И покрај не карактеристичните температури за овој период од годината, Дубаи вчера и денес е  зафатен од силно невреме проследено со дожд и ветрови.

Засега според информациите на порталот Gulf News не се предизвикани некакви материјални штети по објектите а и се разбира нема и повредени и од силните ветрови.

Покрај тоа се наведува дека  во делови на емиратите во зависност и брзината на одвод на атмосферската вода, има мал застој во сообраќајот, така да поголемиот дел од граѓаните својата комуникација со работните места или потребите од движење во градот ја извршуваат со користење на градското метро.

Неофицијално се дознава дека нестабилно време ќе преовладува и во наредните неколку дена, односно не се очекуваат некакви си големи падови и зголемување на температурите. Притоа надлежните од општината апелираат доколку граѓните се во можност да ги остават автомобилите за наредниве неколку 2-3 и за својата комуникација да ги користат услугите на градското метро.

Во прилог на овој пост Ви представуваме дел од видеото кое го забележа оваа невреме во Дубаи, а се разбира и реакцијата на посетителите (туристи) и жители на овој дел од Обединетите Арапски Емирати.

Dubai Portal.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here