе биде продадена во помали делови.
Рекордот за најдолга огрлица на светот поставен е претходно во 1999 година, токму во Дубаи и тоа на Dubai Shopping Festival.
Нејзината должина тогаш изнесувала 4 километри и 380 метри.
А, Дубаи не е Дубаи ако секогаш не изненадува и поставува рекорди. Честито !











