“Да имаме малку страв”- Јас (не) мислам така, јас имам ст(р)ав

0
281

Да имаме малку страв

Драги Торбеши, почитувани пријатели на Торбешите, почитувани почитувани читатели.             

Сведоци сме на тоа колку една благодет, можноста да го искажеме нашето мислење во јавни медиуми како што се групите на соц. мрежа Ф. Боок , блоговите и др. средства за комуникација се претвара во спротивност. Наместо да се искаже мислење, да се размени со другиот(макар да е тоа и несогласување), да се полемизира ако треба, но на еден достоинствен, човечки, цивилизиран и ако сакате  христијански и(ли) исламски начин, гледаме се  сешто. Вулгарност, ниски удари, навреди на лична основа, фрустрирачка подмолност(најчесто од анонимни профили) и ширење негативна енергија истурена врз  “противникот” со етикетирање, плукање и навредување врз лична основа и што е најтрагично,  на етничка и верска онснова. Румелија и Торбешите(поточно некои од нив) не само што не се исклучок  од ваквите негативни појави ами претендираат да предничат во тоа. Можеби мислат дека со тоа прават нешто за својот чесен, поштен, напатен и угнетен Торбешки милет. Ги уверувам и нив и сите други дека со тоа чинат зло. Не се брани своето со плукање и навредување на своите сограѓани(Македнонци, Албанци и др.) или оние кои припаѓаат на друга конфесија(христијани, евреи идр.)

Кај нас има уште еден поголем парадоx. Имено, некои Торбеши кои се одметнале, самоодродиле и се самоасимилирале во нешто друго и сега на нив токму Торбешите им се “трн во око” па се окомиле на нас. И уште еден поголем, но не парадоx туку апсурд. Некои Торбеши не задоволни од партијата (ПЕИ) и Румелија плукаат не само по нас(ние кои се обидуваме да сториме нешто за овој обесправен и угнетен милет зад кој не стои ниедна држава или некоја друга силна институција или организација), плукаат по нашата макотрпна мисија како, можеби, единствени субјекти на општествената сцена во Р. Македонија, плукаат по нашите пријатели и подржувачи кои ги има се повеćе, плукаат по омие кои се исти како нас, нашинци (по многу нешта, дури и по маките , Помаците, Бошњаците, Гораните…

Да не бидам погрешно разбран дека сакам да ги бранам моите пријатели, челниците од ПЕИ или себе си како претседател на Румелија. Не! Место за критики има( а Бога ми јас, и критикувам и трпам критики, тоа го знаат и моите пријатели и сите кои ме познаваат подобро и можат да го потврдат) и треба и мора да има критики, ама со цел да се укаже на пропусти и грешки кои сигурен сум ги има,  зашто сите ние сме грешни, само Еден е безгрешен. Но вакви ниски, недолични и лични навреди како еден наш (не)пријател од Гостивар кој, како што спомна еден наш брат, очекувал некои привилегии од ПЕИ, не ги остварил па сега плука и по ПЕИ и по Румелија и по се што е торбешко. Дури мене лично ме прогласи за ќафири и муртад (никогаш не сме се сретнале и не ме познава) само затоа што сум се дрзнал да честитам празник на моите пријатели од христијанска веросиповест!

Уште поеклатантен и потрагичен е примерот со човекот (ако може да се нарече така) кој стои зад никот “интима интима”! Тој ник нема ниту еден пријател. Нема ниту еден статус на зид, не е член во ниедна група. Во ниедна освен во Румелија! Според неговите написи во Румелија може да се заклучи дека бил (или сеуште е) активист на Пеи. Бил во хотел Дрим на нашиот “Торбешки форум” и тн. Со каква злоба, завист и недолично навредување пишува проценете сами. Отиде дотаму во своите фрустрирачки и болни, патолошки омрази (во некакви си “трачара” писанија за нечии баби, тетки, стрини и ини глупости) да го клевети и  оцрнува еден наш Торбеш, Пријател на Румелија И мој личен пријатал, угледен грагјанин на Косово, доктор на книжевни науки, книжевник и многукратен пратеник во Собранието на Косово и министер во владата на Косово.  Еден од оснивачите на СДА, потоа на Вакат, Ватан и тн. На скоја наша покана на симпозиуми, трибини и др . културни и научни збиднувања  одговарал со свое учество без да бара ништо за возврат. Ќе повторам. Немам нијет да изигравам адвокат на пријателот, др. Садик Идризи. Ако се огрешил со законот има таму институции кои треба да го казнат. “Се продал, ги продал Торбешите”- ќе заклучи интима (не)свесен дека со тоа Торбешите, па според тоа и самиот себе си се смета за стока која може да биде продавана!!! Точно е дека и Садик и многу интелектуалци во Гора, Жупа и Призренско сметаат дека е подобро да се интегрираат во Бошњачкиот национален корпус. Некој се согласува со тоа, некој не. Боже мој! Легитимно право на ској да мисли и да се декларира како сака. Тоа е прашање на определба, избор и вкус ако сакате. Не сум склон кон она латинското Пер густум,  или поточно “De gustibus non est disputandium” (За вкусовите не треба да се расправа). Напротив за фактите не треба да се расправа, барем јас така мислам. За вкусовите, определбите и убедувањата треба да се расправа.

Ама стигматизација, дискредитација, лаги, плукања, ниски навреди.. НЕ ! Не,  затоа што тоа говори повеćе за нас самите одколку за тие што ги навредуваме. Една убава мисла беше разменувана по ф.б. “Кога луѓето те повредуваат, одново и одново за нив мисли како за гланц папир. Тие ćе те гребаат и ćе те повредат но покасно ти ќе бидеш сјаен и полиран додека тие ćе завршат како неупотревливи” ќе завршат во ѓубре!

Искрено, тоа никому не му го посакувам(да заврши во ѓубре), никому од другите етникуми и конфесии, уште помалку на муслиманите, а најмалку на моите Торбеши на кои сакам да им се обратам со едно Кур’анско начело кое ни советова со секого “да расправаме на најдобар можен начин“. Да имаме став ама да имаме и малку страв, ако не од некој друг барем од Аллах џ.ш.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here