Имајќи го во предвид соопштението доставено до редакцијата на Дубаи Портал, од страна на претседателот на здружението Румелија Торбешки Културно Научен Центар г-дин Шериф Ајрадиноски, а кое се однесуваше на денешната изјава на реисот на ИВЗ г-дин хаџи Сулејман Еф. Реџепи, имавме можност да поразговараме за  реакцијата на оваа здружение  преку информативните медиуми врз основа претходното доставено соопштени е за јавноста.

Дубаи – Портал : Г-дине Шериф, денес во нашата редакција испративте известување-соопштение како реакција на изјавата Реисот на  ИВЗ на Р.Македонија. г-дн хаџи Сулејман Еф. Реџепи, за постоењето на Торбешите како посебна етничка заедница во рамките на Р.Македоијна. Она што посебно интересно е тоа што многу поединци , различни здруженија како и политички партии ја критикуваа изјавата на реисот, а Вие ја поздравувате со огромно задоволство. Која е причината за вашето ваков коментар ?

Г-дин Ајрадиноски :Причината ед многу едноставна. Имено реисот во дел од неговата изјава каде што вели постојат Торбеши а не “македонци муслимани“, ја потврди вистината . Сведоци сме на интензивната асимилација на торбешите од другите заедници во Р.Македонија. Таа асимилација не е од денес туку датира од многу поодамна, но за воља на вистината во последнава година сведоци сме на една поагрсеивна асимилација од страна на ВМРО-ДМПНЕ. Тоа се врши од позиција на власт , моќ со различни методи, како вработувања, ветувања на позиции и др. Истите методи на асимилација и практика ја применува нешто од порано и албанскиот партнер од власта ДУИ. Тоа би било легитимно ако со тоа не се задира во етничкиот карактер на оваа популација и асимилирање во Албанци или Македонци.

Дубаи – Портал:Во соопштението велите дека ВМРО-ДПМНЕ не ја измисли, како што вели реисот IN VITRO нацијата македонци муслимани ?

Г-дин Ајрадиноски: Точно. Во тој дел не се согласуваме со реисот , кованицата Македонци муслимани беше измислена во 1970-та година од тогашниот ЦК-СКМ на македонија, по што следеше создавањато на т.н Културни Научни Манисфестации на македонците муслимани. Ова што сега го прави ВМРО-ДПМНЕ е некој вид на повторување на тогашните комунистички и , според мое мислење погрешни политики на негирање на Торбешите.

Дубаи – Портал:Како ги коментирате вечерашните изјави на актуелните пратеници (македонци муслимани) на ВМРО ДМПНЕ и Исмаил Бојда од сојузот на исламизирани македонци ?

Г-дин Ајрадиноски: Го почитуваме правото на самоопределување на секој поединец. Впрочем тоа е право загарантирано , како со уставот на Р.Македонија , така и со голем број на меѓународни ковенции и други документи. Но, сметам и ви тврдам дека токму нашето право на самоопределување како торбеши е прекршено и тоа се прави во континуитет од сите досегашни влади на Македонија,вклучувајчи ги и тие од комунистичкиот период. Ако некој треба да е  навреден, тогаш тоа сме ние Торбешите, бидејќи секој не именува како сака, а за воља на вистината, вистинскиот исконски етноним за таа популација е токму етнонимот Торбеш која беше споменат од страна на Реисот.

Дубаи – Портал:Претседателот на Сојузот на Исламизираните Македонци побара судска разврска за ваквата изјава на Реисот ?

Г-дин Ајрадиноски: Не сум правник, и не знам по која основа би се барало било каква одговорност од реисот .Мислам дека г-динот Бојда сеуште живее и делува во духот на комунизмот, кога за искажан збор според тогашниот закон за вербален деликт се одеше на робија. Веројатно не знае дека со демократските промени на Балканот тоа веќе го нема. Очигледно некој сеуште живее во маглите на комунизмот.

Дубаи -Портал.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here