Анализирајќи ја моменталната ситуација на локалните патишта во населените места Подгорци, Лабуништа, Октиси и Боровец, притоа сметајќи дека треба да се укаже на потребата од нивно обвновување, односно поставување на нив асфалтен слој, а не привремено санирање со покривање на ударните дупки, решивме нашата нализа од состојбата на овие наши патишта, кои за жал долг временски период се запоставуваат, дали од полички или друг вид на причини истите и дене денес тапкаат во место односно повеќето започнале а не се дозавршиле.
На делот од Лабуништа, Октиси со исклучок на Боровец каде има поставено нов слој пред неколку години наназад, населбата Подгорци од 2001 година ( овде се мисли на 13годишниот период од последното поставување на асфалтен слој на половина пат), и од тогаш и покрај сите такви настојувања воопшто ниту општинските органи, како и другите надлежни организации задолжени за санирање на локални патишта и покрај настојувањата на Месната Самоуправа – Подгорци низ доставување на проекти, не вродија со плод.
Погледнете го најновото информативно издание на РЕФЛЕКСИЈА – ДТВ и потсетете се уште еднаш со кави патишта оваа наша држава сака да оди во Европа, односно по какви патишта се возиме и ден денес, за разлика од некои населби ( Општина Струга) кои имаа нови реконструирани патишта по кои во текот на денот не минуваат ниту 10-15 коли.
Е, сега дали ова со населбите Подгорци, Лабуништа, и Октиси е случајно или не останува да видиме што ќе покаже времето.
А иншала, ќе се докаже дека немало никаква политика и приоритетни населби, па некој од општинските власти, или другите надлежни органи за одржување на патишта на Македонија ќе се сетат на овие населби, дека и тука живеат луѓе кои како и другите, а можеби и повеќе си ги плаќаат сите побарувачки кон оваа наша заедничка држава, а секогаш за возврат добиваа само позитивна нула (+0).. 
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=XKI_7RcP1zY[/embedyt]
Dubai Portal.









