Дубаи гради парк на тема од Кур`анот.

0
211
Сите растенија кои се споменати во Кур`анот ќе бидат достапни во огромниот парк кој го гради Дубаи, а површината ќе завзема неверојатни 60 хектари.

Сите растенија кои се споменати во Кур`анот ќе го најдат своето место во огромниот проект кој се гради во Дубаи. Станува збор за 60 хектари површина која паркот ќе го исполнува со 13 големи вртови.

Тука ќе бидат засадени околу 50 растителни видови кои се споменети во Кур`анот. Организаторите успеале да соберат 49, додека им недостасува дрвото zaqqoum, дрвото кое ќе расти во џехеннемот.

Паркот ќе поседува”Umrah” подрачје, надворешен татар, оаза и 100 метра долг тунел во кој ќе бидат сместени сцени, кои ќе ги прикажуваат чудата од Кур`анот.

Некои од растенијатаб кои ќе се најдат во паркот се: смоквата, шипинката,маслинката,пченката,лукот,кромидот,леќата,јачменот,пченицата,џумбирот,тиквата,тамариндот,седерот,грозјето,бананите босилекот и др..

Овој проект на Дубаи ќе го чини 7,3 милиони долари, а неговата цел е едукација на јавноста за чесниот Кур`ан, и неговите  убавини. Сето тоа ќе биде пропратено со аудио визуелни ефекти..

Отварањето на паркот е предвидено за  септември наредната година.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here