На Ролф Бухолц, човекот со најмногу пирзинзи на светот не му било дозволено да влезе во Дубаи каде требало да учествува на некоја хотелска презентација, јави Франс прес.
Аеродромските власти не објасниле зошто му го забраниле влезот во Обединетите Арапски Емирати на 53 годишниот Германец кој има 453 присинзи и два рога на челото.
Бухолц со првиот авион е вратен во Истанбул од каде пристигнал.
Портпаролот на хотелот каде тој требало да се појави рекол дека менаџментот сторил се за да добие дозвола за влез, но не успеале во тоа иако Дубаи важи за прилично отворен град во заливската монархија.
Со ветување дека никогаш повеќе нема да се врати во Дубаи иако багажот му останал таму, Бухолц на Твитер напишал дека конечно добил одговор зошто не му дозволен влез.
„Работниците од Одделот за емиграција мислеа дека носам црна магија, дека сум сотона“, напишал тој.
Бухолц кој работи како информатичар, во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек со најмногу пирсинзи на светот.










