Во Њујорк, рачно испишаните имиња на повеќе од 20.000 палестински деца убиени во Газа се изложени на платно (покров) долго 100 метри, пренесува „Анадолу“.
Иницијативата, чија цел е поединечно да им се оддаде почит на загинатите деца, беше организирана од групи како „Лекари против геноцидот“ и „Правда за сите“; по изложувањето во Њујорк, планирано е инсталацијата да биде пренесена во Вашингтон во октомври.
Имињата на над 20.000 палестински деца убиени во Газа беа изложени во средата, 16 септември, во Њујорк, на платно долго 100 метри, како дел од меѓународен меморијален проект.
Рачно испишани имиња го покриваа „Покровот за децата од Газа“, кој беше претставен во Центарот на црквите при Обединетите нации.
Оваа иницијатива – организирана од групи меѓу кои се „Лекари против геноцидот“, „Свештеници против геноцидот – САД“, „Правда за сите“ и партнерски организации – има за цел да им оддаде почит на децата што ги загубија животите, поединечно и по име, наместо да се сведуваат само на статистика за жртви.
Оваа патувачка инсталација претходно беше изложена во Филаделфија на почетокот на месецов, а планирано е да биде прикажана и во Вашингтон во октомври.
8
