Во рамките на изборната кампања за избор на претседател на Општинскиот огранок на Демократската Унија за Интеграција, редакцијата на Дубаи Портал имаше можност на кратко да поразговара со зам.министерот за Одбрана на Р.Македонија г-дин Арбен Лабеништи.
Во прилог на овој пост Ви презентираме дел од нашиот краток разговор со г-дни Лабеништи.
Дубаи-портал: Г-дине Лабеништи изборната кампања за избор на претседател на општинскиот огранок на Струга започна, а еден од кандидати кој претендира за оваа функција сте и Вие. Кои се башите аргументи врз осноја кои ја насочувате вашата кампања со кои би ја добиле довербата од членовите на ДУИ ?
Г-дин Лабеништи: Како што знаете јас во ДУИ сум речиси околу две години и пол, од почетокот сум бил активен глас- критичар за одредени неправилности внатре во структурите во ДУИ за кои сметав дека треба да изгледаат поинаку. Како што и веќе знаете во моментов сме во избори за претседател на Општинскиот Огранок на ДУИ за Струга. Што е направено, а што не за овие осум години од владеењето на ДУИ во Струга, сигурно знаете, т.е не сакам да кажам дека ништо не е направено, нешто е направено, ама не е направено, тоа што ние можевме и што требаше да го направиме, заради тоа тука не би сакал многу да навлегувам. За подобро функционирање на ДУИ треба да се направи промена, а промената не може да ја направи една единка, туку сите заедно. Со промената се пораздбира нов концепт на политиката на оваа паритија, и се разбира тој концепт треба да вклучи покрај веќе старите постоечки членови во структури, и млади луѓе, кои според мене треба да имаат две работи, морално да се јаки (чисти), и покрај тоа професионално да се добри. Кога велам професионално, мислам на луѓе кои си ја знаат и си ја завршуваат работата како што треба, односно она што е нивната должност, без оглед на социјалната состојба, богат или сиромав. Во разговори со претдставници на повеќе ограноци јасно ми е укажано за досегашното незадоволство и потребата од тоа да се направи промена. Јас во оваа кампања својата победа сакам да ја постигнам со помош на демократски постапки и процеси, се разбира заедно со сите оние кои мислат дека демократијата е дел од општесвениот живот, се разбира живот кој треба да се подобро за сите нас, ама тоа треба да го направиме заедно.
Дубаи-Портал: Дали според досегашните Ваши информации за состојбите на општинските подограноци на ДУИ треба да се направат одредени измени, во нивните состави и начин на работење за подобрување на рејтингот на оваа партија во Струшкиов регион.
Г-дин Лабеништи: Па како и секоја политичка партија, така и во ДУИ има оредени струи, кои мислат поразлично од другите, за мене лично сметам дека треба да се направат одредени измени кои ќе донесат резултати со кои ќе се зголеми угледот и рејтингот на оваа партија. Од моите средби со представници од другите населби заедничкиот впечаток е дека токму се пројавува потреба од измени, во одредени подограноците во струшкиот регион. Односно онаму каде што според информациите кои членовите на ДУИ лично ги пројавуваа до мене и ме насочуваат за тоа каде треба да се направат тие промени, за да се подобри функционирањето на истите. И доколку тие мислат дека треба да се направат промени, како што реков и горе, тогаш таквите промени се неизбежни и истите ќе бидат направени.
Дубаи-Портал: Спомнавте дека треба да се направат промени, дали во овие ваши промени постои место и простор за вклучување на млади луѓе, го претходно биле во одредени политички партии, кои денес заради своето незадоволство кон истите сакаат да се приклучат кон оваа ваша платформа.
Г-дин Лабеништи: Јас секогаш сум отворен за соработка, се разбира и отворен кон сите оное кои не биле задоволни од останатите политички партии, или пак воопшто не биле во партија. Се разбира овде има еден исклучок, сите ние сме биле членови на партии, и понекогаш сме биле задоволни и сме пројавиле желба својот потенцијал да го искажеме во некоја друга. И тука според мене за таквите нема проблем. Меѓутоа за сите оние кои веќе биле во повисоки структури на други политички партии, и кои на директен начин и јавно ја напаѓале политиката на оваа партија (омаловажувале) сметам дека на таквите не им е местото покрај мене, односно во составите на општинските подограноци, а, за општинскиот огранок на Струга воопшто и да не зборувам.
Дубаи-Портал: И, за крај што би им препорачале на членовите на ДУИ во текот на оваа кампања за избор на претседател на Општинскиот огранок на Струга.
Г-дин Лабеништи: Па, би сакал да им порачам добро да размислат пред да се одлучат кого да подржат. Се надевам дека добро знаат што досега е сработено во овие осум години, што требало да се направи, а не се направило, освен за интересите на одредени личности. Се надевам дека оваа незадоволство на членовите на ДУИ ќе резултира со заедништо кое ќе направи промена за доброто на сите нас. И се надевам дека секој трезвено сам ќе размисли како и што треба, без разлика на притисоци кои ќе се вршат во оваа иста кампања особено при крајот кога ќе се донесува одлуката за новиот претседател. Јас ја подржувам демократијата и демократските процеси и преку нив сакам да ја постигнам целта за доброто на сите нас и политиката на ДУИ, како и нејзиното опстојување на овие делови на Струга и околината.
За крај на г-динот Лабеништи му посакавме многу успех и среќа во понатамошната политичка и професионална кариера, а тој ни вети дека во наскора пригода ќе ни биде гостин на ДТВ.
Редакција на Дубаи Портал.












